Дебар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Етимологија: Правописна исправка, replaced: патепис → патопис using AWB
с Јазична исправка, replaced: Црни Дрим → Црн Дрим (2)
Ред 147:
Градот Дебар се наоѓа во [[Дебарска Котлина|Дебарската Котлина (Поле)]], на крајниот западен дел на [[Западна Македонија]] и воопшто на [[Република Македонија]] близу до границата со [[Албанија]]. Од [[Скопје]] е оддалечен 131 км, а најблиски градови до него се [[Струга]] (52 км) и [[Гостивар]] (71 км). Дебар лежи во југоисточниот дел на [[Дебарско Поле|Дебарското Поле]] во подножјето на планината [[Дешат]] (Крчин) на надморска височина од 625 метри. Исто така Дебар е опкружен и со планините [[Стогово]] на исток и [[Јабланица]] на југ, кои го одделуваат дебарскиот крај од соседните области [[Кичевско]] и [[Дримкол]] во [[Струшко]]. Градот Дебар се наоѓа на самиот брег до вештачкото [[Дебарско Езеро]], кое е заезерено со изградба на браната Шпилје во [[1969]] година на вливот (утоката) на реката [[Радика]] во [[Црн Дрим]], непосредно на јужниот крај на градот. Планините и брдата [[Крчин]], Тикварци и Пашина Ливада му даваат на градот прилично убав изглед.
 
Низ Дебар минуваат неколку рекички како Вакуфска Река, Бански Поток, Цинцароска Река и некои помали. Водата од овие реки се влива во [[Црн Дрим|Црни Дрим]].
 
Климата во градот е мешовита од континентална и планинска со изразити одлики и на средоземноморската (медитеранската) клима кои се резултат на силното климатско влијание од [[Јадранското Море]] кое доаѓа и се чувствува од запад по долината и течението на [[Црн Дрим]]. Зимите во Дебар се одликуваат со обилни снежни врнежи, а поради високите планини, јадранското влијание и постоењето на вештачкото езеро пролетта и есента се одликуваат со голема влажност и врнежи, додека летата се одликуваат со пријатна свежина.
Ред 160:
Во 1832 година се воведува задолжителен данок - „бедел“ за христијанското население. Тоа доведува до исламизирање на многу христијански семејства. Во тоа време станале големи преместувања од селата кон Дебар и понатаму. Ова преместување продолжува низ целиот XIX век. На местото на македонското население се населувале [[Албанци]]. Отаде во дебарските говори се среќаваат многу албански зборови. Многу македонски фамилии доселени во Дебар си ги зачувале своите семејни имиња по селата од каде што дошле, како на пример ''Кочишки'', ''Броштички'', ''Осолнички'', ''Банишки'', ''Раички'', ''Макеларски'', ''Обочки'', ''Радоешки'', ''Отиштански'' и др.
 
Хан во 1865 години бележи дека градот Дебар имал 2 000 куќи со 10 000 жители, додека Шемседин во 1891 година запишал дека Дебар бил населен со 20 000 жители. Како што може да се забележи Дебар бил најмногу населен во XIX век, а најмногу поради тоа што градот бил важен сообраќаен крстопат и еден од најголемите македонски трговски центри. Низ Дебар минувал главниот пат Via Egnatia. Во исто врмее градот ги опфаќал сите покраини од двете страни на средното течение на ЦрниЦрн Дрим - од [[Струга]] до [[Призрен]], од [[Тирана]] до [[Кичево]] и од [[Елбасан]] до [[Гостивар]]. Сето тоа му придавало големо значење на екномскиот центар на западната страна на Балканскиот Полуостров. Преку Дебар се движеле долги колони каравани во разни правци, за [[Албанија]], [[Солун]], [[Скопје]]. Најтесен контакт во трговски однос Дебар имал со [[Елбасан]], потоа со [[Битола]], [[Солун]] и [[Скопје]]. Во Дебар се внесувало жито, стока и манифактура, а се изнесувало знатно количество кожи и тоа најмногу од ситна стока, потоа гајтан и земјени садови. Дебар се развивал сè до поставувањето на границата меѓу Југославија и Албанија кога неговото значење почнува нагло да опаѓа. Во тој период Дебар ја изгубил својата моќ на трговски центар.
 
[[Податотека:Debar vo 2010 (6).JPG|мини|десно|Споменик на паднатите борци во Дебар]]Покрај трговијата, во Дебар било многу развиено занаетчиството. Најмногу развиени занаети биле којунџискиот, тервискиот, ковачкиот, ѕидарскиот, потоа опинчарскиот, бојаџискиот, зографскиот, казанџискиот и др. Интересно е што со занаетчиство најмногу се занимавало само македонското население, додека албанското повеќе било трговско. Околното население повеќе се занимавало со земјоделство, а помалку со сточарство. Во почетокот на XIX век во Дебарско почнува да се развива печабарството. Ова печалбарство го предизвика феудалниот поредок. Земјата се наоѓала во рацете на агите и беговите. Неа ја обработувало бедното македонско население, помалу и албанското. Наградите за вложениот труд биле мизерни. И тие требало да бараат начини за својот и опстанокот на своите семејства. Започнале масовни печалбарски миграции во [[Бугарија]], [[Турција]], [[Србија]], [[Романија]], па и во [[Египет]] и [[Соединети Американски Држави|Америка]]. Некои од печалбарите сосема се иселувале од Дебар и останувале постојано да живеат во местата каде што работеле. Денес потомци на дебарчани има во [[Солун]], [[Софија]], [[Белград]], [[Букурешт]], а во [[Скопје]] има и свое маало - „[[Дебар Маало]]“.<ref name="ReferenceB"/>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Дебар