Сибирски тигар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: км² → км<sup>2</sup>
с →‎Особености: Јазична исправка, replaced: == Карактеристики == → == Особености ==
Ред 27:
'''Сибирски тигар''' ({{науч|Panthera tigris altaica}}), познат и како '''амурски тигар''',<ref>{{Книга:Редкие и исчезающие животные. Млекопитающие|с=343}}</ref> „источносибирски тигар“ и „[[усури]]ски тигар“ е редок подвид на тигар што живее на Далечениот Исток. Тој е најголемaта мачка на светот и истовремено со тоа еден од најмалобројните подвидови тигри. Внесен е во Црвената книга и е заштитен, до тој степен што, за убивање на сибирски тигар во [[Кина]] следува [[смртна казна]].<ref>[http://eco.rian.ru/documents/20080903/150919191.html «Интересные факты об амурском тигре. Справка»] — [[:ru:РИАНОВОСТИ|РИАНОВОСТИ]] {{конс|3 септември 2008}}</ref>.
 
== Особености ==
== Карактеристики ==
На должина се протега до 3 метри со опашот, висина од 1 метар во плеќите и тежина до 350&nbsp;кг (расте цел живот). Нормалната тежина е околу 200&nbsp;кг, а висината 90 см. Женките обично се помали — 100-180 кг. Крзното е жолтеникаво со црни ленти, оддолу на стомакот е бело. Долго и густо, тоа му овозможува да живее при температури и до -45&nbsp;°C. Канџите се долги 10 см и мошне остри, а видот му е 5 пати подобар од човековиот. Сибирскиот тигар е ѕвер со огромна физичка моќ кој може да влече животно со размери на коњ со стотици метри. Независно од своите крупни размери може да трча со брзина од 50 [[км/ч]], а некои единки и до 70 км/ч. Добар пливач е и многу ја сака водата. Секое животно има свое поединечно подрачје на живеење со просечна површина од 50&nbsp;км<sup>2</sup>.