Алгоритам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Замена на Image:Abu_Abdullah_Muhammad_bin_Musa_al-Khwarizmi_edit.png со Image:1983_CPA_5426_(1).png (од страна на CommonsDelinker поради: file renamed, redirect linked from other project).
с Правописна исправка, replaced: едход → етход
Ред 1:
[[Податотека:LampFlowchart mk.svg|мини|десно|Прост пример за алгоритам при решевање на проблемо со расипана лампа|]]
[[Податотека:1983 CPA 5426 (1).png|мини|десно|[[Мухамед ел-Хорезми]] на советска поштенска марка]]
'''Алгоритам''' — определен број на јасно дефинирани кратки и прости инструкции за извршување на одредена задача, или решавање на зададен проблем. Пишувањето на програми може да биде тежок процес, посебно ако се прави без да се следаат добри препораки или упатства. Структурното [[програмирање]] е еден принцип за развој на програми кои го „разбива“ кодот на помали делови што соосдветствува на решавањето на сложен проблем со негово делење на поедноставни проблеми. Со овој процес се дава одредена структура на развојот на програми, од каде потекнува и името на овој пристап. Информациите кои треба да бидат процесирани од страна на програмот се чуваат во податочни структури - ''Data structures'' (''arrays, records, lists, stacks, trees'', и ''files'') поддржани од соодветниот програмски јазик. Податочните структури ги групираат податоците. Добар избор на податолни структури може да поедностави изработка на некоја програма и обратно. Изборот на податочната структура влијае на јасноста, проширливоста, брзината и мемориските побарувања за одредено програмско решение.
Ред 13:
== Ефикасност и квалитет ==
Алгоритмите треба да бидат коректни, ефикасни и лесни за имплементација. Коректноста на алгоритмите треба да се докаже (со неможност да се најде валиден влезен податок за кој алгоритмот не работи правилно, со потврда дека спротивниот алгоритам дава грешни резултати, со [[математичка индукција]]). Важно е да се разбере дека изказот “решението е очигледно“ најчесто води во заблуда и креирање на грешни алгоритми. Не постои алгоритам за наоѓање на алгоритми. Смислувањето на алгоритам е обично многу потешко од пишување на [[програм]] (за познат алгоритам). Искусен дизајнер на алгоритми е всушност експерт за ефикасност на алгоритмите. Ефикасни се оние коректни алгоритми кои за дадени влезни податоци завршуваат побрзо од други коректни алгоритми кои работат со истите влезни податоци. При тоа треба се напомене дека наоѓањето на најефикасен алгоритам не е секогаш од пресудно значење. Имено статистички гледано само 20% од кодот на даден програм се извршува 80% од времето додека тој програм е стартуван. Од тука следи дека на вкупната ефикасност на програмот значително влиае само 20% од кодот, па доволно е само тој да се оптимизира. Иако брзината на извршување на некој алгоритам реално зависи од [[хардвер]]от над кој тој се извршува, па забрзување на алгоритмот може да се постигне со негово извршување на побрз хардвер, тоа може да биде лимитирано со технички ограничувања (не постоење на побрз хардвер). Од предходнотопретходното следи, дека за да се подобрат перформансите на алгоритмот мора да се напише подобар алгоритам. За да се споредат алгоритмите потребно е да се користи модел на извршување кој не зависи од хардверот. Вообичаено се препоставува дека алгоритмите се извршуваат на хипотетички компјутер наречен “''Random Access Machine''“ или ''RAM''. При тоа се претпоставува дека:
* Секоја едноставна операција (+, *, -, =, if, call) се извршува во една временска единица.
* Јамките (циклусите), процедурите и функциите се извршуваат во онолку временски единии колку што содржат итерации.
Ред 21:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Математичка логика]]
[[Категорија:Информатика]]