Блек-метал: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Вториот бран: Правописна исправка, replaced: неколку пати → неколкупати
с →‎Не-блек метал: Јазично подобрување, replaced: лидер → водач
Ред 105:
 
== Не-блек метал ==
Не-блек метал, или христијански блек метал, се употребува како термин за опишување на музика која звучи музички слично на блек металот но каде артистите, текстовите и изгледот промовираат христијанство. Првиот албум на австралискиот бенд Horde, наречен Hellig Usvart, издаден преку Nuclear Blast Records, честопати е нарекуван првиот христијански блек метал албум, иако неговиот единствен член, познат како Анонимус, вели дека „имало и слични бендови како неговиот пред времето на Horde, дури и во Норвешка“, упатувајќи на бендови како што е Antestor, формиран ов 1990, иако пред 1993 биле дет/дум бенд со различно име, Crush Evil. Hellig Usvart предизвикал голема контроверза на блек метал сцената, и лидеритеводачите на Nucelar Blast Records почнале да добиваат смртни закани со барање да ги посочат имињата на членовите на бендовите. Името Анонимус подоцна се поврзало со Џејсон Шерлок, тапанар за бендовите Mortification и Paramaecium.
 
Многумина од блек метал сцената гледаат кон „христијанскиот блек метал“ како оксиморон. Во британскиот документарец Murder Music: A History of Black Metal од 2007, сите интервјуирани музичари рекле дека блек металот не може да биде христијански. Терминот „христијански блек метал“ влече исмевања од блек метал музичарите, на пример, Мартин Валкиер од англискиот метал бенд Sabbat искоментирал: „Христијански блек метал? И што прават тие? Градат цркви? Ги поправаат? (смеење)“. Сепак, голем број сегашни не-блек метал бендови како што е Crimson Moonlight сметаат дека блек металот сега е променет од идеолошко движење во чисто музички жанр, и дека затоа својата музика ја нарекуваат блек метал.