Коџа Мустафа Решит-паша: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
с →‎top: Правописна исправка, replaced: два пати → двапати
Ред 54:
Бил штитеник на својот вујко Испартали Али-паша и подоцна на државникот Пертев ефендија, Решид влегол во владина служба на рана возраст и постојано напредувал, во 1834 година станал амбасадор во Франција. Во текот на престојот во Западна Европа студирал француски јазик и западна цивилизација и развил пријателски односи со француските и британските државници. Ги поддржал прозападните реформи на султанот [[Махмуд II]], кој го поставил за свој министер за надворешни работи.
 
Наследникот на Махмуд, султанот [[Абдул Меџит I]], бил решителен да ја продолжи политиката на својот татко и на Решит му ја доверил подготовката на нови реформски мерки. Разработена во облик на хатишериф, оваа програма била прогласена на 3 ноември 1839 година. Со неа на отоманските поданици им се гарантирала рамноправност и сигурност на животот и сопственоста, без разлика на нивната раса и религија. Иако не биле спроведени сите реформи, Решит станал симбол на прозападните реформи. Меѓу 1839 и 1858 година два патидвапати бил именуван за министер за надворешни работи и шест пати бил именуван за голем везир.
 
Решитовите реформи вклучувале укинување на трговијата на робови, воведување на нови кодекси на комерцијално и кривично право, како и реформи на административните прописи за да им се стави крај на [[непотизам|непотизмот]] и купувањето на назначувањата. Ја поддржувал француската и британската политика и бил голем везир при избивањето на [[Кримска војна|Кримската војна]] (1853 - 1856) <ref>Mustafa Reşid Paşa - Encyclopaedia Britannica</ref>.