Еластичност (економија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с →‎top: Додадена категорија using AWB
Ред 2:
'''Еластичноста''' — централен концепт во теоријата на понуда и побарувачка. ''Еластичност'' се однесува на тоа како реагираат понудата и побарувачката на различните промени на факторите. Еден начин да се дефинира еластичноста е: процентуалната промена на една променлива поделена со процентуалната промена на друга променлива(позната како ''арк еластичност'', која што ја пресметува еластичноста за опсег на вредности, за разлика од ''точкаста еластичност'' која користи диференцијални равенки за пресметка на еластичноста на одредена точка.) Еластичноста е мерка на релативните промени.
 
Често добро е да се знае како ќе се промени побаруваната или понудената количина за одредена промена во цената. Ова е уште познато како [[ценовна еластичност на побарувачка]]та и [[ценовна еластичност на понуда]]та. Ако [[монопол|монополист]]отистот одлучи да ја зголеми цената, како тоа ќе се одрази врз приходите од продажба ? Дали и колку зголемената цена ќе го предизвика очекуваното намалување на продаденото количество ? Ако владата воведе [[данок]] на одредено добро,со тоа зголемуваќи ја цената, како тоа ќе се одрази врз побарувачката ?
 
Уште една значајна карактеристика на еластичноста е што ''не е'' само коефициент на нагиб на функцијата. На пример, една права со константен коефициент на нагиб, ќе има различна еластичност на различни точки. Одтаму, мерката на еластичноста е независна од посредни големини (пример унци и грама, метри и милји), каде што мерката на нагибот е зависна од истите.
 
Еден начин да се пресмета еластичноста е количникот на процентуалната промена на количината и процентуалната промена на цената. На пример ако цената се зголеми од 1.00$ на 1.05$, а понудената количина од 100 пенкала на 102 пенкала, тогаш коефициентот на нагиб е 2/0.05 = 40 пенкала по долар. Поради зависноста на еластичноста од процентуалните промени, понудената количина на пенкала пораснала за 2%, а цената за 5%, еластичноста изнесува 2%/5% = 0.4.
 
Поради тоа што се работи за процентуални промени, промената на мерката или валутата нема да влијае врз еластичноста. Ако за голема промена на понудената или побаруваната количина, има мала промена во цената, се вели дека се работи за еластична крива на понудата или побарувачката. Ако пак за мала промена во количината има голема промена во цената, се работи за нееластична крива. Пример за перфектно нееластична понуда или нула еластичност, е вертикалната крива на понуда. (подолу на графикот)
Ред 18:
 
[[Категорија:Микроекономија]]
[[Категорија:Економски поими]]