Британска Империја: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎“Првата Британска Империја” (1583-1783 година): Исправка на име, replaced: Валтер Рајли → Волтер Рајли
Нема опис на уредувањето
Ред 152:
Британското објавување на војна против Нацистичка Германија во септември во 1939 година исто така ги вклучило и Кралските колонии и Индија но не се здружила веднаш со доминионите. Австралија, Канада, Нов Зеланд и Јужна Африка исто така набрзо и објавиле војна на Германија но Ирската слободна држава одбрала да остане законски неутрална за време на војната. По германската окупација на Франција во 1940 година, Британија и имперјата останале сами да се борат против Германија сè до влезот во Советскиот Сојуз во 1941 година. Британскиот премиер Винстон Черчил успешно се договорил со претседателот Френклин Д. Рузвелт за воена помош од Соединетите Држави, но Рузвелт сѐ уште не бил подготвен да го замоли Конгресот да ја воведе земјата во војна. Во август 1941 година Черчил и Рузвелт се сретнале и го потпишале Атлантскиот договор кој ја вклучува изјавата дека сите народи имаат право да решаваат за обликот на владеењето во земјата во која живеат. Оваа изјава била двосмислена во поглед на тоа дали се однесува на европските земји во кои Германија извршила окупација или на народите кои биле колонизирани од страна на европските нации, и подоцна Британците, Американците и нациналистичките движења различно ја толкувале.
 
Во декември во 1941 година, Јапонија спровела напади врз британската [[Малаја]], поморската база на Соединетите Држави, Перл Харбор и Хонгконг. Јапонија постепено прераснала во империска сила на Далечниот Исток откако ја поразила Кина во Првата Сино-јапонска војна во 1985 година, со што таа почналла да планира поголема сверасфера на влијание во Источна Азија под нејзино влијание. Јапонските напади врз британските и американските територии на Пацификот оставиле долготрајни последици во Британската Империја. Мислењето на Черчил на влезот на Соединетите Држави во војната било дека сега Британија има сигурна победа и дека иднината на Империјата е безбедна, но начинот на кој британците набрзина се предале во некои од колониите го нарушиле британскиот престиж како империска сила. Најголемиот дел од штетата било предавањето на Сингапур, кој важел за несрушлива тврдина и бил источниот еквивалент на Гибралтар. Британија сфатила дека нема да може да ја брани целата империја и затоа ги подтурнала Австралија и Нов Зеланд, кои биле под закана од страна на јапонските сили, да воспостават поблиски врски со Соединетите Држави, што по војната се претворило во пактот АНЗУС во 1951 година кој бил помеѓу Австралија, Нов Зеланд и Соединетите Американски Држави.
 
==Деколонизација и распад (1945-1997 година)==