Комплекс (хемија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
с Јазична исправка, replaced: префикси → претставки
Ред 5:
Комплексните честички се изградени од [[централен атом]] (или комплексообразувач) и [[Лиганда|лиганди]]. Централниот атом е некој [[Метал (хемија)|метал]] или метален [[Јон|катјон]] кој нема пополнета [[електронска конфигурација]] на [[Благороден гас|инертен гас]]. Лигандите се најчесто [[Јон|анјони]] или неутрални молекули што содржат еден или повеќе неподелени, односно слободни [[електрон]]ски парови. Многу ретко како лиганди можат да се јават и катјони, но такви што содржат неподелен електронски пар на некој од атомите. Како и да е, централните атоми се [[Гилберт Њутн Луис|Луисови]] [[Киселина|киселини]], а лигандите се Луисови [[База (хемија)|бази]].
 
Кога се пишуваат [[Хемиска формула|хемиските формули]] на комплексите, прво се пишува симболот на централниот атом, а потоа анјонските и неутралните лиганди. Формулата на комплексот се пишува во аглести загради. Во името прво се наведуваат анјонските лиганди, потоа неутралните и катјонските лиганди, а на крај името на централниот атом. Бројот на лигандите се искажува со [[Грчки јазик|грчките]] претставки ''ди'', ''три'', ''тетра'', ''пента'' итн. (а бројот на лигандите се означува со пртставките ''бис'', ''трис'', ''тетракис'' итн.), а името на лигандата се пишува во мали загради. [[Оксидационен број|Оксидационата состојба]] на централниот атом се искажува со [[Стоксова нотација]] ([[Римскиримски број|римски бројки]]ки во мали загради). Имињата на катјоните и анјоните кај комплексите се пишуваат слеано, со сите префиксипретставки, имињата на лиганди и централниот атом.
 
Постојат разлики во именувањата на централниот атом кај комплексните катјони и анјони. Така, кај комплексните анјони, од [[Латински јазик|латинското]] име на централниот атом се отфрла [[наставка]]та ''ум'' или ''иум'', а се додава наставката ''ат'' (исклучок се комплексите на [[жива]]та, каде се употребува [[Англиски јазик|англиското]] име - ''меркурат''). Кај катјонските и неутралните комплекси, централниот атом се именува на [[Македонски јазик|македонски]] без никаква наставка.
Ред 16:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Комплексни соединенија]]