Арјен Робен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Челзи: Правописна исправка, replaced: битката за → Битката за
с →‎top: Стилска исправка, replaced: ) е → ) —
Ред 40:
}}
 
'''Арјен Робен''' ([[хол.]] Arjen Robben, р. 2 јануари 1984 година) е [[Холандија|холандски]] фудбалер кој игра за германскиот [[Прва Бундеслига (фудбал)|бундеслигаш]] [[Бајерн Минхен]]. Иако е класифициран како напаѓач, тој обично игра на крилната позиција веднаш зад напаѓачите, и е познат по својот дриблинг, брзина, центаршут и прецизен удар од далечина. Тој, исто така е дел од холандската репрезентација и настапил со неа на [[Европско првенство во фудбал 2008|Европското првенство 2004 година]], [[Светско првенство во фудбал 2006|Светското првенство 2006 година]], [[Европско првенство во фудбал 2008|Европското првенство 2008 година]] и на [[Светско првенство во фудбал 2010|Светското првенство во 2010 година]].
Робен најпрво се истакнал во Гронинген за кого настапувал и бил прогласен за играч на годината во холандското првенство во сезоната 2000-01. Две години подоцна, тој потпишал за ПСВ од [[Ајндховен]], каде што станал најдобар млад играч на годината во Холандија и ја освоил титулата во холандското првенство. Следната сезона, водечките англиски тимови биле заинтересирани за потписот на Робен, и по долготрајни преговори, тој се приклучил на [[ФК Челси|Челзи]] во 2004 година.
Дебитантскиот настап на Робен во Челзи бил одложен поради повреда, но откако закрепнал од повредата тој му помогнал на Челзи да освои две последователни титули во [[Премиер лига на Англија|Премиер лигата]] и бил играч на месецот ноември во 2005 година. По третата сезона во Англија, која му била нарушена поради повреда, Робен се преселил во шпанскиот тим [[ФК Реал Мадрид|Реал Мадрид]] за сума од 35 милиони евра. Во Август 2009 година, Робен преминал во Бајерн Минхен за сума од околу 25 милиони евра и постигнал два гола во дебитантскиот настап. Во својата прва сезона во Минхен, Бајерн ја освоил шампионската титула, петта лига титула за Робен во осум години и стигнал до финалето на [[Лига на шампиони во фудбал|Лигата на шампиони]]. По неговата прва сезона во баварскиот тим, играчот бил исто така именуван за фудбалер на годината во [[Германија]].