Централна банка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: неможе → не може
Ред 96:
 
Значајно е тоа што одбраните стапки најчесто се краткорочни стапки. Реалната стапка на пазарот која што ја добиваат корисниците на кредитот и давателите на кредитот, зависи од (забележаниот) кредитниот ризик, исплатата и други фактори. На пример централната банка може да постави каматна стапка на расположлив кредит преку ноќ од 4.5%, но стапката за (еднаков ризик) обврзници за пет години може да биде 5 %, 4.75% или во случај на опаѓачки приноси дури и под краткорочната стапка. Многу централни банки имаат една „главна стапка“ што се нарекува „стапка на централната банка“. Во пракса, имаат и други средства и каматни стапки што ги користат, но само една е строго одредена и се спроведува.
 
„Стапката по која централната банка дава кредити може да ја одбере централната банка , тоа е стапката што носи финансии.“ – Хенри К. Лиу. Лиу објаснува дека „стапката на позајмување од централната банка“ на САД се нарекува Стапка на федерални фондови. Федерацијата ја поставува нормата за стапката на федерални фондови, што Комисијата за слободна трговија се обидува да ја усогласи со давање или земање заем на пазарот на пари... деловни процеси што се одвиваат на пазарот на пари а ги регулира и ги основа централната банка. На врвот на централната банка се наоѓа Федерацијата, бидејќи американскиот долар е главна резервна валута во меѓународна трговија.
Секоја централна банка има неколку каматни стапки или алатки на монетартната политика со кои влијае врз пазарите.
 
* Вариабилна каматна стапка (во моментов 2,00% во Еврозоната) – утврдена стапка за институциите што позајмуваат пари од централната банка. (во САД таа се вика дисконтна стапка).
* Главна стапка на рефинансирање (1,25% во Еврозоната) каматната стапка што централната банка ја прогласува во јавност. Исто така позната е како најниска понудена стапка и служи како можност за рефинансирање на кредитите. (Во САД се вика стапка на федерални фондови).
* Каматни стапки на депозит (0,50% во Еврозоната) стапка која што ја добиваат странките за депозити во централна банка.
 
Стапките директно влијаат врз стапките на пазарот на пари, којшто е маркет за краткорочни кредити.
 
=== Функции на слободниот пазар ===