Гучи: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с →'''Историја''': Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB |
|||
Ред 14:
Алдо и Родолфо Гучи понатаму ги прошириле хоризонтите на компанијата со отварање на канцеларии во Њујорк во 1953 година. Филмските sвезди и џетсетот кои патуваа во Италија во текот на педесетите и шеесетите години донесувајќи го нивниот гламур во Фиренца, ја претвориле стоката на Гучи во меѓународен престижен симбол. Филмските sвезди позираа во облеката, додатоците и обувките на Гучи за модните списанија низ светот, придонесувајќи за растечката репутација на компанијата.
Карактеристичните линии на Гучи ги направиле неговите производи меѓу најчесто копираните во светот во почетокот на 2000-тите.Свинската кожа, телешката кожа и увезените егзотични животински кожи биле подложени на различни методи на изработка. Водоотпорно платно и сатен биле користени за изработка на вечерни чанти. Бамбусот за
Компанијата просперираше во текот на седумдесетите, но осумдесетите биле одбележани со внатрешни семејни конфликти кои го донеле Гучи на работ на катастрофа. Синот на Родолфо, Маурицио ја презедол дирекцијата на компанијата по смртта на својот татко во 1983 година, разрешувајќи го својот вујко Алдо, кој на крајот служел казна затвор заради даночно затајување. Маурицио се покажал како неуспешен претседател; тој бил принуден да ја продаде фамилијарната компанија на Investcorp, Бахреинска компанија во 1988 година. Од останатите свои акции, Маурицио се откажал во 1988 година. За жал, Маурицио бил убиен во Милано во 1995 година и неговата поранешна сопруга Патриција, била осудена за најмување на неговите убијци. Во меѓувреме новите инвеститори го унапредија Доменико де Соло, образуван во САД, од адвокат на семејството во претседател на Гучи-Америка во 1994 година и главен извршен директор во 1995 година.
|