Реален Аикидо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. август + август)
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 16:
Својата кулминација Реалниот Аикидо ја достигнува при одбрана од повеќе напаѓачи. Основна карактеристика е константно, флуидно и рационално движење, со изведување на ефикасни техники коишто овозможуваат многу сигурна и квалитетна самоодбрана.
Примената на оваа комплексна вештина ја зајакнува концентрацијата, координацијата, волјата, решителноста, самодовербата, се зголемува отпорноста на стрес и слично. Основна поставка на Реалниот Аикидо е ефективно да се совлада противникот, а притоа физички да не се повреди. Меѓутоа, во случај на таква потреба, може да биде и многу опасно оружје.
 
 
== АИКИДО ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА - РЕАЛЕН АИКИДО ==
Ред 22 ⟶ 21:
Г-дин Ѓуро Илиќ, најпрво во рамките на Џудо клубот "Пелистер" од Битола како Аикидо секција која подоцна прераснува во Аикидо Клуб "Пелистер".
Од почетокот на 1996 г. егзистира "Аикидо Сојузот на Македонија" со седиште во Битола, кој подоцна прераснува во "Аикидо Федерација на Македонија - Реален Аикидо".
 
 
== СВЕТСКИ ЦЕНТАР ЗА РЕАЛЕН АИКИДО ==
Ред 28 ⟶ 26:
 
Љубомир Врачаревиќ со Аикидо започна да се занимава од 1968 год. До тогаш тренирал Џудо и Џиу Џицу, при што стекнува титула мајстор на овие вештини, а воедно продолжува да се усовршува кај мајсторот Хироши Таде - 9 ДАН. Од тогаш интензивно работи на пропагирањето на Аикидо.
Во 1978 година прв патпрвпат оди во Јапонија и тренира кај Кишомару Уешиба 10 ДАН, син на основачот на Аикидо Морихеј Уешиба. Програмите за специјална обука на војската, полицијата и телохранителите му донесуваат меѓународна репутација.
Почитувајќи го знаењето на јапонските мајстори, Врачаревиќ го усовршува својот стил на работење. Издвоил повеќе од сто техники, со чиешто прочистување и применување на знаењето од другите боречки вештини ја засилува ефикасноста и применливоста на техниките, со што го создал својот стил - Реален Аикидо. Тоа е одлично флексибилен и широко применлив систем на одбранбени техники. Неговото комбинирање е според барањата во одредени ситуации, преку добро движење коешто е мошне важен елемент со кој се постигнува максимална ефикасност.
При второто доаѓање во Токио, 1993 година во Јошинкан, Врачаревиќ се запознал лично со Гозо Шиода 10 ДАН, и добил сертификат за учество на семинарот, како потврда за прифаќањето на Реален Аикидо од страна на големиот мајстор Шиода. Месец подоцна тој добива дозвола да ја посети Царската палата, и во таа пригода се запознава и разменува искуства со главниот инструктор на царската гарда.