Мухамед Али-паша: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Јазично подобрување, replaced: лидер → водач (3)
Ред 29:
== Рани години ==
 
Во [[1801]] година заминал за [[Османлиски Египет]], каде се водела борба за превласт меѓу [[Мамелуци]]те и [[Османлии]]те. Во таа [[анархија]], тој се држел на двете страни. Локалниот верски водач ([[улема]]) побарал на местото на валија да биде поставен Мухамед Али во [[1805]] година. Али по стапувањето на должност одлучил да ги убие мамелучките лидериводачи па во [[1811]] година ги повикал на свеченост во [[Каиро]] по повод испраќање на неговиот син во поход во [[Арабија]]. Оние кои дошле веднаш биле уапсени и погубени. По убивањето на поголемиот дел од мамелучките лидериводачи, тој им наредил на своите сили да бидат уништени и преостанатите сили на Мамелуците во [[Египет]]. По овој чекор, Египет бил претворен во регионален центар. Иако продолжил како вазалство на Османлиите, тој во суштина бил независен владетел.
 
== Реформи ==
Ред 37:
== Воени походи ==
 
Првиот негов поход бил во [[Арабија]] каде против османлиската власт се побуниле членовите на племето [[Сауд]] (идната саудиска династија Сауд), заземајќи ги светите градови [[Мека]] и [[Медина]]. Задачата за задушување на востанието му била доделена од султанот [[Махмуд II]]. Најпрвин во поход го испратил својот син [[Тусун Паша]] во [[1811]] година, но овој поход не успеал па во [[1812]] година на чело на армијата застанал самиот тој и го освоил [[Хиџаз]], но племето Сауд продолжило со побуната. По ова во поход бил испратен неговиот син [[Ибрахим Паша (Египет)|Ибрахим Паша]] каде бил заробен лидеротводачот [[Абдулах ибн Сауд]], испратен во [[Истанбул]] и погубен.
 
Во [[1820]] година самостојно, без поткрепа од Османлиите го нападнал [[Судан]] со војска од 5.000 луѓе на чело со неговиот трет син Исмаил. Овој поход бил успешен по кое била воспоставена египетска управа во Судан и која била запомнета по големата бруталност кон месното население.