Блек-метал: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с Форматна исправка, replaced: 0 год. → 0 г. (2), 7 год. → 7 г. |
с →Вториот бран: Правописна исправка, replaced: неколку пати → неколкупати |
||
Ред 44:
==Вториот бран==
Вториот бран на блек метал започна во раните 90-ти и беше предводен од норвешката блек метал сцена. Во периодот меѓу 1990 и 1994 извесен број на изведувачи започнаа со нов вид на блек метал музика; тука се вклучени Мејхем, Торнс, Бурзум, Дарктрон, Имортал, Сатирикон, Енслејвд, Емперор, Диму Боргир, Горгорот, Улвер и Карпариан Форест. Тие го развија стилот на нивните претходници од 80-тите како посебен жанр различен од треш металот; ова е делумно благодарение на новиот начин на свирење гитара, развиено од Сноре "Блекторн" Рух од Стигма Диаболикум/Торнс и Ејстајн "Еуронимус" Арсет од Мејхем. Фенриз од Дарктрон им ја припиша оваа иновација
За време на 90-тите, блек метал сцени произлегоа и на Европскиот континент, инспирирани од Норвешката сцена со постари бендови. Во Полска, таа сцена беше предводена од Грејвленд и Бехемот. Во Франција се појави група музичари Ле Легионс Ноар, овде се вклучуваат и изведувачи како Мјутилејшн, Влад Тепеш, Белкетр и Торгајст. Блек Фјунерал, Гранд Билајал'с Киј и Џудас Искариот беа групи кои се појавија во САД.
[[Податотека:Celtic Frost live at Tuska 2006 modified.jpg|мини|десно|Концерт на Селтик Фрост]]
|