Асцидии: Разлика помеѓу преработките

Додадени 6 бајти ,  пред 2 години
с
Јазична исправка, replaced: пацифичк → тихоокеанск
(embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information)
с (Јазична исправка, replaced: пацифичк → тихоокеанск)
 
Асцидиите се сесилни организми со вреќовидни тела цврсто прикачени со постериорниот крај за супстратот. Постојат најразлични измени на формата на телото кај асцидиите, што е во зависност од видот, а понекогаш е тешко да се препознаат.
 
Телото секогаш е прекриено со теста (или плашт), заштитен слој составен од супстанца слична на [[целулоза]]та. Оваа обвивка се секретира од епителот и може да е бистра или светло обоена (како кај пацифичкиоттихоокеанскиот вид ''[[Halocynthia aurantium]]''), или да биде прекриена со различни видови на боцки (како кај северната ''[[Boltenia echinata]]''). Таа може да содржи и варовников материјал, како што е случај со снежнобелата ''[[Bathypera ovoida]]''.
[[Податотека:Ascidias.jpg|thumb|left|200px|Асцидија ''[[Halocynthia]]'' sp.]]
Телесните [[мускул]]и најчесто се поредени во напречни и надолжни слоеви. Понекогаш тие се бројни, дебели и силни, при што образуваат цврст мускулест ѕид, но кај повеќето видови мускулите се претставени само со неколку тенки фибрили. Постојат два отвора на телото: орален или бранхијален (жабрен) отвор и атријален отвор. Понекогаш овие отвори се сместени на краевите од сифони со различна должна, при што атријалниот сифон е секогаш дорзално од бранхијалниот (орален) сифон. Оралниот сифон води во голема голтка наречена ''жабрена торбичка''. Таа опфаќа најголем простор во телото на солитарните асцидии. Просторот во жабрената торбичка е жабрената празнина, додека просторот меѓу жабрената торбичка и телесниот ѕид ја претставува атријалната празнина. Таа се отвора во надворешноста преку атријалниот сифон; жабрената и атријалната празнина се исполнети со морска вода. Морската вода, заедно со хранливите честички и [[кислород]]от, се повлекува во жабрената торбичка преку бранхијалниот (жабрен) сифон и со кружно распоредените усни пипала. Таа поминува од жабрената во атријалната празнина преку многу цепнатинки на ѕидот од жабрената торбичка, додека хранливите честички се заробуваат. Потоа, исфилтрираната вода излегува од телото преку атријалниот сифон.
 
Цепнатинките на ѕидот од жабрената торбичка се најчесто мали и имаат трепчести маргини наречени стигми. Формата на стигмите е важна систематска одлика − тие може да се прави и наредени во напречни, поретко надолжни редови или да се спирални по форма, често образувајќи големи инки кои навлегуваат во жабрената празнина. Ѕидот на жабрената торбичка има напречни и надолжни жабрени садови кои се вкрстуваат и даваат мрежести формации. Кај некои асцидии од длабоките води отсуствуваат вистински стигми, при што ѕидот на жабрената торбичка е редуциран и е претставен само со широките мрежести формации од жабрените садови. Жабрената торбичка е билатерално симетрична, при што нејзината медиодорзална линија е обележана со завој означен како ''дорзална (грбна) ламина''. Медиовентралната линија поседува [[ендостил]], кој претставува бразда обвиена со трепчест жлезден епител кој секретира [[мукус]]. Мукусот постојано се движи од ендостилот до дорзалната ламина, а потоа (заедно со исфилтрираните хранливи честички) до [[хранопровод]]от, кој продолжува од жабрената торбичка. Тој е обично краток и секогаш е многу потесен отколку жабрената торбичка. Води до [[желудник]]от, а потоа до цревата. Цревото прави еден завој и се отвора во атријалната празнина.
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Плаштари]]