Еластичност (економија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Јазично подобрување, replaced: нумерички → бројчени
Ред 1:
'''Еластичноста''' претставува еден од основните концепти во [[Микроекономија|микроекономијатамикроекономија]]та, т.е. во теоријата на [[понуда]]та и [[побарувачка]]та. ''Еластичноста'' покажува како реагираат понудата и побарувачката на промените на факторите од кои зависат тие. Еден начин да се дефинира еластичноста е: процентуалната промена на една променлива поделена со процентуалната промена на друга променлива (позната како ''лачна еластичност'', која ја пресметува еластичноста за опсег на вредности, за разлика од ''точкестата еластичност'' која користи диференцијални равенки за пресметка на еластичноста на одредена точка на кривата на понудата или побарувачката.)

Значајна карактеристика на еластичноста е тоа што таа ''не е'' само коефициент на наклон на функцијата. На пример, една права со константен коефициент на наклон ќе има различна еластичност на различни точки. Оттаму, мерката на еластичноста е независна од мерните големини во кои се изразени цените и количествата (унци и грама, метри и милји), додека мерката на наклонот зависи од нив.<ref name="George J. Stigler 1966">George J. Stigler, ''The Theory of Price'', third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 329.</ref> Концептот на еластичноста прв го популаризирал англискиот економист [[Алфред Маршал]].<ref>George J. Stigler, ''The Theory of Price'', third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 328-329.</ref>

==Пресметка на еластичноста==
Ред 7:

===Еластичност во точка===
Вообичаената дефиниција на еластичноста е онаа според која таа претставува однос меѓу релативната промена на количеството и релативната промена на цената на производот при што се претпоставува дека двете промени се бесконечно мали. Изразено симболично, еластичноста (η) се пресметува на следниов начин:<ref> name="George J. Stigler, ''The Theory of Price'', third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 329.<"/ref>

η = ΔQ/Q : ΔP/P = ΔQ/ΔP • P/Q

каде: Q е количеството, P е цената, додека Δ е нивната апсолутна промена.

Исто така, еластичноста во точка може да се изрази и графички на следниов начин: се избира една точка на кривата на побарувачката (или понудата) и се повлекува права линија која ја допира кривата во избраната точка; со други зборови, се наоѓа тангентата на кривата на побарувачката во избраната точка; [[тангента]]та се продолжува до [[апсциса]]та (на која е прикажано количеството) и до [[ордината]]та (на која е прикажана цената); на тој начин, избраната точка ја дели тангентата на две отсечки; еластичноста во точката се пресметува како однос меѓу должината на долната и горната отсечка.<ref>George J. Stigler, ''The Theory of Price'', third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 330-331.</ref>

===Лачна еластичност===
Еластичноста во точка е применлива само ако кривата на понудата или побарувачката е континуирана линија, но не и во случаите кога се расположливи само неколку цени и количества. Во тој случај се пресметува лачната еластичност која претставува апроксимација на вистинската еластичност. На пример, ако се дадени комбинации од две цени и две количества, тогаш не може да се пресмета една еластичност, зашто постојат берзброј криви на побарувачката (или понудата) кои можат да поминат низ тие две точки. Лачната еластичност е еквивалентна на повлекувањето права линија меѓу две точки и пресметување на еластичноста во точката што се наоѓа на средината меѓу двете точки. Конкретно, лачната еластичност се пресметува со следнава формула:<ref>George J. Stigler, ''The Theory of Price'', third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 331-333.</ref>

η = (Q0 - Q1)/(Q0 + Q1) : (P0 - P1)/(P0 + P1) = (Q0 - Q1)/(Q0 + Q1) • (P0 + P1)/(P0 - P1)

каде: Q0 и Q1 се првото и второто количество, а P0 и P1 се првата и втората цена.

==Еластичност на побарувачката==
Според општиот закон на побарувачката, ако се намали цената на некој производ, потрошувачите ќе сакаат да купат поголемо количество. Процентуалната промена на бараното количество при промена на цената се нарекува ''еластичност на побарувачката'' (''elasticity of demand''). Еластичноста на побарувачката може да биде различна, т.е. во некои случаи, таа е голема, а другпат мала. Ако цената на производот се намали за еден процент, а бараното количество се зголеми, исто така, за еден процент, тогаш еластичноста на побарувачката изнесува еден; ако бараното количество се зголеми за два проценти при намалување на цената за еден процент, тогаш еластичноста на побарувачката е еднаква на два, итн. По правило, еластичноста на побарувачката е различна по должината на кривата на побарувачката: ако цената на производот е висока, тогаш еластичноста е голема, а онака како што се намалува цената на производот, еластичност на побарувачката е сè помала. Бидејќи што е висока а што ниска цена зависи од [[Општествена класа|општествената класа]] на која ѝ припаѓа потрошувачот, тоа значи дека еластичноста на побарувачката за ист производ се разликува кај богатите и кај сиромашните луѓе. На пример, еластичноста на побарувачката на месо е мала кај богатите луѓе, а голема кај сиромашните луѓе: при намалување на цената на [[месо]]то, богатите луѓе нема да ја зголемат својата побарувачка, додека побарувачката на месо ќе се зголеми значително кај сиромашните луѓе. По правило, производите со мошне различна употреба (на пример, [[вода]]та) се одликуваат со висока еластичност на побарувачката, додека еластичноста на побарувачката е ниска кај луксузните производи и кај производите што се неопходни за живот (на пример, [[леб]]от).<ref>Alfred Marshal, ''Principles of Economics''. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 102-109.</ref> Општо правило во однос на еластичноста на побарувачката е дека таа е нумеричкибројчено висока, ако за производот има блиски супститути, иако во праксата е тешко да се определи степенот на супституција меѓу хетерогените производи.<ref>George J. Stigler, ''The Theory of Price'', third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 25-26.</ref> Кога се зборува за еластичноста, може да се занемари времето, т.е. по правило, производите со висока еластичност на побарувачката на долг рок имаат и висока еластичноста на побарувачката на кус рок.<ref>Alfred Marshal, ''Principles of Economics''. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 272.</ref> Меѓутоа, кога се зборува за еден определен производ, тогаш, еластичноста на неговата побарувачка зависи од времето, т.е. на долг рок, побарувачката е поголема.<ref>George J. Stigler, ''The Theory of Price'', third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 26-29.</ref>

Еластичноста на побарувачката на еден производ во однос на промената на цената на друг проиивод се вика ''вкрстена еластичност'' (''cross-elasticity''). Таков е случајот со еластичноста на побарувачката во однос на производите кои служат како супститути (го заменуваат дадениот производ) или комплементи (се надополнуваат со дадениот производ). Притоа, вкрстената еластичност во однос на блиските супститути е позитивна, додека во однос на блиските комплементи е негативна. По правило, колку производите се поголеми супститути, толку вкрстената еластичност е повисока. На пример, еластичноста на побарувачката на определена марка [[кафе]] во однос на цената на другите марки кафе е многу висока, додека вкрстената еластичност на кафето во однос на другите [[Пијалак|пијалаци]] е помала. Бидејќи поголемиот број производи не се блиски суспститути или блиски комплементи меѓу себе, тешко е да се определи знакот или големината на вкрстената еластичност на нивната побарувачка.<ref>George J. Stigler, ''The Theory of Price'', third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 31-33.</ref>

==Значење на еластичноста==
Ако побарувачката има единечна еластичност, тоа значи дека по целата крива на побарувачката производот меѓу цената и количеството (приходот од продажбата) ќе биде еднаков. Со други зборови, независно како се менува продажната [[Цена (економија)|цена]], приходот на фирмата ќе остане непроменет. Ако пак се работи за нееластична побарувачка, тогаш при намалување на цената, количеството ќе порасне за помал процент. Оттука, ако се намали цената ќе дојде до намалување на приходот од продажбата. Спротивно, при еластична побарувачка, ако се промени цената, продаденото количество ќе се промени за поголем процент и во случај на намалување на цената, приходот од продажбата ќе се зголеми. Оваа врска меѓу еластичноста на [[Побарувачка|побарувачкатапобарувачка]]та и приходот од продажбата е прикажан во следнава табела.<ref>George J. Stigler, ''The Theory of Price'', third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 333-334.</ref>

''Табела 1. Еластичноста и приходот од продажбата''