Анастасија Димитрова-Божикова: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: сé → сè
Ред 10:
|занимање = оперска пејачка
}}
'''Анастасија Димитрова - Божикова''' ({{роден во|Перник}}, [[Бугарија]], {{роден на|16|ноември|1940}} - {{починат во|Софија}}, {{починат на|13|мај|2015}}) — првенка на Македонската опера, врвен сопран. Таа во македонската оперска уметност важи како певица чии интерпретации се одликувале со длабока емотивност во изразот, вонредна музикалност и сценска сигурност.
 
== Биографија ==
Димитрова е родена во бугарскиот град [[Перник]] на [[16 ноември]] [[1940]] година, а своите оперски студии ги завршила на Софиската музичка академија во [[1963]] година. Веќе следната сезона застанала на оперските штици на тогашниот [[Македонски народен театар]] каде настапувала две години.
Потоа заминала во Загребската опера и останала до [[1969]] година од каде повторно се вратила во македонската национална куќа и била еден од главните носители на оперскиот репертоар сéсè до [[1993]] година.
Во својата оперска кариера, Димитрова остварила над 25 главни улоги од драмскиот и мелодрамскиот фах, меѓу кои позначајни се ролјите на Аида, Норма, Леонора (Трубадур), Елизабета (Дон Карлос), Сантуца (Кавалерија рустикана), Марженка (Продадена невеста), Мими (Боеми), Абигаила (Набуко), Маргарета (Фауст), Бес (Порги и Бес), Симка (Разделба).
Покрај оперските остварувања, Димитрова имала блескави настапи и во повеќе вокално-инструментални дела, а реализирала гостувања во Германија, Унгарија, Романија, Мексико, Ирска, Луксембург.
Ред 23:
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Божикова}}
 
[[Категорија:Луѓе од Перник]]
[[Категорија:Македонски оперски пејачи]]