Глобално затоплување: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Озон O<sub>3</sub>: Јазична исправка, replaced:  km →  км using AWB
с Форматна исправка, replaced: 0 год. → 0 г. (3), 4 год. → 4 г., 6 год. → 6 г.
Ред 3:
'''Глобалното затоплување''', кое се должи на [[ефект на стаклена градина|ефектот на стаклена градина]] е проблем поврзан со можните глобални климатски промени предизвикани од зголеменото ниво на таканаречените [[стекленички гасови]] во [[атмосфера]]та. Научниците излегоа со тврдење дека зголеменото присуство на овие гасови ќе резултира со глобално покачување на температурата кое, пак би имало бројни негативни па дури и непоправливи ефекти врз животната средина.
Планетата Земја е опкружена од својата атмосфера која е составена од различни гасови. Некои од нив, како на пример [[јаглерод диоксид]], имаат исти својства како стаклените панели на една стаклена градина и не и дозволуваат на [[топлина]]та да ја напушти планетата. Затоа тие гасови ги нарекуваме стакленички гасови. Понатаму, енергијата од Сонцето ја апсорбираат водите, почвите и живите суштества на планетата. Таа енергија постепено се враќа во атмосферата. Колку повеќе има стакленички гасови, толку повеќе топлина е заробена. Тоа се нарекува ефект на стаклена градина.
Ефект на стаклената градина го открил [[Жозеф Фурје]], 1824 година, а прв кој квантитативно го истражил е Сванте Арениус во 1896 год&nbsp;г.
 
== Стакленички гасови ==
Ред 72:
[[Растенија]]та го користат јаглерод диоксидот од воздухот, трансформирајќи го во органски материи, а при тоа ослободувајќи кислород. Тоа се случува при процесот [[фотосинтеза]]та при што се синтетизираат јаглехидрати. Животните и луѓето го користат кислородот во процесот на [[дишење]], при што ослободуваат јаглерод диоксид. Овој процес се одвива постојано и е основа за животот на Земјата.
[[Јаглерод диоксид]] се создава од различни извори, меѓу кои и вулкански ерупции и разградување на органската материја. Исто така, тој се произведува и од [[ферментација]]та на некои [[микроорганизми]] и од [[клеточно дишење|клеточното дишење]] јаглеродниот диоксид го има во мали концентрации во атмосферата. Тој е главна состојка на јаглеродниот циклус.
Започнувајќи од 1750 год&nbsp;г. човечките активности значително ја зголемиле концентрацијата на CO<sub>2</sub> во атмосферата. Измерено е дека атмосферската концентрација на CO<sub>2</sub> е за 100 ppm повисока од пре-индустрискиот период. Јаглерод диоксид е главниот стакленички гас кој е одговорен за повеќе од половина затоплување на Земјата. Постојат многу антропогени извори на CO<sub>2</sub>. Некои од нив ќе бидат наведени и дискутирани во текстот што следи.
[[Фосилни горива]] – најголем дел на јаглерод диоксид се добива од согорување на фосилните горива. Фосилните горива (јаглен и нафта) содржат големо количество на јаглерод. Кога се запалени, тој јаглерод се ослободува во атмосферата во вид на CO<sub>2</sub> , што доведува до зголемување на неговата концентрација во атмосферата. Износ на CO<sub>2</sub> зависи од видот на фосилното гориво.
Главни извори на CO<sub>2</sub> при согорување на фосилни горива со застапеност во период од 2000-2004 год&nbsp;г. се: течни горива (бензин, нафта) 36 %, цврсти (јаглен) 35 %, гасни (природен гас) 20 %, производство на цимент 3 %, согорување на индустриски гасови со помалку од 1 % итн.
Примарни извори на фосилни горива се електрични искористувања (33 %), [[транспорт]] (31 %), индустриски процеси (24 %) и загревање и ладење на објекти (12 %). Емисиите на јаглерод диоксид се зголемени на глобално ниво за 25 % од времето на индустриската револуција, пред 200години, од кои 10 % зголемување е во последните 30години.
Промени при користење на земјиште – како резултат на сечење на шуми има големо влијание на количината на CO<sub>2</sub> оддадена во атмосферата. Дрвја и растенија апсорбираат CO<sub>2</sub> во процес на фотосинтеза, а јаглерод се чува во ткива и влакна од дрвото.
Ред 121:
 
== Што треба да се направи за да се спречи затоплувањето? ==
Човековото влијание на глобалното затоплување денес, за првпат во историјата на Земјата, луѓето ја имаат, можеби, одлучувачката улога за иднината на климатските промени. Потоплата иднина може да беде резултат на денешните активности на луѓето во кои се ослободуваат големи количини на гасови кои ја задржуваат топлината. Овие гасови се дел од причините за зголемување на темп. за 0,5 степени за последните 100 год&nbsp;г.
Денес за секој од над 6 милијарди луѓе на планетата скоро 6 тони СО<sub>2</sub> се исфрла во атм годишно . Како резултат на нашите активности конц. на СО<sub>2</sub> е покачено за 30 % во последните 250 год&nbsp;г.Индустриски развиените земји денес најмногу ослободуваат СО<sub>2</sub> , додека емисијата на СО<sub>2</sub> во земјите во развој е во подем.
Јасно се гледа дека најголемата одговорност им припаѓа на развиените земји (главно [[САД]], [[Европа]] и [[Јапонија]]). Овие земји би требало да вложат најголеми напори за редуцирање на емисиите.Бидејќи најголема последица од климатските промени ќе биде сушата и недостигот од вода, треба да се обединиме кон решавање на овој проблем.