Ејми Адамс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 77.28.100.98 (разговор), вратено на последната верзија на ГП
Ознака: Отповикување
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до
Ред 14:
}}
 
'''Ејми Лу Адамс''' (родена на 20 август 1974 г.) — американска глумица и пејачка. Таа била именувана во списокот [[Тајм 100|100 највлијателни луѓе во светот]] кој го објавува списанието ''[[Тајм (списание)|Тајм]]'' во 2014 година, и е една од највисоко платените глумици во светот.<ref>{{cite news|title=The World's Highest-Paid Actresses 2016|url=http://www.forbes.com/pictures/emjl45efgmh/7-amy-adams/#2a9bebff4e3f|work=Forbes|accessdate=November 30, 2016}}</ref> Таа добила два [[Златен глобус|Златни глобуси]] и била номинирана за пет [[Оскар]]и и шест [[БАФТА|БАФТА награди]].
 
Адамс својата кариера ја започнала во претстави кои се изведувале во ресторани и својата прва филмска улога ја имала во филмот ''[[Цркни убавице (филм)|Цркни убавице]]'' (1999). Откако се преселила во [[Лос Анџелес]], таа главно играла улоги во телевизиски серии и во ниско буџетни филмови сесè до 2002 година кога глумела во биографскиот филм ''[[Фати ме ако можеш]]''. Адамс направила пробив во 2005 година со улогата во независниот филм ''[[Јунска бубачка (филм)|Јунска бубачка]]'', во кој за изведбата на млада бремена девојка добила номинација за [[Оскар за најдобра споредна глумица]]. Во 2007 година, таа играла улога на принцеза во комерцијално успешниот музички филм на [[Дизни]], ''[[Маѓепсани (филм)|Маѓепсани]]''.
 
Адамс уште три пати била номинирана за Оскар и тоа за изведбите во филмовите ''[[Сомнеж (филм)|Сомнеж]]'' (2008), ''[[Боксер (филм од 2010)|Боксер]]'' (2010) и ''[[Мастер (филм од 2012)|Мастер]]'' (2012). Таа ја играла улогата на [[Луис Лејн]] во суперхеројскиот филм ''[[Човек од челик (филм)|Човек од челик]]'' (2013) и играла улога на уметник измамник во ''[[Американски измамници]]'' (2013); за вториот, таа добила [[Златен глобус]] за најдобра глумица во комедија или мјузикл и била номинирана за [[Оскар за најдобра глумица]]. Таа добила втор последователен Златен глобус за изведбата во драмата ''[[Големи очи]]'' (2014). Во 2016 година, Адамс ја повторила улогата на Луис Лејн во ''[[Бетмен против Супермен: Зора на правдата]]'', и добила пофалби за изведбите во научно-фантастичниот филм ''[[Пристигнување (филм)|Пристигнување]]'' и трилерот ''[[Ноќни животни (филм од 2016)|Ноќни животни]]''.
Ред 29:
 
{{Нормативна контрола}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Адамс, Ејми}}
[[Категорија:Родени во 1974 година]]