Гоце Чанкуловски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: flagicon → знамеикона (2)
Нема опис на уредувањето
Ред 27:
Гоце Чанкуловски е роден на 6 мај 1962 година во селото [[Љубанци]] на [[Скопска Црна Гора]]. Тој беше горд на своето име кое има силно препознавање во македонската историја. Родното [[Љубанци]] беше за него омилено место. Кога започна [[Воен конфликт во Македонија, 2001|воениот конфликт во 2001 година]], за состојбите и иднината на земјата долго време муабетел со неговите родители согласувајќи дека без слободна и стабилна Македонија нема иднина и перспектива за младите. За овие цели, Гоце го прифаќа татковинскиот позив. Пред да започне воениот конфликт, Гоце беше машински техничар, подолго време вработен во одделот „Пумпи“ во Металскиот завод во Скопје. Кога му изврвиле 30 дена по мобилизацијата, раководителот му испратил порака веднаш да се врати на работа, бидејќи неговата машина стои и не дава друг да ја ракува, но Гоце морал да остане уште 30 дена во рововите по Црногорието. Можел да си замине, но командантот ги застрашувал резервистите дека тоа ќе биде третирано како самоволие, и подоцна, кога повторно ќе ги мобилизираат, ќе ги испратат подалеку, во [[Тетовско]] или [[Кумановско]].<ref>„Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 175 – 178.</ref>
 
Гоце си доаѓаше дома на три - четири месеци, по два, три часа да се искапи и преслече. За ситуацијата на теренот и за тоа што работат, на своите најблиски воошто не сакаше да разговара. Велеше: ''Како за сите, така и за мене''. Во разговор само еднаш се опуштил кога биле заедно со неговиот братучед [[Томе Бадаревски]], кои подоцна заедно ќе загинуваат, и кажал дека кога одат на позиции, по рововите низ планината и кога се враќаат од таму кон одмаралиштетоодморалиштето на крајот од селото, никогаш не користат возило. Постоела опасност од поставени мини по патот, па оделе пеш и затоа подобро им било во патики отколку во цокули. Последен пат дојде на 9 август пред стемнување. Претрчал до селската продавничка, да си купи цигари, и да си ги види родителите.
 
Кога требаше да се врати дома, на 10 август 2001, кај [[Љуботенски Бачила|Љуботенските Бачила]], од подметната мина и друг експлозивен материјал настрада Гоце заедно со братучед му Томе Бадаревски и други шест војници. Гоце Чанкуловски и [[Томе Бадаревски]] биле први братучеди од две сестри, блиски како браќа. И во смртта останале заедно. Се качиле последни во камионот што требало да се спушти кон Љубанци. Всушност, трчале за да го стигнат и да се качат и тие, иако дотогаш постојано си доаѓале пеш дома. Откако ќе и се оддолжи на државата Гоце планирал да се ожени. Неговите родители тоа не го дочекаа. Чанкуловски постхумно е одликуван со [[Медал за храброст (Македонија)|медал за храброст]] од [[Претседател на Македонија|Претседателот на Р. Македонија]].<ref>{{Наведена мрежна страница|date=17 август 2012|url=http://www.mkd.mk/52147/makedonija/medal-za-hrabrost-za-vojnici-na-arm|title=Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија|publisher=MKD.mk}}</ref>