Тројански коњ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: внесле → внеле
Ред 2:
'''Тројанскиот коњ''' претставува дел од митот за [[Тројанска војна|Тројанската војна]].
 
Според легендата, грчките војски ја опседнале [[Троја]] во продолжение на десет години, и никако не пронаоѓале начин како да ја заземат. Најпосле до израз дошла идејата на мудриот [[Одисеј]]. Делото било изработено од страна на Епеј, а идејата била на мудриот Одисеј, кој пак ја послушал на божицата [[Атена]]. Најсилните херои се засолниле во коњот, додека пак останатата армија се повлекла навидум од брегот.<ref>Хиган, Митови, Три, Скопје, 2016, стр. 78.</ref> Во меѓувреме, грчкиот шпион Синон успеал да ги убеди на Тројанците дела коњот е дар од боговите, и покрај предупредувањето кое било дадено од страна на Лаокон и [[Касандра (митологија)|Касандра]]. Така, Тројанците гигантскиот коњ го внеслевнеле зад градските ѕидини. Цела вечер Тројанците ја празнувале големата и долгогодишна победа над [[Стара Грција|Грци]]те. Но, вечерта кога сите спиеле, скриените војници ги отвориле портите на градот. По ова следувало целосно уништување на [[Троја]], секој маж или момче биле убиени, секоја жена била заробена.
 
Денеска, на местото каде некогаш се наоѓала [[Троја]], блиску до [[Дарданели]]те во денешна [[Турција]], во [[1955]] година бил изграден музеј во кој се чуваат реликви од градот, а во градината на самиот музеј има изложено дрвен коњ, кој го претставува легендарниот тројански коњ.
Ред 10:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Тројанци]]
[[Категорија:Тројанска војна]]