Автопат А1 (Македонија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отповикани уредувањата на Ehrlich91 (разговор), враќајќи на последната преработка на Bjankuloski06
Ознака: Отповикување
с Правописна исправка на име на село, replaced: Р’жаничино → ’Ржаничино using AWB
Ред 15:
|cities= [[Куманово]], [[Скопје]], [[Велес]], [[Гевгелија]]
}}
[[File:Avtopat-Aleksandar-Makedonski.JPG|thumb|300px|десно|Делницата на автопатот „Пријателство“ кај [[Р’жаничино’Ржаничино]]]]
[[File:Avtopat-Aleksandar-Makedonski-tabla-Veles.JPG|thumb|300px|десно|Патоказна информативна табла на автопатот непосредно близу Велес, 2014 г.]]
'''„Пријателство“''' (ознака: '''А1''', по старо: '''M1'''), порано познат како '''„Александар Велики“''' — автопат во [[Македонија]], кој се протега во меридијански правец север - југ од границата со [[Србија]] кај граничниот премин [[Табановце]] се до границата со [[Грција]] кај граничниот премин [[Богородица (Гевгелиско)|Богородица]]-[[Мачуково]] (Евзони) близу [[Гевгелија]]. Тој е дел од паневропскиот меѓународен коридор 10, односно меѓународната рута Е-75.
[[File:Avtopat-Aleksandar-Makedonski-Nogaevci(Gradsko).JPG|thumb|300px|Глетка од Делницата [[Велес]] - [[Градско]], кај селото [[Ногаевци]]]]
==Правец на протегање==
Автопатот „Пријателство“ започнува од граничниот премин [[Табановце]] северно од градот [[Куманово]] и во две двонасочни ленти продолжува низ [[Кумановско Поле|Кумановското Поле]], минувајќи непосредно западно крај [[Куманово]] каде се наоѓа крстосницата со магистралниот пат кон [[Крива Паланка]] и граничниот премин „Деве Баир“ на границата со [[Бугарија]]. Близу рафинеријата за нафта „[[ОКТА]]“ кај селото [[Миладиновци]] навлегува во [[Скопска Котлина|Скопската Котлина]] и долината на реката [[Вардар]] по која продолжува да се протега се до македонско - грчката државна граница. Кај селото [[Миладиновци]] се ноаѓа клучката, односно раскрсницата со делницата од автопатот кој води кон главниот град [[Скопје]] и продолжува кон запад како дел од меѓународниот паневропски коридор 8, а во овој предел автопатот непосредно минува и се поврзува [[Меѓународен аеродром Скопје|Меѓународниот аеродром Скопје]].
 
Автопатот продолжува кон југ, навлегувајќи во [[Бадерска Клисура|Прнарската Клисура]] на реката [[Пчиња]] и [[Таор|Таорската клисура]] на реката [[Вардар]] продолжувајќи низ повеќе тунели кон [[Велес]]. Делницата од автопатот [[Катланово]] - [[Велес]] се состои од двенасочни одделни коловозни ленти кои се меѓусебно раздалечени по неколку километри поради ридско-планинскиот, карпест и клисурест терен и во овој предел не постојат клучки за излез од едната и приклучување кон другата насока. Непосредно пред [[Велес]] се наоѓа крстосницата на магистралниот пат кон [[Штип]], [[Кочани]] и [[Делчево]] се до македонско-бугарската граница. По [[Велес]] автопатот минувајќи преку реката [[Вардар]], продолжува кон југ со две одделни непосредно блиски двонасочни коловозни ленти се до [[Градско]] каде се наоѓа крстосницата со магистралниот пат кој води кон [[Кавадарци]], [[Прилеп]] и [[Битола]].
 
Минувајќи непосредно крај античкиот град [[Стоби]], автопатот продолжува низ [[Тиквеш|Тиквешката котлина]] кон [[Неготино]], каде се наоѓа крстосницата со патниот правец кон [[Радовиш]] и [[Струмица]]. Во две одделни двонасочни коловозни ленти автопатот продолжува се до [[Демир Капија]], каде тие се спојуваат во една двонасочна лента и навлегуваат [[Демиркаписка Клисура|Демиркаписката клисура]] и двата препознатливи тунели. На овој потег се наоѓа единствената делница која има една двонасочна лента, а која треба до 2017 година да се изгради уште една одделна лента.
 
Кај селото [[Удово]] автопатот навлегува во Гевгелиско-валандовската клисураи тука се наоѓа излезот за патниот правец кон [[Валандово]] и [[Дојран]]. Се до селото [[Смоквица]] на десниот брег на реката [[Вардар]] патот продолжува во единствена двонасочна лента, а потоа повторно се раздвојува во две одделни коловозни ленти се до градот [[Гевгелија]] каде се наоѓа клучката на локалниот патен правец кон [[Богданци]]. На само 3 километри по [[Гевгелија]] патот завршува кај граничниот премин „Богородица“ на македонско-грчката државна граница.
Ред 32:
Поради поволноста и стратешката важност на [[Вардар|Вардарската долина]], таа секогаш била сообраќајно важна артерија и оска на [[Македонија]] и [[Балкан|Балканскиот Полуостров]]. Најверојатно по оваа траса уште во античко време, најславниот македонски владетел и војсководец [[Александар III Македонски]] заминал во поход против Трибалите на север. Потоа овој географски предел бил многу важен патен правец кон [[Егејско Море|Егејското Море]], а во 1873 била изградена и првата железничка пруга од [[Солун]] до [[Скопје]].
 
Во втората половина на ХХ век, овој патен правец бил дел од југословенскиот [[Автопат „Братство и единство“]], кој минувал низ четири југословенски републики, поврзувајќи ги крајната северна и крајната јужна граница. Сепак условите и инфраструктурата на патот, не биле целосно на нивото на денешните меѓународни стандарди за автопатишта, бидејќи само делот од [[Куманово]] до [[Велес]] бил со две разделени сообраќајни ленти.
 
По осамостојувањето на [[Македонија]] во 1991 година, овој пат етапно почнува да се доградува и подобрува, со изградба на одделни сообраќајни коловозни ленти во две насоки. Доградбата и обновата на автопатот во најголем дел се одвивала со средства на [[Македонија]] и финансиска помош од фондовите на [[ЕУ]]. Така во периодот од доцните деведесети до 2000 година е завршена делниците до [[Градско]] и [[Смоквица]] - [[Гевгелија]], потоа во периодот 2001-2002 делницата до [[Неготино]], во периодот до 2004 е завршена делницата до [[Демир Капија]], а на 8.9.2011 е завршена седумкилометарската делница [[Куманово]] - [[Табановце]]. Во моментот се работи на изградба на втора одделна сообраќајна коловозна лента на делницата [[Смоквица]] - [[Демир Капија]], со што до 2016 година целосно ќе се заврши и изградбата на целиот автопат по сите меѓународни стандарди со две одделни коловозни сообраќајни ленти<ref>[http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=54708 Започна изградбата на делницата Демир Капија - Смоквица - Алфа ТВ]</ref>.
Ред 55:
{{наводи}}
{{А патишта (Македонија)}}
 
[[Категорија:Автопатишта во Македонија|Александар Македонски]]