Илија Петковиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
с Јазична исправка, replaced: ==Биографија== → == Животопис ==
Ред 1:
'''Илија Петковиќ''' ([[српски]]: ''Илија Петковић''; 22 септември 1945, [[Книн]], [[Југославија]] - 27 јуни 2020, [[Белград]], [[Србија]]) - српски и југословенски [[фудбал]]ер, тренер и фудбалски функционер.
 
== Животопис ==
==Биографија==
 
==Фудбалска кариера==
Играчката кариера ја почнал во клубот „Динара“ од [[Книн]]. На возраст од 19 години дошол во [[Белград]] каде заиграл за [[ОФК Београд]]. Во овој клуб игал во два наврати вкупно 16 сезони при што одиграл 417 натпревари и постигнал 68 голови. Поради неговата брзина, таму го добил прекарот „Тајфунот од [[Карабурма]]“. Во сезоната 1965/66 со ОФК Београдом го освоил [[Куп на Југославија во фудбал|Купот на Југославија]]. Исто така, Петковиќ поминал три години во францускиот клуб [[Троа]]. За селекцијата на [[Фудбалска репрезентација на Југославија|Југославија]] играл од 1968 до 1974 година при што одиграл вкупно 43 натпревари и постигнал шест голови. За репрезентацијата дебитирал на 24. април 1968 година во реванш-натпреварот против [[Фудбалска репрезентација на Франција|Франција]] во четвртфиналето на [[Купот на нациите во фудбал|Купот на нациите]]. Притоа, во третата минута Петковиќ го постигнал првиот гол, а потоа уште еднаш се запишал во списокот на стрелците во 33. минута. На крајот, Југославија победила со резултат 5:1 и се пласирала на завршницата на Купот на нациите која се одржала во Италија. Таму, Југославија се пласиралаво финалето, но Петковиќ не играл заради повреда. Тој бил стадарден член на репрезентацијата која се пласирала на [[Светско првенство во фудбал 1974|Светското првенство]] во 1974 година победувајќи ја [[Фудбалска репрезентација на Шпанија|Шпанија]] во бараж-натпреварот. На светското првенство играл на повеќето натпревари и постигнал еден гол (осмиот гол во победата против [[Фудбалска репрезентација на Заир|Заир]] од 9:0). На ова првенство ја завршил репрезентативната кариера, а последниот натпревар го одиграл против [[Фудбалска репрезентација на Полска|Полска]].<ref name="politika.rs">[http://www.politika.rs/scc/clanak/457228/Sport/Ilija-Petkovic-od-Knina-preko-Karaburme-do-legende Политика, „Илија Петковић - од Книна преко Карабурме до легенде“ (пристапено на 30.6.2020)]</ref>
 
По завршувањето на фудбалерската кариера, Петковиќ станал спортски директор на ОФК Београд, а подоцна, во периодот од 1990 до 1993 година бил тренер на оваа екипа. Во меѓувреме бил тренер во штабот на младинската репрезентација на Југославијакоја во 1987 година во Чиле станала светски првак. Исто така, тој ја предводел и Медитеранската репрезентација, како и Воениот тим кого го сочинувале фудбалерите кои биле на отслужување на воениот рок. Интернационалната тренерска кариера на Илија Петковиќ започнала во 1993 година во швајцарскиот клуб „[[ФК Сервет|Сервет]]“ од [[Женева]] каде поминал две години, а во сезоната 1993/94 ја освоил шампионската титула. Во сезоната 1997/98 бил тренер во штабот на репрезентацијата која ја тренирал [[Слободан Сантрач]]. Тогаш, репрезентацијата на Југославија се пласирала на [[Светско првенство во фудбал 1998|СП во Франција]], но Петковиќ не бил учесник на првенството бидејќи во меѓувреме станал тренер на јапонскиот прволигаш [[ФК Ависпа|Ависпа]] од [[Фукуока]]. Во Јапонија оставил добар впечаток и подоцна станал тренер на кинеските прволигаши [[ФК Шенхуа|Шенхуа]] и [[ФК Сечуан|Сечуан]]. Потоа, во сезоната 1999/2000 го тренирал солунскиот клуб „[[ФК Арис|Арис]]“. Петковиќ бил тренер на југословенската репрезентација двапати: првиот пут од јули 2000 до февруари 2001 година кога Југославија победила на „[[Сахара куп|Сахара купот]]от” одржан во [[Индија]]. По тој турнир, Петковиќ заминал во [[Кина]], а во јули 2003 година пак станал селектор на југословенската репрезентација.Тој останал на селекторското место и на почетокот на квалификациите за [[Светското првенство во фудбал 2006|Светското првенство во 2006 година]]. Смртта го затекнала додека бил прв човек на Фудбалскиот сојуз на Белград, претседател на Стручниот одбор на [[Фудбалски сојуз на Србија|Фудбалскиот сојуз на Србија]] (ФСС), член на Извршниот одбор и член на Одборот за итни прашања при ФСС.<ref>[http://www. name="politika.rs"/scc/clanak/457228/Sport/Ilija-Petkovic-od-Knina-preko-Karaburme-do-legende Политика, „Илија Петковић - од Книна преко Карабурме до легенде“ (пристапено на 30.6.2020)]</ref>
 
== Наводи ==