Роза Луксембург: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-Првата Светска Војна +Првата светска војна)
с Јазична исправка, replaced: Руската империја → Руската Империја using AWB
Ред 10:
Во текот на ова време Луксембург го среќава својот животен сопатник [[Лео Јогишес]], кој во тоа време ја предводи Полската социјалистичка партија. Додека Луксембург е гласноговорник и теоретичар, Јогишес ја дополнуваше како организатор на партијата. Тие развија интензивни лични и политички врски до крајот на нивните животи.
 
Луксембург во 1898 отпатува од Цирих за Берлин и таму се приклучи на Социјалдемократската работничка партија на Германија. Брзо по вклучувањето во партијата, започна нејзината најжива револуционерна агитација и почнаа да се појавуваат нејзините најважни дела. Изразувајќи ги главните теми на дебатата во германската социјалдемократија во тоа време, таа во 1900 ја напиша „Реформа или револуција", насочена против ревизијата на марксистичката теорија од страна на [[Едуард Бернштајн]].
 
Додека Луксембург ја поддржуваше реформистичката активност (во смисла на [[класна борба]]), целта на овие реформи била да се изврши револуција. Таа нагласуваше дека бескрајните реформи трајно би го поддржувале владеењето на буржоазијата, долго време по можноста преку пролетерска револуција да се почне да гради социјалистичко општество. Во оваа смисла, Луксембург заедно со [[Карл Кауцки]] помогна во спречувањето на влијанието на [[ревизионизам|ревизионизмот]] во Германската социјалдемократска партија.
 
Со револуцијата од [[1905]] во [[Русија]], Луксембург го пренасочи своето внимание кон социјалистичкото движење во Руската империјаИмперија. Таа застана зад ставот дека рускиот пролетаријат ќе ја предводи социјалистичка револуција; наспроти ставот на [[меншевици]]те и [[есери]]те (социјалистите-револуционери) и поддржувајќи ја Болшевичката партија. Луксембург отиде во [[Варшава]] во помош на руското револуционерно зајакнување и е притворена поради нејзините активности.
 
Во [[1906]] таа почна силно да ја брани теоријата за „масовниот штрајк" како најважното револуционерно оружје на пролетаријатот. Овој нејзин стремеж наиде на остра реакција во редовите на Германската социјалдемократска партија, во прв ред од страна на [[Август Бебел]] и [[Карл Кауцки]].
Ред 28:
== Творештво ==
 
Најзначајни дела на Роза Луксембург се:
 
* „''Социјална реформа или револуција''“ (1900),
Ред 41:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Марксизам]]
[[Категорија:Германски политичари]]