Давид Албахари: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
с Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite web → Наведена мрежна страница (2)
Ред 20:
 
== Животопис ==
Давид Албахари е роден во [[Пеќ]], во 1948 година. Студирал [[англиска литература]] и [[Англиски јазик|јазик]] во [[Загреб]]. Во [[1991]] година станал претседател на Федерацијата на [[Евреи|еврејски]] заедници на [[Југославија]], при што учествувал во евакуацијата на еврејското население од [[Сараево]]. Во 1994 година се преселил во [[Калгари]], [[Канада]].<ref name="ReferenceA">„Белешка о писцу“, во: Давид Албахари, ''Опис смрти''. Београд: Српска књижевна задруга, 2004, стр. 155.</ref> Од 2 ноември 2006 година, Албахари е член, надвор од работниот састав, на [[Српска академија на науките и уметностите|Српската академија на науките и уметностите]].<ref name="сану">{{citeНаведена webмрежна страница|title=Библиографија Давида Албахарија|url=http://www.sanu.ac.rs/Clanstvo/Clan.aspx?arg=1435,|website=САНУ|accessdate=24. 1. 2018}}</ref>
 
==Творештво==
Првата збирка кратки раскази „Семејно време“ (''Породично време'') ја објавил во [[1973]] година, а поголема популарност стекнал со четвртата книга „[[Опис на смртта]]“ (''Опис смрти''), за која ја добил наградата „[[Иво Андриќ (награда)|Иво Андриќ]]“. Во 1996 година, неговата книга „Мамец“ ја добила [[НИН-ова награда|НИН-овата награда]] за [[роман]] на годината, како и наградата на [[Народна библиотека на Србија|Народната библиотека на Србија]] за најчитана книга. Неговите книги се преведени на повеќе јазици, како: англиски, хебрејски, француски, шпански, италијански, унгарски, албански, словачки, грчки, германски, дански, полски и [[есперанто]].<ref name="ReferenceA"/>
 
Давид Албахари е писател на затворен, на момент и на херметички израз, автор кој бара не само голем читателски напор, туку и потполна соработка од страна на читателот во градењето на значењето на неговите дела. Но, наспроти таквиот пристап, тој не само што ја стекнал поддршката од книжевната критика, туку ужива голема популарност и кај публиката. Притоа, читателите имаат различни ставови кон неговото творештво: од една страна се обожавателите на неговата проза за кои тој претставува култен писател, а од друга страна се оние на кои им пречи изразената сложеност и нагласениот артизам на неговиот израз.<ref>{{citeНаведена webмрежна страница|title=„Бег у стварност: интервју са Давидом Албахаријем“|url=http://www.vreme.co.rs/cms/view.php?id=1020935|website=Време|accessdate=24. 1. 2018}}</ref>
 
===Библиографија===