Драго Иблер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознака: Изворно уредување 2017
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 23:
По студиите и усовршувањето, Иблер ја проектирал зградата на Заводот за осигурување на работници (1923), прв проект на модерна функционалистичка архитектура во тогашниот [[Загреб]] и [[Кралство Југославија|Кралството Југославија]]. Потоа со загрепските колеги и истомисленици (Драго Галиќ, Младем Каузлариќ, Стјепан Планиќ и други) работел на основањето на т.н. Загрепска школа, неформална група на архитекти, застапници на модернистичкиот правец во архитектура, кои сакале радикално да прекинат со сите непотребни традиционални работи (украси, фасади).
 
Неговиот социјален и општествен ангажман, го довел со раководната позиција на „Групата на Земјата“, која ја основал со истомислениците во 1929 година во Загреб. Во исто време Иблер работел како архитект на бројни конкурси, ама не успевал, бидејќи во повеќето случаи бил одбиван. Еден дел од одбиените работи биле поради конзервативната средина, која не можела да ги прифати новите модернистички (и пуристички) сфаќања на архитектонски убавини, а дел и поради очигледното лево политичко сфаќање, кое се гледало од јавните настапи на „Групата на Земјата“. Но, Иблер не бил без приходи, остварил проекти за бројни помали приватни вили во Загреб, [[Корчула]], неколку индустриски објекти и зградата на Окружниот уред за осигурување во [[Скопје]] ([[1932]].), во која по прв патпрвпат употребил некои нови идеи на [[Ле Корбизје]], помеѓу кои и неговите лентовидни прозорци.
 
Од 1926 година, Иблер работел како професор на Загрепската академија за ликовни уметности, на основаниот оддел за архитектура, кој работел до 1941 година. После тоа, Иблер работел на Женевскиот универзитет како професор за архитектура. По завршувањето на [[Втора светска војна|Втората светска војна]] се вратил во [[Загреб]] и повторно работел на академијата. По војната ги ублажил своите радикални и пуристички сфаќање за чистотата на модерната архитектура, така што неговите повоени дела имаат и чисто декоративни или скулптурални додатоци. Работел многу, ама многу од тоа останало само на хартија како проектот за Белградската опера (1948), зградата на југословенската амбасада во [[Москва]] (1959), Титовата загрепска резиденција (1961-1964). Покрај неостварените, имало многу остварени проекти како станбени згради во Загреп. Меѓу нив е неговиот „Дрвен облакодер“ (1958).
Ред 40:
 
{{Нормативна контрола}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Иблер, Драго}}
[[Категорија:Хрватски архитекти]]