Ново Село (Гостиварско): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Додавање на потребен параметар, replaced: слика мапа → слика, Инфокутија за село во Република Македонија| → Инфокутија з using AWB
с →‎Надворешни врски: Правописна исправка, replaced: однесле → однеле
Ред 98:
Општи сознанија кај селаните од Ново Село е дека старото село и храмовите пропаднале кон крајот на XVII век, за време на австро-турските војни. Тогаш Австриската војска и востаниците влегле во Полог од Североисток и тие ја ослободиле областа до подножјето на Влајница на Југозапад. Малкубројната Турска војска се повлекла на гребенот на Влајница и тука се стационирала. За да го заплаши непријателот Турската војска по падините на Влајница по дрвјата закачила воени униформи и секој турски војник ноќе палел по десет огна. Австријанците како што кажува легендата им се причинило дека турската војска е многубројна и затоа тие со многу Македонски востаници го напуштиле Полог. После тоа во селото кое било на сегашното место влегле Турската војска и Сејмени. Тие некои од затекнатите жители ги убиле а селото го запалиле и храмовите ги порушиле. Живи останале 4 семејства кои се сокриле. Тие го основале денешното село.
Верувањата кај селаните од Ново Село дека многу стари Македонски родови од поранешното село кон крајот на XVII век пребегале во Србија и Војводина. Еден тогашен жител по име Стојко Чукар се населил во близината на Белград. Како овдешните селани кажуваат во негова чест постанало Белградското предградие Чукарица. Иселениците кои се населиле во Војводина-Ковин, селата во околината на Панчево и др, ги однеслеоднеле во Сремски Карловци иконите од селскиот манастир СВ. Јован. Тогашни иселеници од Ново Село има и во околината на Видин во Бугарија.
Во касно Турско време некој Дали-Бег собирал војска над Ново Село на место Војска Рамнина. Споменатиот Дали-Бег припремал поход против Дебарските Арбанаси. На тоа место сега сè уште се познаваат ровови. Ново Село еднаш настрадало од [[чума]]. Тогаш селаните бегале од селото и живееле во колиби.