Антонио да Сангало Помладиот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
правопис - предвид
с Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Ред 3:
'''Антонио да Сангало Помладиот''' ({{lang-it|Antonio da Sangallo il Giovane}}), роден '''Антонио Кордијани''' (''Antonio Cordiani''; {{роден на|12|април|1484}} - {{починал на|3|август|1546}}) — истакнат [[италија]]нски архитект од времето на [[ренесанса]]та.
 
== БиографијаЖивотопис ==
Сангало е роден во {{роден во|Фиренца|}}. Дедо му [[Франческо Џамберти]] бил дрводелец, додека неговите чичковци [[Џулијано на Сангало|Џулијано]] и [[Антонио да Сангало Постариот|Антонио да Сангало]] биле познати архитекти.
 
Како мало дете Сангало отишол во [[Рим]], каде станал ученик на [[Донато Браманте]], чиј стил внимателно го следел сета своја кариера. Најголемиот дел од животот го провел во Рим каде работел, меѓу другото и на многу нарачки од неколку папи. Неговото најсовршено постоечко дело е неговата црква од цигла и [[травертин]] [[Санта Марија ди Лорето (Рим)|Санта Марија ди Лорето]], здание забележливо по големата убавина на пропорциите, и севкупниот благороден ефект постигнат кој произлегува од едноставност. Долниот ред е квадратен, додека следниот е осмоаголен; целата градба ја краси убава купола со висок фенер (кој е подоцнежен додаток). Внатрешноста е мошне импресивна, земајќи ги предвид скромните димензии.
 
Антонио исто така ја конструирал грандиозната црква [[Сан Џовани деи Фјорентини]], започната од [[Јакопо Сансовино]]. Источниот дел од величествено се издига од коритото на реката [[Тибар]], близу [[Мост на Светиот Ангел|мостот на Светиот Ангел]] (''Ponte Sant'Angelo''); западниот крај е оштетен со подоцнежното додавање на друга фасада, но ентериерот претставува благороден пример за еден помалку здодевен стил. За успешната изградба на оваа црква архитектот покажал голема вештина и знаење, со тоа што објектот е изграден делумно на цврстиот кеј на променливиот песок во речното корито. Антонио ја изградил и [[Павлова капела|Павловата капела]] (''Cappella Paolina'') и други делови од [[Ватикан]], заедно со додатоците на ѕидовите и утврдувањата во [[Лавов Град]] (''Civitas Leonina''). Неговото најбогато украсено дело е долниот дел на дворот на [[Палацо Фарнезе]], подоцна довршена од [[Микеланџело Буонароти]]. Ова е многу богато украсен и пропорционално изработен пример за тогашниот омилен дизајн - низа сводови помеѓу припоени [[полустолб]]ови кои го потпираат [[перваз]]от, аранжман преземен од надворешноста на [[Колосеум]]от.
 
На улицата [[Вија Џулија]] се наоѓа палата која Сангало ја изградил за себеси, денес под името [[Палацо Сакети]]. Нажалост таа е изобличена од многуте преправки низ времето.
Ред 31:
== Надворешни врски ==
* [http://www.all-art.org/history230-7-1.html Антонио да Сангало помладиот во „Историја на уметноста“] {{en}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Сангало Помладиот, Антонио да}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Сангало Помладиот, Антонио да}}
[[Категорија:Родени во 1484 година]]
[[Категорија:Починати во 1546 година]]