Иларион Мегленски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поврзница
с Јазично подобрување, replaced: еретици → кривоверци (6), Еретици → Кривоверци
Ред 6:
 
==Борба со ересот==
Во Меглен во [[12 век|XII век]] живееле многу следбеници на [[богомилство|богомилското]], павликијанското и манихејското учење, кои од црквата се осудени како ереси. По смртта на македонскиот [[цар Самуил]], Меглен во [[1015]] година го зазел византискиот цар [[Василиј II]] и таму населил многу [[Сиријци]], [[Ерменци]] и [[Печенези]]. Иларион по стапувањето на чело на мегленската епархија веднаш започнал отворена борба со еретицитекривоверците, како што е опишано во житието на свети Иларион од трновскиот патријарх Евтимиј ([[1375]]-[[1417]])<ref>''Obolensky, The Bogomilss, p.164, note I ''</ref>.
 
Кога Иларион дошол во соборната црква во Меглен, веднаш ги целивал иконите кои богомилите и други иконоборци не ги почитувале. Потоа, во својата беседа го повикал населението да ја држи православната вера; да ги извршуваат Господовите заповеди; да го следат само она што им е заповедано на православните и да бегаат од секоја ерес. Да веруваат во неразделната [[Света Троица]] (некои христијани верувале дека Бог и Христос суштински се различни), во Христовото воплотување и во Животворниот Крст (кого некои христијани го сметале за омразено орудие со кое Исус бил убиен). Да ги почитуваат светите мошти на Светителите (што некои го сметале за суеверие). Да ги држат сите преданија на Црквата (богомилите многу црковни преданија ги сметале за отстапување од изворното христијанство), а да ги колнат сите еретицикривоверци (кои многу жители на Меглен ги почитувале): Ариј и Евномиј, Савелиј и Македониј, Аполинариј и Ориген и нивните списи, Теодор Мопсуестиски и Несториј – неговиот ученик, Диоскор и Севир и Евстатиј и сличните со нив, и уште Маниј и Павле Самосатски.
 
Еден ден богомилите со Иларион поведеле расправа за верата. Тие го прашале: „Ние сметаме дека добриот Бог е творец на небото, а злиот (бог) – творец на земјата. Зошто вие се противите на тоа?” Иларион им одговорил: „Во Светото Писмо пишува: Господова е земјата и сѐ што е на неа.” Богомилите рекле дека Стариот Завет е од ѓаволот. На тоа Иларион одговорил: „Кога Стариот Завет би бил од ѓаволот, зарем Христос би рекол дека прва и најголема заповед е: „Чуј Израилу, Господ е единствениот твој Бог.”
Ред 16:
По многу различни аргументи, на кои Иларион одговарал со цитати од Светото писмо, тој најпосле ја завршил расправата со повик собраните да се крстат: ''„Согледајте ја темнината во која се наоѓате, оставете ја суетата и лагата, познајте ја Вистината и осветлете се со нејзината светлина. Пристапете затоа во Соборната Црква и примете крштение од Светиот Дух за отпуштање на гревовите.”'' Многу присутни веднаш биле крстени и откако се откажале од својата претходна вера, пристапиле во Соборната Црква.
 
Кога го виделе покрстувањето на својот народ, нивните старешини почнале да го навредуваат Иларион и го нарекувале лажливец и измамник. Иларион го нарекол нивното учење зло, безбожно, хулно и безумно. ЕретицитеКривоверците разгневени зграбиле камења в раце и немилосрдно го каменувале Иларион додека тој не паднал на земја, па мислејќи дека е мртов – го оставиле. Кога Иларион се освестил, станал и отишол во својата келија, зашто местото на кое го каменувале било далеку од градот. Кога дознале за ова недело, собор православни луѓе еднодушно одлучиле да ги нападнат еретицитекривоверците и до крај да ги истребат. Но, Иларион им го забранил тоа, говорејќи: ''„Не, деца мои, не – туку паметете ги Господовите зборови кажани на Петар: „Врати го својот меч во корицата, зашто секој што меч зема, од меч и ќе загине.”'' А кога закрепнал од добиените рани, Иларион продолжил да држи беседи и да ги крштева еретицитекривоверците, воведувајќи ги во Соборната Црква.
 
Друг пат повторно некои дошле кај Иларион, говорејќи дека и тие православно мислат и дека ги држат сите црковни преданија. На нив Иларион им одговорил: „Соборната Вселенска Црква сѐ добро примила од очевидците на Божјиот Син – светите Апостоли и сѐ што ѝ е предадено таа неколебливо го држи до денес. Тоа и вие Ермените сте го држеле до Четвртиот вселенски собор во Халкидон. Од тогаш сте се одделиле од Соборната Црква.” Тогаш некои од собраните христјани му напомнале на Иларион дека православната Црква многу Христови преданија изменила и дека многу обичаи не се како некогаш. Иларион на тоа им одговорил: „Затоа што Христос многу нешта поинаку ги предал, а Апостолите и наследниците направиле тие работи да се вршат поинаку, бидејќи верата се ширеше и тие ги распространуваа Христовите тајни. Така, на пример, кога Христос требало да се крсти – не се свртел на запад, ниту со зборови се одрекувал од сатаната, ниту го изговорил Символот на верата, ниту имало потреба од молитвата при крштевањето, ниту се крстил во крстилница, ниту со миро бил помазан, ниту веднаш по крштението се причестил со Господовото тело и Неговата крв, а ние сега сето тоа го правиме. Или пак, Христос не ја предал причеста по црквите, туку во заедничка соба на општа трпеза, а не бил ни облечен во свештенички одежди, ниту ги изговарал молитвите на нашето свештенодејство, а ние и служби вршиме во црквите и стоиме облечени во архиерејска одежда, зашто сакаме чинот на службата да го направиме поубав и пречесен.”
 
Византискиот император [[Мануил I Комнин]] го почитувал епископ Иларион, му испраќал различни дарови и друго што му беше потребно. Иларион придонел меѓу еретицитекривоверците да настанат спорови и препирки секој ден, зашто едни ги фалеа неговите зборови, а други ја бранеа својата вера. И сѐ повеќе павликијани и богомили ја прифаќаа Православната вера. Гледајќи како се одвиваат работите, императорот Мануил беше многу задоволен и му напиша писмо на Иларион; целата богомилска ерес до крај да ја очисти од христијанското стадо, сите што ќе се покорат на догматите да бидат примени, а оние што не ќе се покорат – да се прогонат некаде далеку. И многу луѓе, кога го слушнаа тоа, од страв пристапија во Православната црква. А Иларион на местото каде што порано се собирале еретицитекривоверците со своите монаси изградил црква во име на славните Апостоли. И многу следбеници на богомилското учење приброил кон православното стадо, а оние кои останале непокорни на разни начини биле истерани и прогонети.
 
==Смрт==
Ред 55:
[[Категорија:Луѓе од Охрид]]
[[Категорија:Македонски светци]]
[[Категорија:Странски членови на БАН]]