Тадеуш Ружевич: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Творештво: дополнување
с Замена со македонски назив на предлошка, replaced: flagicon → знамеикона
Ред 7:
| pseudonym =
| birth_date = {{роден на|9|октомври|1921}}
| birth_place = {{flagiconзнамеикона|Poland}} [[Радомско]], [[Полска]]
| death_date = {{починат на|24|април|2014}}
| death_place =
Ред 43:
 
==Животопис==
Тадеуш Ружевич е роден на 9 октомври 1921 година во [[Радомск]] (во близината на [[Лоѓ]]), во семејството на Владислав и Стефанија Ружевич. Во 1938 година, поради [[сиромаштија]]та, бил принуден да го напушти [[училиште]]то, а по германската окупација на Полска работел физички работи. Во 1942 година го посетувал тајниот курс по воена обука и една година подоцна, заедно со неговиот брат Јануш (кој исто така бил поет), ѝ пристапил на [[партизан]]ската [[Антифашизам|антифашистичка]] [[Народна армија]]. За разлика од Јануш, кој бил погубен од [[Гестапо]] во [[1944]] година, Ружевич ја преживеал војната. Во 1945 година, тој го завршил курсот наменет за оформување на образованието и започнал да студира [[историја на уметноста]] на [[Јагелонски универзитет|Јагелонскиот универзитет]] во [[Краков]]. Ружевич бил скромен човек, кој ги избегнувал големите [[град]]ови и општественито ангажман, а од 1968 година живеел во [[Вроцлав]]. Тој бил член на [[Полска академија на уметностите|Полската академија на уметностите]] и почесен доктор на науки на најзначајните полски [[универзитет]]и.<ref name="Tadeuš Ruževič 2013">„Napomena priređivača“, во: Tadeuš Ruževič, ''Izabrane pesme''. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 327.</ref> <ref>„Тадеуш Ружевич (био-библиографски летопис)“, во: Тадеуш Ружевич, ''Поезија (избор)''. Скопје: Култура, 1965, стр. 63-65.</ref>
 
==Творештво==
Ружевич ѝ припаѓа на првата генереација полски поети. Првите песни ги објавил во [[1938]] година во разни училишни и младински списанија, следната година објавувал во илегалниот печат, продолжил да пишува додека бил [[партизан]] и во 1944 година илегално ја објавил збирката „Шумски еха“, која не е сочувана. По војната, во 1946 година, ја објавил збирката [[Сатира|сатири]] „[[Во лажичка вода]]“, а неговото официјално деби го претставува збирката „[[Немир (книга на Тадеуш Ружевич)|Немир]]“ од 1947 година.<ref name="Tadeuš Ruževič 2013"/><ref>„Тадеуш Ружевич (био-библиографски летопис)“, во: Тадеуш Ружевич, ''Поезија (избор)''. Скопје: Култура, 1965, стр. 63-64.</ref> <ref name="Tadeuš Ruževič 2013"/> До неговото драмско деби во [[1960]] година, Ружевич објавил дванаесет високоценети збирки поезија. Оттогаш, тој напишал речиси педесет [[Драмска уметност|драми]]. Оваа ерупција на драматуршка енергија била придружена со привремени навраќања кон [[поезија]]та и кратки излети во светот на [[проза]]та. Ружевич се смета за еден од најголемите повоени полски поети и можеби за најинвентивен полски [[драма]]тург. Негови најпознати драми се: „Картотека“, „Прекинатиот чин“, „Наталитет“, „Гладниот уметник си оди“ и „Бела венчавка“. Неговите дела се преведени на околу 50 јазици во околу 900 странски публикации.<ref name="ReferenceB">„Napomena priređivača“, во: Tadeuš Ruževič, ''Izabrane pesme''. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 327-328.</ref>
 
Ружевич бил неколкупати номиниран за [[Нобелова награда за литература]], а добитник е на повеќе книжевни награди, како: Европската награда за книжевност, Европската награда за поезија КОВ, Наградата „Силесиус“, книжевната награда „[[Владислав Рејмонт (награда)|Владислав Рејмонт]]“, наградата „[[Ника (награда)|Ника]]“, полската државна награда од прв степен и државната награда од втор степен (за збирката „Рамнина“), Литературната награда на Краков (1959), Големиот крст за препород на Полска, наградата на полскиот ПЕН-клуб „[[Јан Парандовски (награда)|Јан Парандовски]]“, орденот „[[Ecce Homo (орден)|Ecce Homo]]“, златниот медал „Заслужен за културата Gloria Artis“, специјалната награда на „Политика“, „Креатор на културата за 2010“, Златниот венец на [[Струшките вечери на поезијата]] итн.<ref>„Napomena priređivača“, во: Tadeuš Ruževič, ''Izabrane pesme''. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 327-328.<name="ReferenceB"/ref>
 
Местото што го зазема Ружевич во полската поезија не само што е значајно, туку тоа е кренато на посебен пиедестал, зашто тој се смета за еден од најмладите полски класици, кој многу рано извршил големо влијание врз развојот на поновата [[Полска поезија|полска поезија]].<ref>Ацо Алексиев, „Во името на човекот и за човекот – Неколку белешки врз творештвото на Тадеуш Ружевич“, во: Тадеуш Ружевич, ''Поезија (избор)''. Скопје: Култура, 1965, стр. 55.</ref> Ружевич се смета за класик на [[Полска поезија|полската поезија]] и од него учеле речиси сите помлади полски поети. Тој открил нови изразни можности на полскиот стих, така што дури и оние поети кои не се свесни за неговото влијание, всушност, во голем мера му должат нему.<ref name="Beograd 1964">''Savremena poljska poezija''. Beograd: Nolit, 1964, стр. 169-170.</ref>
 
Основната одлика на поезијата на Ружевич се состои во тоа што тој е еклатантен пример на крајно одговорно сфаќање на поетскиот чин и на поетското дело, а неговата ангажираност произлегува од уверувањето дека поетот е должен не да се доселува, туку да никне во клучните пунктови на сегашноста. Праизвор на поезијата на Ружевич е крикот на човекот пред човечкото злосторство и пред неговата ништожност, но и вербата во него. Втората одлика на неговата поезија е отсуството на секаква извештаченост, наместеност и изнасиленост, т.е. отсуството на бесцелно поетизирање и неконтролирано расфрлање со боите и метафората. Неговата поезија е елементарна, но и ретко впечатлива со својата едноставна извајаност и поетска дограденост. Таа се потпира врз поставката дека не треба да се зборва за чувствата, туку да се предизвикаат чувства; да не се кокетира со мисловност и задлабоченост, туку да се биде мисловен и задлабочен. Самиот Ружевич со голема недоверба им приоѓал на своите поетски дела, велејќи: „Никако не можам да сфатам дека поезијата постои, иако е убиен човекот. Вистинскиот мотор, никулецот на мојата поезија е омразата кон поезијата. Се бунев поради тоа дека таа преживеа, дека постои и покрај „крајот на светот“. Рамнодушна. Божествена. Неприкосновена во своите закони, прописи, поетики.“ <ref>Ацо Алексиев, „Во името на човекот и за човекот – Неколку белешки врз творештвото на Тадеуш Ружевич“, во: Тадеуш Ружевич, ''Поезија (избор)''. Скопје: Култура, 1965, стр. 59-60.</ref>
 
Созреан во борбата против [[нацисти]]чкиот окупатор, целата поезија и поетика на Ружевич произлегува од визијата на [[војна]]та и [[смрт]]та. Во една прилика, тој напишал: „Не можев да разберам дека поезијата постои иако е убиен [[човек]]от. Убиен е оној кој ја доведол [[поезија]]та во живот, договорениот [[јазик]] што треба да го изрази она што не може да се изрази... Со сомнеж гледам на тие остварувања. Ги составив од остатоците на зборовите кои преостанаа, од незаменливите слики, од големото буниште, од големите гробишта. Ми се чинеше дека јас сум првиот човек кој рече „добар ден“, „вода“, „сонцето изгрева“. Создавав поезија за преплашените и ослепените. Учевме да зборуваме од почетокот. Тие и јас.“ Навидум, Ружевич е мрачен поет. Тој не се обидува да поетизира. Нему му е туѓо секое поетизирање, музицирање, сликање. Тој се обидува да ја најде основната нишка на поезијата која, според него, не се наоѓа ниту во [[музика]]та, ниту во [[метафора]]та. На вистинскиот поет таквите елементарни песни му се појавуваат еднаш или двапати во животот. Затоа, тој ја бара вистинската песна и вистинскиот [[збор]]. Токму затоа, во неговите песни многу е важна формата. Впрочем, една негова поетска збирка се вика „[[Форми (Ружевич)|Форми]]“. Ружевич го крши стихот, го отфрла сето она што му делува непотребно и го сака само чистиот, елементарен збор. Се обидува од елементите на зборот да создаде нова целина. Со нивна помош, тој сака да дојде до тишината и до разјаснувањето.<ref>''Savremena poljska poezija''. name="Beograd: Nolit, 1964, стр. 169-170.<"/ref> Според зборовите на Ружевич: „Само избезумениот и нихилистот со избрани слики може да ја опишува [[убавина]]та, додека пред нашите очи умира [[вистина]]та. Само избезумен или резигниран човек може... да слегува уште еднаш во студениот пекол на [[естетика]]та. Јас лелекав и молчев не мислејќи за естетиката. Таков е изворот на мојата поезија и поетика.“<ref>Ацо Алексиев, „Во името на човекот и за човекот – Неколку белешки врз творештвото на Тадеуш Ружевич“, во: Тадеуш Ружевич, ''Поезија (избор)''. Скопје: Култура, 1965, стр. 57-58.</ref>
 
Поезијата на Ружевич е израз на трагичноста на поединецот, изгубен во светот во кој доминираат масовната смрт и цивилизацискиот униформизам. Како јунак во неговите песни се јавува [[човек]]от кој е загрозен од деградацијата и општиот хаос. Ружевич пее и за обичните [[чувства]] и вредности, како што се: [[љубов]]та кон родителите, добрината, секојдневните предмети итн. Формално, тој е следбеник на [[авангарда]]та. Во неговиот опус преовладуваат песните со слободен [[стих]], чија конструкција критичарите често ја нарекуваат [[кубизам]], зашто според значењето и композицијата, секоја строга претставува посебна [[коцка]]. Неговиот интерес за ликовната уметност го довела и до [[Постмодернизам|постмодернизмот]]. Со примена на постмодернистичкиот метод, тој дошол до неговиот познат пронајдок - буништето, т.е. храбро ги отфрлил вообичаениет изразни средства и настојувал да го уништи поетскито контекст на стихот. На тој начин, тој го создал т.н. ружичевски стил кој [[Јулијан Пшибош]], главниот претставник на [[Краковска авангарда|Краковската авангарда]], го нарекол „турпизам“ или „естетика на грдото“, а токму поради тоа, во 1968 година ги прекинал односите со Ружевич. Меѓутоа, токму благодарение на својот стил Ружевич извршил големо влијание врз многу полски и странски поети.<ref name="ReferenceA">„Napomena priređivača“, во: Tadeuš Ruževič, ''Izabrane pesme''. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 328.</ref>
Ред 60:
==Библиграфија==
===Поезија===
Ружевич е автор на поголем број поетски збирки, како:<ref name="ReferenceA"/> <ref>Тадеуш Ружевич, ''Поезија (избор)''. Скопје: Култура, 1965.</ref>
* Немир (''Niepokój'', 1947)
* Црвената ракавица (''Czerwona rękawiczka'', 1948)