Тадеуш Ружевич: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Замена со македонски назив на предлошка, replaced: flagicon → знамеикона
дополнување
Ред 43:
 
==Животопис==
Тадеуш Ружевич е роден на 9 октомври 1921 година во [[Радомск]] (во близината на [[Лоѓ]]), во семејството на Владислав и Стефанија Ружевич. Во 1938 година, поради [[сиромаштија]]та, бил принуден да го напушти [[училиште]]то, а по германската окупација на Полска работел физички работи. Во 1942 година го посетувал тајниот курс по воена обука и една година подоцна, заедно со неговиот брат Јануш (кој исто така бил поет), ѝ пристапил на [[партизан]]ската [[Антифашизам|антифашистичка]] [[Народна армија]]. За разлика од Јануш, кој бил погубен од [[Гестапо]] во [[1944]] година, Ружевич ја преживеал војната. Во 1945 година, тој го завршил курсот наменет за оформување на образованието и започнал да студира [[историја на уметноста]] на [[Јагелонски универзитет|Јагелонскиот универзитет]] во [[Краков]]. Ружевич бил скромен човек, кој ги избегнувал големите [[град]]ови и општественито ангажман, а од 1968 година живеел во [[Вроцлав]]. Тој бил член на [[Полска академија на уметностите|Полската академија на уметностите]] и почесен доктор на науки на најзначајните полски [[универзитет]]и.<ref name="Tadeuš Ruževič 2013">„Napomena priređivača“, во: Tadeuš Ruževič, ''Izabrane pesme''. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 327.</ref> <ref>„Тадеуш Ружевич (био-библиографски летопис)“, во: Тадеуш Ружевич, ''Поезија (избор)''. Скопје: Култура, 1965, стр. 63-65.</ref>
 
==Творештво==
Ружевич ѝ припаѓа на првата генереација полски поети. Првите песни ги објавил во [[1938]] година во разни училишни и младински списанија, следната година објавувал во илегалниот печат, продолжил да пишува додека бил [[партизан]] и во 1944 година илегално ја објавил збирката „Шумски еха“, која не е сочувана. По војната, во 1946 година, ја објавил збирката [[Сатира|сатири]] „[[Во лажичка вода]]“, а неговото официјално деби го претставува збирката „[[Немир (книга на Тадеуш Ружевич)|Немир]]“ од 1947 година. Во 1953 година ја објавил книгата со репортажи „[[Разгледници од Унгарија]]“, а во 1955 година се појавило првото прозно дело на Ружевич, збирката новели „Опадна лисјето од дрвјата“ со тема од окупацијата на Полска. Следната година, Ружевич го напишал [[сценарио]]то за филмот „Три жени“, а во 1957 година, во една книга, биле објавени сите негови дотогашни поетски збирки.<ref name="Tadeuš Ruževič 2013"/> <ref>„Тадеуш Ружевич (био-библиографски летопис)“, во: Тадеуш Ружевич, ''Поезија (избор)''. Скопје: Култура, 1965, стр. 63-64.</ref> До неговото драмско деби во [[1960]]1959 година (драмата „Картотека“), Ружевич објавил дванаесет високоценети збирки поезија. Оттогаш, тој напишал речиси педесет [[Драмска уметност|драми]]. Оваа ерупција на драматуршка енергија била придружена со привремени навраќања кон [[поезија]]та и кратки излети во светот на [[проза]]та. Ружевич се смета за еден од најголемите повоени полски поети и можеби за најинвентивен полски [[драма]]тург. Негови најпознати драми се: „Картотека“, „Прекинатиот чин“, „Наталитет“, „Гладниот уметник си оди“ и „Бела венчавка“. Неговите дела се преведени на околу 50 јазици во околу 900 странски публикации.<ref name="ReferenceB">„Napomena priređivača“, во: Tadeuš Ruževič, ''Izabrane pesme''. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 327-328.</ref>
 
Ружевич бил неколкупати номиниран за [[Нобелова награда за литература]], а добитник е на повеќе книжевни награди, како: Европската награда за книжевност, Европската награда за поезија КОВ, Наградата „Силесиус“, книжевната награда „[[Владислав Рејмонт (награда)|Владислав Рејмонт]]“, наградата „[[Ника (награда)|Ника]]“, полската државна награда од прв степен и државната награда од втор степен (за збирката „Рамнина“), Литературната награда на Краков (1959), Големиот крст за препород на Полска, наградата на полскиот ПЕН-клуб „[[Јан Парандовски (награда)|Јан Парандовски]]“, орденот „[[Ecce Homo (орден)|Ecce Homo]]“, златниот медал „Заслужен за културата Gloria Artis“, специјалната награда на „Политика“, „Креатор на културата за 2010“, Златниот венец на [[Струшките вечери на поезијата]] итн.<ref name="ReferenceB"/>
Ред 61:
===Поезија===
Ружевич е автор на поголем број поетски збирки, како:<ref name="ReferenceA"/><ref>Тадеуш Ружевич, ''Поезија (избор)''. Скопје: Култура, 1965.</ref>
* Шумски еха (1944)
* НемирНеспокој (''Niepokój'', 1947)
* Црвената ракавица (''Czerwona rękawiczka'', 1948)
* Пет поеми (1950)
* Времето што тече (1951)
* Стихови и слики (1952)
* Избрани стихови (1953)
* Рамнина (1954)
* Сребрениот клас (''Srebrny kłos'', 1955)
* Насмевки (1955)
* Гласот на анонимот
* Разговори со свештеникот
* Насмевки (1955)
* Ништо во Просперовата наметка
* Отворена поема (''Poemat otwarty'', 1956)
* Завеси (1957)
* Собрани песни (''Poezje zebrane'', 1957, 1960, 1971)
* Форми (1958)
* Зелената ружа (1961)
* Ништо во Просперовата наметка (1963)
* Лице (1964)
* Трето лице
Ред 90 ⟶ 94:
 
===Драми===
Ружевич е автор на следниве драмски дела:<ref>„Napomena priređivača“, во: Tadeuš Ruževič, ''Izabrane pesme''. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 329.</ref> <ref>„Тадеуш Ружевич (био-библиографски летопис)“, во: Тадеуш Ружевич, ''Поезија (избор)''. Скопје: Култура, 1965, стр. 63-65.</ref>
* Картотека (1959)
* Групата Лаокон (1963)
* На четири нозе
* Смрт во стариот декор
Ред 98 ⟶ 103:
* Белиот брак
* Расфрлана картотека
 
===Други дела===
Покрај поетските и драмските дела, Ружевич е автор и на други дела, како:<ref>„Тадеуш Ружевич (био-библиографски летопис)“, во: Тадеуш Ружевич, ''Поезија (избор)''. Скопје: Култура, 1965, стр. 63-65.</ref>
* Во лажичка вода (сатири, 1946)
* Разгледници од Унгарија (репортажи, 1953)
* Опадна лисјето од дрвјата (новели, 1955)
* Три жени (сценарио, 1956)
* Прекинатиот испит (раскази, 1960)
 
==Препеви на македонски јазик==