Скротум: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: {{Commons category| → {{рв|
с Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite web → Наведена мрежна страница (2)
Ред 20:
}}
 
'''Скротум''' или '''мадно кесе''' — двокоморна кеса од [[кожа]] и [[мускул]]и. Скротумот се наоѓа кај некои [[цицачи]], меѓу кои и [[човек]]от, и во него се наоѓаат [[тестис]]ите, кои се одделени со [[септум]].<ref>{{citeНаведена webмрежна страница|title=Scrotum|url=http://www.nlm.nih.gov/medlineplus/ency/article/002296.htm|work=National Institutes of Health|accessdate=6 January 2011}}</ref> Кесата е продолжеток на [[перинеум]]от и се наоѓа меѓу [[Пенис (човек)|пенисот]] и [[анус]]от. Кај човекот и животните, скротумот, како и пубичниот дел, се прекриени со [[пубични влакна]], кои растат за време на [[пубертет]]от (кај човекот). Биолошки, скротумот е хологен на [[Голема усна|големата усна]] од [[вагина]]та.
 
==Структура==
Ред 38:
== Функција ==
 
Функцијата на скротумот е да ја одржува температурата на [[тестис]]ите нешто помала за разлика од остатокот на телото.<ref>{{citeНаведена webмрежна страница|title=About the Male Reproductive System|url=http://kidshealth.org/parent/general/body_basics/male_reproductive.html#a_About_the_Male_Reproductive_System|work=KidsHealth|accessdate=6 January 2011}}</ref> Кај луѓето, температурата на скротумот треба да биде 35 до 36 степени, односно еден или два степени под прифатливата температура на телото (37 степени). Повисоката температура може да влија на [[Сперма|семето]]. Ако околината е поладна, тестисите се повлекуваат кон [[абдомен]]от (се затегнуваат), а ако е претопло, тие се оддалечуваат (се опуштаат). Со оддалечувањето на тестисите од телото се дозволува побрзо намалување на температурата. Мускулите околу скротумот го вршат ова собирање и опуштање.
 
Сепак, ова може да не е главната функција на скротумот. Количината на спермата создадена во тестисите е мала. Според теориите, ако тестисите биле во абдоменот, тие би подлегнале на поголеми притисоци од страна на мускулите и би се овозможило побрзо празнење на тестисите. Кај слоновите и водните цицачи, тестисите се во абдоменот.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Скротум