Камен мост (Скопје): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 62.4.57.174 (разговор), вратено на последната верзија на SirGoldenBlade
с Правописна исправка, replaced: патепис → патопис using AWB
Ред 38:
 
== Обновувања и санации ==
Низ вековите мостот претрпел повеќе оштетувања, што наложувало и конкретни зафати за неговото санирање и обнова. Познато е дека мостот настрадал од големиот земјотрес од 1555 год. кога биле разурнати или тешко оштетени четири столбови. Турскиот патеписецпатописец [[Евлија Челебија]], кој престојувал во градот во 1660-61 год., го препишал од мермерна плоча натписот што бил поставен на мостот при неговото обновување. Во натписот е запишано:
{{cquote|Кога луѓето го видоа обновувањето на овој беспримерен мост, фалејќи го, рекоа: „Многу е поубав отколку што беше порано.“}}
 
Обновата била изведена 987 година по хиџра, односно 1579 год. Обновениот мост опстојувал пред почестите налети на реката. Но сепак, во 1817-18 год., за време на султанот [[Махмуд II]] (1808-1839 год.), била извршена нова интервенција, за која според податоците биле платени 28.816 [[грош|гроша]]а и 2 аспри. Интервенции за одржување на мостот се правени и подоцна. Така пред 1885 год. биле презедени градежни работи за обновување на арките и сводовите од североисточната страна, при што се употребени тули за сводовите и камени плочи за долните партии на столбовите. Низ сиот период, сѐ до 1909 год., мостот имал огради од камени плочи.
Во 1895 год., којзнае по кој пат, мостот се нашол под ударот на силно надојдените води на реката [[Вардар]], па во 1896 и 1897 год. биле изградени заштитни ѕидови на кејот, како една од мерките за регулирање на речниот тек во овој дел.
 
Од една денес изгубена камена плоча, која се до 1963 год. се наоѓаше на мостот, а чијшто врежан текст е препишан и така остана сочуван, дознаваме дека по наредба на султанот [[Мехмед V Решат]], во 1909 год., било изведено проширување на мостот со помошта на метални конзоли, кои носеле [[тротоар]] од двете страни на мостот.
 
Во 1944 год. Камениот мост бил миниран од страна на фашистичката војска, но, со ослободување на градот било спречено активирањето на поставениот динамит и мостот бил спасен од уривање.
 
Со цел да се врати првобитниот изглед на камениот мост, почнувајќи од 1992 год. се започнати нови интервенции. Така, тротоарите врз железните конзоли се симнати, со што е добиена првобитната ширина на мостот. Реставрацијата на камениот мост сѐ уште е во тек.
Ред 60:
== Наводи ==
{{наводи|2}}
 
 
{{Стара скопска чаршија}}