Мала Корапска Врата: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
}}
 
'''Мала Корабска Врата''' — високопланински превој на планината [[Кораб]] во западна [[Македонија]]. Преслапот Мала Корапска Врата е висок 2.465 метри надморска височина и ги поврзува, односно меѓусебе  ги дели гребените (масивите) на врвовите [[Голем Кораб]] на север и [[Мал Кораб]]  на  југ<ref name="Маврово">{{Наведена мрежна страница|url=http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2015/01/Study-Mavrovo-Final-7.pdf|title=Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово|last=Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори|first=|date=2011|work=Министерство за животна средина и просторно планирање|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=9.27. септември 2019}}</ref>., во средишниот дел на планината [[Кораб]]. Се наоѓа на главниот срт на протегање на планината Кораб, а по него води и македонско-албанската државна граница. Непосредно ги поврзува врвот [[Малокорапска Стена]] (и Мал Кораб) на југ-југозапад и Корабец/Безимен (и Голем Кораб) на север-североисток. Точната местоположба на превојот Мала Корабска Врата е 41°46’ северна географска широчина и 20°32’ источна географска должина. Преку превојот води тесна сточарска патека која претежно ја користат овчари од Албанија кои го преминуваат превојот со своите стада овци кои ги напасуваат веднаш на пространото пасиште во пределот Бруштла каде се наоѓа и [[Малокорапско Езеро|Малокорапското Езеро]] на територијата на [[Македонија]]. [[Податотека:Граничен камен и бункер на Мала Корабска Врата 03.jpg|thumb|mini|left|Граничен камен и бункер (на албанска страна) на Мала Корабска Врата]] Поради тоа што на преслапот минува и граничната линија помеѓу Македонија и Албанија, во минатото тој имал големо безбедносно и геостратешко значење поради што веднаш на самиот превој се наоѓа граничен камен и бункер (пушкарница) од албанска страна до самата гранична линија, кој воедно можеби е и бункер изграден на најголема надморска височина.
 
==Поврзано==