Кримска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Воени конфликти: Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај
с Правописна исправка, replaced: Австро-Унгарија → Австроунгарија (3)
Ред 30:
Во [[1853]] година, Портата го одбила барањето за признавање на грчката црква во Светите земји, а во меѓувреме, [[султан]]от пресудил во корист на Французите. Потоа, [[Николај I (Русија)|Николај I]] го испратил кнезот Меншиков во дипломатска средба со османлиските власти, со цел тогашниот султан [[Абдул Меџид]] да се обврзе христијанското население заедно со црквата и нивната религија во царството да бидат заштитени. Во исто време, [[Велика Британија]] исто така го испратила лордот Страфорд, кој сепак успеал да го наговори султанот околу неговите намери. Тоа било еден од мотивите, императорот Николај I да ја распореди својата војска во [[Влашка]] и [[Молдавија]], а на [[21 јуни]] [[1853]] година, руските војски веќе биле навлезени во во дунавските кнежевства.
 
Во исто време, [[Велика Британија]] и [[Франција]] ги испратиле своите флоти на [[Дарданели]]те. Четирите велесили од [[Европа]], [[Велика Британија]], [[Франција]], [[Прусија]] и [[Австро-УнгаријаАвстроунгарија]] се состанале во [[Виена]] каде усвоиле пропишана нота со која би се сложиле и двете страни. Но таа нота била одбиена од страна на [[Абдул Меџид I]]. Во новите преговори пак, [[Николај I (Русија)|Николај I]] ги одбил предложените амандмани. Затоа, во близината на [[Дунав]], турската војска ги нападнала руските позиции. Руската флота пак целосно ја уништила турската во [[Мала Азија]], каде по ова, [[Велика Британија]] и [[Франција]] стапиле во одбрана на [[Османлиско Царство|Османлиското Царство]]. По одбивањето на [[Руска Империја|Русија]] да ги повлече своите војски од [[Дунав]], Велика Британија и Франција и објавиле војна на Русија.
 
== Воени конфликти ==
Ред 46:
== Мировни напори ==
 
Рускиот император Николај I сметал дека [[Австро-УнгаријаАвстроунгарија]] ќе застане во негова корист или пак ќе остане неутрална. Кога во [[1854]] година Австро-УнгаријаАвстроунгарија побарала [[Руска Империја|Русија]] да ги повлече своите трупи од [[Дунав]], Русија ги повлекла истите. Но и покрај тоа, [[Велика Британија]] и [[Франција]] биле решени целосно да ја исцрпат Русија од влијателните сфери во [[Османлиско Царство|Османлиското Царство]]. Тие настојувале Русија да го повлече и своето влијание од Дунав, да се откаже од било какви барања внатре во Османлиското Царство, да се изврши ревизија од конвенцијата од 1841 година. И бидејќи Николај I сите тие точки ги одбил, војната продолжила. Сојузничките војски вршат десант на полуостровот Крим и после едногодишна опсада го завземаат јужниот дел на градот [[Севастопол]] - главната база на руската црноморска флота. Други мировни договори биле иницирани од страна на новиот император на Русија, [[Александар II (Русија)|Александар II]]. Со парискиот договор, влијанието на [[Дунав]] било пренесено на сите големи сили како целина, било забрането влегување во [[Црно Море]] на воени бродови. Исто така големите сили се обврзале дека ќе ја почитуваат независноста и територијалниот интегритет на Османлиското Царство.
 
Самиот [[Париски мировен договор (1856)|Париски мировен договор]] бил срушен кога [[Франција]] била поразена од страна на [[Прусија]]. Русија тоа го искористила најмногу, Русија повторно ја формирала својата флота на [[Црно Море]].