Забранет Град: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с P.Nedelkovski ја премести страницата Забранетиот град на Забранет Град: Правопис - голема почетна буква на секој дел кај сопствените имиња
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 42:
 
== Историја ==
 
Местото на кое се наоѓа забранетиот град пред тоа било дел од [[канбалик|царскиот град]] за време на династијата [[Јуен (династија)|Јуен]]. Кога династијата [[Минг (династија)|Минг]] дошла на власт, првиот цар [[Хунгву]] ја преместил престолнината во [[Нанџинг]] и во [[1369]] наредил да се срамнат со земја [[Јуен (династија)|монолските]] дворци. Неговиот син, [[Џу Ди]], бил назначен за Принц на Јан со престолнина во [[Пекинг]]. На ова место бил изграден принцов дворец. Во [[1402]], Џу Ди го узурпирал престолот и станал Цар [[Јунгле]]. Тој ја вратил престолнината во [[Пекинг]] и започнал со планирање на нов царски дворец кој ќе му биде рамен на оној во [[Нанџинг]].
 
Изградбата на Забранетиот град започнала во [[1406]] и биле потребни 14 години и 200.000 работници за таа да се заврши. Главната оска на новиот дворец се наоѓа источно од дворецот на династијата [[Јуен (династија)|Јуен]], дизајн наменет да ја постави другиот дворец во западна или „убиствена“ позиција. При копањето на [[шанец]]от околу дворецот, земјата се натрупувала северно од дворецот за изработка на вештачко брдо, [[Џингшански парк|Џингшанското брдо]].
 
Од завршувањето во [[1420]] до [[1644]], во селската буна под водство на [[Ли Зиченг]] дворецот бил нападнат како седиште на династијата [[Минг (династија)|Минг]]. Династијата [[Чинг (династија)|Чинг]] која следела по неа исто така била сместена во Забранетиот град. Во [[1860]], за време на [[Втора Англо-кинеска војна|Втората Англо-кинеска]] Опиумска војна, британските сили успеале да се пробијат до средиштето на Забранетиот град и го држеле под окупација сè до крајот на војната. [[Англија]] е едиствената земја која го постигнала ова.
Ред 93:
== Разно ==
* „[[Последниот кинески цар]]“ (1987) бил првиот игран филм во историјата кој добил дозвола за снимање во Забранетиот град од Владата на НР Кина.
* Операта „[[Турандот]]“ на [[Џакомо Пучини]], во која се работи за приказната на една кинеска принцеза, била за прв патпрвпат изведена во Забранетиот град во [[1998]].
 
== Извори ==
Ред 110:
* [http://www.paulnoll.com/China/Excursions/Beijing-ex-Forbidden-City-map.jpg Панорамска карта на Забранетиот град] {{en}}
* [http://www.chinamuseums.com Кинески музеи] {{en}}
 
 
{{Музеи во Пекинг}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Музеи во Пекинг]]
[[Категорија:Музеи во Кина]]