Меган Фокс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: глумецск → глумечк
с →‎Кариера: Јазична исправка, replaced: базиран → заснован
Ред 30:
На 16 години, во 2001г., Фокс дебитираше во филмот Одмор на сонцето (Holiday in the Sun), како Бријана Валас – разгалена наследничка и соперничка на Алекс Стјуард (Ешли Олсен), којшто беше објавен дирекно на DVD на 20-ти ноември 2001г. Во наредните години гостуваше во филмовите Што ми се допаѓа кај тебе („What I Like About You“), и Два и пол мажи (Two and a Half Men), исто така беше статист во Лоши момци 2 (Bad Boys II) во 2003г. Во 2004г. дебитираше во филмот Исповед на тинејџерска кралица на драмата (Confessions of a Teenage Drama Queen) во кој игра заедно со Линзи Лохан, и ја има споредната улога на Карла Сантини, ривал на Лола (Линзи). Фокс исто така имаше редовна улога во комичната серија на „''ЕјБиСи''“, Хоуп и Фејт (Hope & Faith), каде што ја играше улогата на Синди Шановски, заменувајќи ја Никол Паџи. Фокс се појави од 2-3 сезона, до откажувањето на шоуто во 2006г.
 
Во 2007г., Фокс ја доби главната женска улога на Микаела Банс во акциониот филм Трансформери (2007г.), базиранзаснован на истоимената играчка и сага на цртан филм. Фокс ја глумеше саканата на Сем Витвицки, ликот што го глумеше Шија Лабаф. Фокс беше номинирана на „ЕмТиВи филмска награда“, во категоријата „Откритие на годината“, и исто така беше номинирана за три „Награди за тинејџерски избор “. Таа исто така глумеше во двете продолженија на Трансформери.
 
Повторно ја играше улогата на Микаела Банс во продолжението на Трансформер, Трансформери: Одмазда на паднатиот. За време на снимањето на продолжението на Трансформери, појавувањето на Фокс во филмот го следеа некои контраверзии, кога режисерот Мајкл Беј, и нареди на глумицата да се здебели 4.5 килограми. Филмот беше издаден ширум светот на 24 јуни 2009г. Фокс требаше да глуми и во третиот дел на филмот, Трансформери: Темната страна на месечината (Transformers: Dark of the Moon), но тоа не се случи, поради нејзината изјава во која го споредувала работењето под палката на режисерот Беј, со работење за Хитлер. Нејзиниот партнер во филмот Шаја Лабаф изјави: „''Да критикуваш е едно. Но јавното навредување преминува во детска расправија. А тоа не смееш да го правиш''“. Беј ја измени неговата изјава со која ја поддржува Фокс, и во јуни даде изјава за „ЏиКју“ дека Фокс е отпуштена по наредба на извршниот продуцент Стивен Спилберг.