Скијатос: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја: Јазично подобрување, replaced: лидер → водач
Ред 33:
[[File:Skiathos satellite map.png|thumb|left|Сателитска фотографија на Скијатос]]
 
Островот има североисточен кон југозападен правец и е околу 12 километри долг и 6 километри широк во просек. Крајбрежјето е исполнето со околу 65 песочни плажи, мали заливи, ртови и полуострови. На југоисточните и југозападните делови има благи падини односно таму се наоѓаат песочните плажи, населби и објекти. Теренот е ридски, но погруб е северниот брег со највисок врв од 443 метри. На овој врв има кула за комуникации . Главен град е [[Скијатос (град)|Скијатос]] и заедно со аеродромот се наоѓаат на североисток веднаш до лагуната. Други населби по должина на крајбрежјето се Хенемос, Каливи, Тролос и Куконарис. Општината Скијатос ги вклучува и островчињата Tsougria (Цугриа), Tsougriaki(Цугриаки), Maragos(Марагос), Arkos(Аркос), Troulonisi(Трулониси) и Aspronisi(Аспрониси). Тие се расфрлени неколку километри од југоисточното крајбрежје и се јасно видливи од градот и плажите. Поголемиот остров на Скијатос е видлив од самиот град Скијатос со неговите подалечни островчиња Евбеја и Скирос. Вкупната површина на Скијатос е 50 километри квадрати. Главниот асфалтиран пат се протега сè до југоисточниот дел на островот кој се разгранува на неколку потесни патчиња кон внатрешнината на северниот брег. Обработливо земјиште го има околу сите поголеми населби на островот. И покрај малите димензии што ги поседува Скијатос сепак поради песочните плажи и шумовитиот пејзаж овој остров е доста популарна дестинација. Околу 60 години најчесто песочните плажи се расфрлени насекаде околу 44 километри до крајбрежјето. Некои од нив се Трулос, Вромолимнос, Кукунарис, Аселинос, Мегали Амос и Мандраки. Поголем дел од островот е обраснат со Алеп бор и борова шума. Во Кукунарис има и втора лагуна и плажата е доста ситна и доста популарна. Шумата на островот главно е концентрирана на југозападните и северните делови но присуството на борови дрвја е низ целиот остров.
 
== Историја ==