Школки: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Додадена категорија
Ред 39:
== Черупки на школките ==
 
Двата капака на черупката од школката ја препокриваат десната и левата страна на животното; тие се дорзално споени (над телото) и се отвораат вентрално (под телото). Обично двата капака се слични и еднакви по големина, но кај некои форми, како [[Острига|остригите]] кои се прикрепуваат за супстратот со едниот капак, левиот (горниот) капак е поголем отколку десниот (долниот). Два мускула, наречени адуктори, поминуваат меѓу внатрешните површини на двата капака. Тие делуваат антагонистички на зглобните лигаменти со што овозможуваат школката да се затвори.
 
Поради големото разнообразие на големини, форми, површински скулптури и бои, карактеристиките на школките се од големо значење при процесот на нивна идентификација. Школките се најразлични по големина, и тоа од ситните (2  mm) школки карактеристични за членовите од слатководната фамилија [[Sphaeriidae]], па до гигантските видови од [[Tridacna]] застапени во Јужниот Пацифик, кои достигнуваат должина од преку 120  cm и можат да тежат преку 225  kg.
 
== Анатомија на школките ==
Ред 66:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Школки| ]]
[[Категорија:Мекотели]]
[[Категорија:Таксони опишани од Карл Линеј]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Школки