Атентат во џамија Јилдиз: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с →‎top: Јазично подобрување, replaced: лидер → водач
Ред 30:
'''Неуспешниот атентат''' врз османлискиот султан [[Абдул Хамид II]] бил организиран од страна на [[Ерменска револуционерна федерација|Ерменската револуционерна федерација]] во [[џамија Јилдиз]] на [[21 јули]] [[1905]] година во [[Истанбул]]. Како причина за атентатот бил т.н. [[Ерменски масакар (1894-1896)|Ерменски масакар]].<ref>The Armenian Massacres, 1894-1896: 1894-1896 : U.S. media testimony - Page 33 by Arman Kirakosian</ref> .
 
Во [[1904]] година лидеротводачот на ВМОРО [[Борис Сарафов]] во [[Женева]] се сретнал со ерменските револуционери кои го запознале за идните планови. Самиот план бил изработен од страна на [[Кристапор Микаелјан]]. Тој се снабдил со руски пасош и заедно со неговите ќерки заминал во [[Истанбул]]. Од рускиот конзулат добил билет за набљудување на реонот кај џамиајта Јилдиз. По некое време заминал за [[Софија]] каде сакал најпрвин да ги тестира направените експлозивни бомби, но на [[5 март]] [[1905]] година при подготовка на бомбите, една од нив се активирала по кое Микаелјан починал. И покрај инцидентот, планот за атентат продолжил.
 
Султанот секој петок заминувал кон џамијата Јилдиз и обично се враќал по истиот пат по кој доаѓал на петочната молитва. Ерменските револуционери планирале експлозивот да биде сокриен во кочија која требало да биде паркирана пред џамијата и експлозивот да се активира кога султанот ќе ја напушти џамијата. Кочијата била управувана од Зарех, учесник во зазимањето на отоманската банка. Кога кочијата пристигнала пред џамијата Зарех го поставил тајмерот за планираните 42 секунди според кој султанот требало да се приближи, но султанот се задржал во разговорите со шејк ул-исламот<ref>Assembly of Turkish American Associations (ATAA): [http://www.ataa.org/reference/myth/party.html Armenakan, Hunchaks and Dashnaktsutiun: Revolutionary Parties; Terror as Method. Nationalism Spreads From the Church to Secular Organizations]</ref>. Бомбата била фрлена врз султанот но тој останал неповреден, а од експлозијата загинале 26 луѓе на султанот, самиот атентатор а повеќе од 50 биле повредени.