Титоизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Втората Светска Војна → Втората светска војна (2) using AWB
с →‎Облик: Јазична исправка, replaced: базиран → заснован (2)
Ред 4:
== Облик ==
 
Елементите на титоизмот се базиранизасновани на принципот: во секоја [[држава]] средствата потребни да се достигнат целите на [[комунизам|комунизмот]] мора да бидат диктирани од самата [[држава]], а не од некоја друга. Во времето на владеење на [[Јосип Броз Тито|Тито]], особено било значајно [[СФРЈ|Југославија]] да ги достигне целите на комунизмот независно од Советскиот Сојуз.
 
Терминот титоизам првично бил употребуван како навреда. Први го употребиле приврзаниците на [[Јосиф Сталин]] од [[Москва]] во периодот кога постоела тензија помеѓу [[Советски Сојуз|Советскиот Сојуз]] и [[СФРЈ|Југославија]] познат како [[Информбиро]], а траел од [[1948]] до [[1955]] година.
Ред 10:
За разлика од остатокот од [[Источна Европа]], која потпаднала под советско влијание по крајот на [[Втора светска војна|Втората светска војна]], [[СФРЈ|Југославија]], под силното водство од [[Јосип Броз Тито|Маршалот Тито]] и фактот дека југословенските [[партизан]]и ја ослободиле земјата само со ограничена помош од [[Црвена Армија|Црвената Армија]], останала независна од [[Москва]]. Југославија останала еднинствена комунистичка држава на [[Балкански Полуостров|Балканот]] која го издржала притисокот од [[Москва]] да се приклучи кон [[Варшавски Пакт|Варшавскиот Пакт]] и останала „[[социјализам|социјалистичка]], но независна“ сѐ додека не пропаднал Советскиот [[комунизам]] во доцните 1980-ти и раните 1990-ти. Низ времето поминато работејќи, Тито останал горд на независноста на Југославија од Советскиот Сојуз и останал на својот став дека Југославија никогаш целосно нема да го прифати членството во [[Совет за заемна економска помош|Советот за заемна економска помош]]. Тито отворено отфрлил многу аспекти на [[сталинизам|сталинизмот]] со кои не се согласувал.
 
Советскиот Сојуз најчесто ја обвинувал Титова Југославија за троцкизам и фашизам. Тие обвинувања биле базиранизасновани на работничкото [[самоуправување]] и теоријата за здружен труд (полиси за делење на профитот и индустрии раководени од страна на [[работник|работниците]] а иницирани од него, [[Милован Ѓилас]] и [[Едвард Кардељ]] во [[1950]] година). Во ова, [[Советски Сојуз|Советскиот Сојуз]] ги видел (или се преправал дека ги гледа) почетоците на [[комунизмот на советите]] т.е. на [[корпоративизам|корпоративизмот]].
 
Нападите со оваа пропаганда биле фокусирани на карикатурата на ''Тито - Касапот'' (на [[работничка класа|работничката класа]]), насочени да го прикажат него како прикриен агент на западниот [[империјализам]]. Всушност, Тито и бил сојузник на Западните сили, но тој никогаш не ги изгубил комунистичките идеали. Сепак, тој период бил означен од острата репресија на противниците, луѓе кои изразувале восхит кон Советскиот Сојуз, или пак оние кои ја почитувале [[Русија|руската]] култура. Голем број од противниците на режимот биле пратени во [[логор]]от [[Голи Оток]].