Влад Цепеш: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Методи на погубување: Јазична исправка, replaced: егзекуција → погубување
с Правописна исправка, replaced: турците → Турците (9)
Ред 40:
Во 1436, Влад Втори Дракул се искачил на престолот на Валашка. Во 1442 бил истеран од соперниците кои биле во сојузништво со Унгарија, но успеал да се здобие со поддршка од Отоманците околу неговото враќање на тронот при што се согласил да му плати на султанот одредена сума и да ги прати своите два легитимни синови, Влад Трети и Раду, во Отоманскиот Суд каде служеле како заложници на неговата верност.
Влад Трети бил често затваран, камшикуван и тепан бидејќи вербално ги напаѓал своите учители, но и за неговото тврдоглаво однесување, додека неговиот помал брат Раду бил полесно контролиран. Раду се преобратил во муслиман, влегол во службата на [[Мехмет II]], синот на султанот [[Мурат II]], (подоцна познат и како Освојувачот), и му било дозволено да служи во Отоманскиот кралски суд, но и ја добил титулата Бег.
Овие години се претпоставува дека имале огромно влијание врз карактерот на Влад и довеле до добро познатата омраза на Влад кон отоманците, јаничарите, кон братот Раду поради тоа што станал муслиман и кон младиот отомански принц [[Мехмет II]] (дури и кога станал и султан). Бил љубоморен кон фаворизирањето на татко му на неговиот постар брат Мирча II, и полубратот Влад Чалугарул. Во себе имал недоверба и кон унгарците и кон неговиот татко бидејќи го дал на турцитеТурците и ја изневерил заклетвата на Редот на змејот за борба против Отоманското Царство.
Влад подоцна бил пуштен на еден вид условна казна и добил шанса да изучува логика, Куранот и турскиот и персискиот јазик, како и литературни дела. Подоцна тој течно ќе зборува на овие јазици. Исто така, тој и неговиот брат биле обучени и во војување и јавање коњи. Татко му, Влад Дракул, откако ја добил поддршката од отоманците се вратил во Влашка и го преземал тронот од Базарб Втори и одредени неверни аристократи.
 
Ред 69:
 
Влад се здружил со Матиас Корвинус, кралот на Унгарија. Валахија била прогласена како дел од Отоманското Царство од султанот Мехмет II. Во 1459, Папата Пиус Втори повикал на нова крстоносна војна против отоманците, на конгресот во Мантуа. Единствениот европски лидер што покажал ентузијазам за таква војна бил Влад Цепеш.
Подоцна таа година, во 1459, Мехмет му пратил гласник на Влад за да го натера да го плати задоцнетиот данок. Влад одбил да ги плати 10 000 дукати. За да испровицира и поттикне војна со отоманскиот султан, Влад ги убил турските гласници, со заковување на нивните турбани за главите. Подоцна отоманците се обиделе да го отстранат со што турцитеТурците го преминале Дунав и почнале да регрутираат адолесцентни романци во јаничари.
Во меѓувреме султанот добил информации со кои се разоткрила доминацијата на Влад над Дунав. Тој го испратил бегот од Никополис, Хамза Паша за да склучи мир и/или да го елиминира Влад Трети.
Влад Цепеш планирал да направи заседа. Хамза Паша бегот од Никополис донел со себе 1 000 коњаници и кога го преминувал теснецот северно од Гиургиу, Влад го нападнал изненадно. Валахијците ги опколиле и ги поразиле турцитеТурците. Турците биле речиси сите заробени и наиени на колци, но Хамза Паша избегал.
Во зимата 1462, Влад го преминал Дунав и ја опустошил областа меѓу Србија и Црното Море. Маскиран како турски спахија се инфилтрирал во отоманските кампови. Во писмо до Корвинус означено како 2 февруари тој напишал:
Убив селани мажи и жени, стари и млади, кои живеат кај Обучица и Ново Село, каде Дунав се влева во морето, сè до Рахова, која е сместена близу Хилија, од долниот дел на Дунав сè до местата како Самовит и Гиген. Убивме 23 884 турци без да ги броиме тие чии домови ги запаливме или турцитеТурците чии глави беа отсечени од нашите војници... Така вашето височество треба да знае дека јас го прекршив мирот со него (султанот Мехмет II ).
Како одговор на тоа, султанот Мехмет II собрал војска од 60 000 војници и 30 000 резервисти и во 1462 се упатил кон Валахија. Мехмет бил пречекан од шума од колци на кои Влад набил 20 000 луѓе. Командувајќи само со 40 000 луѓе, Влад не бил во можност да ги запре отоманците од влегувањето во Валахија и окупирањето на главниот град Тарговиште. Постојано организирал мали напади и заседи за турцитеТурците, како што е ноќниот напад кога биле убиени 15 000 турци.
Влад Трети ги поразил отоманските спахиски командири како Јусуф-бег, Турканбејоглу Омер-бег и Евренос-бег. Со ова го привлекол Мехмет II , кој тогаш го преминал Дунав.
Нападот на Влад бил славен од саксонските градови во Трансилванија, италијанските држваи на Папата. Еден венециски гласник, откако ги чул вестите на 4 март изразил голема радост и рекол дека целото христијанство треба да ја слави успешната кампања на Влад Цепеш.
Ред 86:
== Првиот брак ==
 
Првата жена на Влад, според локалните легенди, била благородна жена со непознато потекло која починала кога била опсадата над неговиот замок, кој бил опколен отоманската армија која била водена од неговиот брат Раду-бег и романските јаничари. Еден шумски стрелец откако ја видел сенката на жена му на Влад на прозорот во собата на Влад испалил стрела со порака на неа дека се ближела армијата на Раду. Мекнали и Флореску објаснуваат дека стрелецот бил роднина на Влад кој ја испратил пораката од верност и покрај тоа што бил преобратен во муслиман и му служел на Раду-бег. По читањето на пораката жена му на Влад се фрлила во реката Аргеш што течела под замокот велејќи дека попрво би гниела и би ја јаделе рибите во реката отколку да биде заробена од турцитеТурците. Денес реката се нарекува Раул Доамнеи (Реката на дамата или Реката на кнегињата). Оваа легенда е единствената позната за првиот брак на Влад.
 
== Заробеништво во Унгарија ==
 
Матиас Корвинус примал финансиска поддршка од Папата за борбата против турцитеТурците. Но ги потрошил парите за сосема други работи. Сега отоманците му биле пред неговите граници, и му требало некој како изговор.
Кога Влад дошол да побара помош во војната против турцитеТурците, Матиас Корвинус го уапсил со помош на лажни документи, лажно писмо дека Влад ја дава својата верност на Мехмет II и дека му ветил дека ќе му ја даде Валахија.
Влад бил заробен во Оратија, замок близу мостот Поду Дамбовицеи. Потоа еден период бил во затвор во Вишеград, близу Буда, каде влашкиот кнез бил држен 10 години. Потоа го префрлиле во Буда.
Точниот период на затвор е отворен за дискутирање, иако индикациите се дека тоа било од 1462 до 1474. Документи од Буда индицираат дека периодот ефективно затвореништво на Влад веројатно бил краток. Отворената про-отоманска политика на Раду како војвода веројатно придонела кон рехабилитацијата на Влад.
Ред 109:
=== Методи на погубување ===
 
Кога дошол на власт, Влад владеел со намера да се одмазди на аристократите за убивањето на неговиот татко и најстар брат. Иако на Влад му требало цела декада за тоа, тој го исполнил заветот завршувајќи ја задачата на Велигден во 1457. Постарите аристократи и нивните семејства биле веднаш набиени на колци. Помалдите и поздравите благородници и нивните семејства биле однесени северно од Тарговиште кај руините од замокот Поиенари во планините над Аргеш, 40 милји северно Тарговиште. Влад бил решен да го ја изгради оваа древна тврдина како негово засолниште за да може да ги надгледува движењата на унгарците што доаѓаат низ Трансилванија и турцитеТурците. Поробените аристократи и нивните семејства биле принудени да работаат додека не умрат, го граделе стариот замок со материјали од некоја руина што била близу него. Наводно тие работеле сè додека алиштата не им отпаднале од телата и потоа морале да работаат голи. Никој не го преживеал градењето на замокот, а тие што не умреле од замор биле набиени на колци.
Преку неговото владеење Влад систематски ги истребил старите аристократи од Валахија. Старите аристократи нон-стоп ја поткопувале власта на кнезот за време на претходните владеења и биле одговорни за неколку преврати од минатото. Влад бил решен неговата моќ да биде со современа и темелна основа. Наместо погубените аристократи Влад промовирал нови луѓе од селаните и средната класа, кои биле верни само на својот кнез.
Репутацијата на ВЛад била многу помрачна во Западна Европа отколку во Источна Европа и Романија. Славата на неговата суровост се ширела во форма на памфлет, сериозно претерана и промовирана од Матиас Корвинус. Матиас ја ширел репутацијата и кредибилитетот на Влад од политички причини: како објаснување зошто тој му помогнал на ВЛад во борбата против отоманците во 1462, за која намера тој добил пари од Католичките држави во Европа.