Ајдутство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#WPWPMK, #WPWP
с Правописна исправка, replaced: придонесло → придонело
Ред 2:
{{Османлиско-македонски војни и востанија}}
[[Податотека:Катиљ Ѓорѓи.jpg|мини|Ѓорѓи Мијаков попознат како Катиљ Ѓорѓи, Ѓорѓи Мијак, роден е во мариовското село [[Брник]] во 1875 година. За време на османлиското владеење бил познат ајдук во Мариовско. За него била напишана песната „Болен лежи Катиљ Ѓорѓи“, која на времето ја испеал [[Александар Сариевски]].]]
'''Ајдутството''' претставува најстара и најдолготрајна форма на вооружен отпор против турското ропство, кој се појавил во [[16 век]].<ref name="IMN"><small>''Историја на македонскиот народ, книга прва''. НИП Нова Македонија, Скопје, 1969.</small></ref> Ајдути станувале најчесто смелите луѓе, најчесто селаните. Биле организирани во ајдутски дружини на чело со војвода, арамбаша кој самите го избирале. Своите акции ги почнувале на [[пролет]], а на [[есен]] се засолнувале кај своите [[јатаци]]. Ајдутите најчесто организирале заседи и напаѓале ненадејно. Тие ги напаѓале и ограбувале турските феудални имоти, ги кршеле алатките, ги палеле амбарите. Против ајдутство биле организирани потери, а фатените ајдути и [[јатаци]] биле јавно казнувани. Ајдутството продолжило и се засилило и во наредните векови и било опеано во многу ајдутски народни песни.
 
Во своето дело „[[Српски рјечник]]“, [[Вук Караџиќ]] дал автентичен опис на ајдутството. Според него, ајдуците се појавиле како реакција на турската неправда и насилство. Затоа, меѓу ајдуците имало многу чесни луѓе, а на почетокот, веројатно, и некогашните благородници станувале ајдуци. Поретко, луѓето станувале ајдуци и заради одмазда, а некои ајдуци правеле злосторства и кон сопствениот народ. Притоа, ајдутството се засилувало во периодите кога турската власт била понасилна. На почетокот, ајдуците ги ограбувале турските [[Данок|даночници]], но подоцна ги напаѓале [[Трговија|трговците]] и патниците, па дури и ги ограбувале домовите на побогатите луѓе. Често, тие грабале луѓе од домовите, а потоа барале откуп од нивните роднини. На лето, ајдуците живееле во [[Шума|шумите]], а ги посетувале своите јатаци во потрага по храна. На зима, ајдучките дружини се распуштале, а ајдуците се криеле кај своите јатаци. Најчесто, ајдуците биле облечени во бечви од чоја, биле обуени во [[опинци]], а носеле сини или зелени долами и гунчиња. Особено биле препознатливи нивните фесови или свилени капи со китка од едната страна, а на градите носеле сребрени токи или сребрени [[пари]]. Најчесто биле вооружени со долга [[пушка]], две кратки пушки и [[нож]].<ref>„Песме о хајдуцима“, во: ''Хајдуци''. Београд: Народна књига, 1965, стр. 141-143.</ref>
 
==Ајдучки песни==
Ајдучките песни се далеку побројни во споредба со другите циклуси епски народни песни. Во најголем дел, тие биле забележани во [[19 век]], а некои и во [[18 век]]. Тие се многу распространети и популарни, но по уметничката вредност не заостануваат зад другите циклуси. Во ајдучките песни се прикажани непомирливото, енергично и смислено спротивставување на туѓата власт, борбеноста и вербата во конечната победа; тие се одликуваат со жива, здрава и оптимистичка атмосфера, а токму тоа придонеслопридонело за нивното брзо распространување и за широката популарност. Циклусот ајдучки песни се состои од неколку помали циклуси кои се формирале околу одделни ајдучки дружини или поединечни личности. Најпознати се песните посветени на Старина Новак за кого е формиран најцелосниот циклус ајдучки песни, кој е тематски целосно разработен и вообличен. Во него се опишани бројни ликови од [[16 век]] ([[Старина Новак]], Дели Радивој, детето Груица, Малиот Радоица, Дели Татомир, Стариот Вујадин), кои формираат идеализирана дружина која дејствува во околината на [[Сараево]] и на планината [[Романија (планина)|Романија]]. Исто така, голем е циклусот посветен на [[Бајо Пивљанин]] и неговата дружина од [[17 век]], која дејствувала околу [[Бока Которска]], а третиот голем циклус е поврзан на ајдукот [[Мијат Томиќ]] (кој дејствувал во [[Босна]]), но овој циклус не е целосно вообличен. Во ајдучките песни се опеани сите важни моменти на ајдутството: заминувањето во планината, борбите, заседите, грабежите и [[смрт]]та на главните ликови. Најпознати српски ајдучки песни се: „[[Старина Новак и кнезот Богосав]]“, „[[Старина Новак и Дели-Радивој]]“, „[[Новак и Радивој го продаваат Груица]]“, „[[Груица и Арапот]]“, „[[Стариот Вујадин]]“, „[[Костреш Арамбаша]]“, „[[Малиот Радоица]]“, „[[Зошто Бајо замина во ајдуци]]“, „[[Човек-паша и овчарот Михат]]“, итн.<ref>„Песме о хајдуцима“, во: ''Хајдуци''. Београд: Народна књига, 1965, стр. 141-145.</ref>
 
==Ајдутството како тема во уметноста==