Д’мбени: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Brsjakovski (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
с Јазична исправка, replaced: Општествени институции → Општествени установи using AWB
Ред 57:
Селото Д’мбени се наоѓа на [[Географски координатен систем|географските координати]] 40°34'60" СГШ и ИГД 21°8'60". [[Релјеф]]oт му е [[Планина|планинско]]-ридски со мали [[Рамнина (географија)|рамнини]] и [[Котлина|котлини]]. Од север кон југ го сечат четири истечни води и суводолци и трапови. Одогенетскиот процес се развил во тријасот од [[Мезозоик|мезозојската ера]], па планините се издигнуваат од дното на некогашното море. Тогаш се формирал и динарско-пиндскиот планински систем кој му припаѓа на [[Орлово]] (Малимади).<ref name="Д’мбени15.">Лазо Поп-Јаневски: ''Костурското село Д’мбени''. АУРОРА, Скопје, 1996, стр. 15</ref>
 
Тоа се наоѓа во северозападниот дел на [[Костур (округ)|Костурскиот округ]] во Егејска Македонија. Расположено е на еден гранитен масив наречен Орлово, огранок на планината [[Вињари (планина)|Вињари]], во должина од 900 метри. Од градот [[Костур (Грција)|Костур]] е оддалечено околу 20 км, а од [[Билишта]], гратче што се наоѓа во [[Албанија]], околу 25 км. На север, преку планината Вињари, се граничи со селото [[Брезница (Костурско)|Брезница]]; на североисток преку планината Костолата се граничи со селата [[Габреш (Костурско)|Габреш]] и [[Дреновени]]; на исток, преку планините Тумба, Кирјака и Тројница, со селата [[Четирок]] и [[Света Недела (село)|Света Недела]]; и на запад, преку планината Уши, со селото [[Косинец]], а преку планината Арвенко и со селото [[Смрдеш]]. Сите овие села се населени со чисто [[Македонци|македонско]] население, со исклучок на [[Сливени]] (населено со [[Маџири]], доселеници од [[Мала Азија]]), додека селата Четирок и Света Недела се со мешано население - Македонци и Маџири.<ref name="Д’мбени13.">< /ref>
 
== Клима ==
 
[[Клима]]та во Д’мбени е [[Умереноконтинентална клима|умереноконтинентална]] со [[Средоземно Море|медитеранско]] влијание. Зимите се благи, со многу снег, а летата топли и суви. Средната годишна температура е 15° [[Целзиусов степен|Ц]], а средната температура во јануари е околу 4° Ц. Најтопол месец е јули со просечна температура од 26° Ц.<ref name="Д’мбени16Д’мбени17.">Лазо Поп-Јаневски: ''Костурското село Д’мбени''. АУРОРА - Скопје, 1996. стр. 15</ref>
 
Врнежите се нерамномерно распоредени во текот на годината. Најмногу дожд паѓа во пролет и есен и секогаш е придружен со силни ветрови и грмотевици. Годишно паѓаат од 600-900 мм врнежи на 1 м². Ветровите се претежно од неопределена насока бидејќи селото се наоѓа во подножје на планински полувенец. Најпознат и најчест е ветерот југо кој дува во зимските и пролетните месеци.<ref name="Д’мбени16Д’мбени17."></ref>
 
== Историja ==
[[Податотека:Dumbeni.jpg|мини|десно|300п|Д’мбени на почетокот на XX век]]
{{Главна|Историја на Д’мбени}}
Се претпоставува дека Д’мбени е создадено по доаѓањето на [[Турци]]те на [[Балкански Полуостров|балканскиот полуостров]]. Настанало од повеќе помали македонски населби што се наоѓале во негова близина. Така, источно од Д’мбени се наоѓало селцето Берик. Неговите жители биле чифлигари на жервенскиот бег; на југоисток се наоѓало селцето Горно Сливени чии жители биле чифлигари на сливенскиот бег; на југ се наоѓало селцето Сајново, а неговите жители биле чифлигари на четирскиот бег и на југоисток се наоѓало селцето Света Петка чии жители биле чифлигари на светонеделскиот бег. И до ден денес тие места, каде што биле селските населби, ги носат истите имиња.<ref name="Д’мбени13.">< /ref>
 
=== Турско ропство ===
Ред 100:
Поради варовните ридови и планини, во селото послабо успевале [[Фуражни култури|житните растенија]]. Затоа, само на подобрите ниви се сеело [[пченица]] и [[пченка]], а послабите ридски и каменести ниви се посадувале со [[’рж]], [[овес]], [[уров]], леќа и друго. Поради големата покриеност на планините со плодни дрвја, селаните ги користеле плодовите за тргување и за домашна употреба.<ref>Лазо Поп-Јаневски: ''Костурското село Д’мбени''. АУРОРА - Скопје, 1996. стр. 19</ref>
 
Во Д’мбени од секогаш било развиено и [[лозарство]]то. Лозјата, главно, ги задоволувале потребите на домаќинствата, односно се користеле за правење [[вино]] и [[ракија]].
 
Во селото имало и: дуќанџии, кафеани, чевлари, шивачки, столарски работници, бочвари, слаткарници, браварници, самарџии, лимари, бербери и др.<ref>Лазо Поп-Јаневски: ''Костурското село Д’мбени''. АУРОРА - Скопје, 1996. стр. 20-22</ref>
Ред 109:
=== Имиња и презимиња ===
 
Со потпаѓањето на егејскиот дел на Македонија под административна власт на Грција, а посебно со диктатурата на [[Јоанис Метаксас|Метаксас]] од [[1936]], им било наредено на Македонците да ги променат своите имиња со грчки. Поповите го вршеле прекрстувањето и ги внесувале во регистрите, а новороденчињата не ги примале доколку, претходно, родителите не го кажеле името на грчки. Прекрстувањето било на следниов начин: Трпо се прекрстувал во Трифунас, Цвета во Антула, Стојанка во Иоана, Лина во Амалија, Ванчо во Иоанис, Насо во Атанасиос, Живко во Зисис, Дафина во Дафни, Лена во Елони, Крсто во Ставрос итн. Презимињата биле менувани на сличен начин, односно: Трповски во Зисијадис, Шерков во Шекропулос, Караџов во Каразас, Шмагранов во Смагранис, Ангелков во Ангелкопуслос, Шимбов во Симбас и сл. Тоа значи дека на крајот на презимето редовно се додавале наставките: -ос, -ас, -ис, -у, -ну, итн.<ref name="Д’мбени17.">Лазо Поп-Јаневски: ''Костурското село Д’мбени''. АУРОРА - Скопје, 1996. стр. 15</ref>
 
== Религија ==
[[Податотека:St Nikola church in Dmbeni.jpg|мини|десно|Црквата „Св. Никола“]]
Сите д’мбенци биле [[Православие|православни]]. Во селото имало 4 попа. Имало три цркви: „Св. Никола“, подигната на местото Д’мбо; „Св. Димитрија“, подигната во центарот на селото; и третата била изградена надвор од селото. Тоа бил манастирот „Св. Петка“ кој се наоѓал на место каде што некогаш имало населба. Секоја година, во манастирот „Св. Петка“, се одржувал [[панаѓур]] на кој доаѓале луѓе од сите околни села (Косинец, Света Недела и Четирок). За манастирот и неговиот имот се грижеле калуѓери кои таму живееле.<ref name="Д’мбени22.">< /ref>
 
== Општествени институцииустанови ==
 
=== Образование ===
Ред 121:
Првото училиште во Д’мбени било подигнато до црквата „Св. Димитрија“. Во 1903, со нападите на аскерот, изгорело и училиштето. По обновувањето на селото д’мбенци го обновиле и истото и направиле поголемо училиште со 5 училници и други потребни простории. Поради нараснувањето на популацијата на селото, од 1935 до 1938, со свои средства, селаните подигнале големо училиште со седум училници, сала за состаноци и приредби, кабинети, други придружни простории и уредиле голем двор. За време на [[Грчка граѓанска војна|граѓанската војна во Грција]], во училиштето била сместена грчка полиција и единици на грчката армија, од каде што и даваа отпор на [[Демократска армија на Грција|ДАГ]]. На 21 јуни, 1948, заедно со селото, изгорело и училиштето.<ref name="Д’мбени22.">Лазо Поп-Јаневски: ''Костурското село Д’мбени''. АУРОРА - Скопје, 1996. стр. 22-23</ref>
 
Повеќето д’мбенци имале завршено учителска школа. Некои од нив учествувале во подучувањето во родното село. Во турскиот период такви биле: Кирјако Трпковски, Јото Шекров, Јорго Деловски, Лазар Поптрајков, Ѓело Шекров, Лазо Москов, Дана Москова, Доча Трповска и други. Наставата ја изведувале на македонски јазик - костурски говор.<ref name="Д’мбени22.">< /ref>
 
== Културни и природни знаменитости ==
Ред 127:
=== Топоними ===
 
До последното потполно уништување на селото, сите планини, реки и места имале македонски имиња. Д’мбенски топоними се: Малимади, Вињари, Арвеникот, Костолата, Калето, Тровица, Уши, Арангела, Света Петка, Плочите, Ливадјето, Злостана, Котлињата, Попова Глава, Трна, Бојовица, Скрчиците, Чешки, Леска, Лазиња, Рудињата, Герови Кории, Галов Сад, Јанилова Глава, Пандарница, Ридо, Голем Рид, Дренче, Рото, Маркова Нога, Рамнините, Козмово, Белите Камички, Николино Орејче, Маново, Новите Нивје, Широк Пат, Четирско, Бочкарово, Чрнио Пен, Шипурка, Сливенско, Широко Ротишче, Бора, Манково, Кораљач, Долна Локва, Јанов Рид, Коблица, Неор, Кочови Кории, Иличина чешма, Крстов бунар, Забранетото, Мостот итн.<ref name="Д’мбени17.">< /ref>
 
Во последниот период од постоењето на селото, грчката власт почнала поретко да ги менува имињата на местата на грчки, аналогно на македонските. На пример, месноста Јанилова Глава била преименувана во Јанито кефали, Широк Пат во Плами Дромо, Ридо во Лофод итн., но без никако успех бидејќи не можеле да најдат соодветни грчки имиња и бидејќи населението ги знаело и ги именувало на македонски. Македонските имиња на топонимите останале сè до постоењето на селото и на македонското население во него.<ref name="Д’мбени17.">< /ref>
 
=== Куќи и покуќнина ===
Ред 135:
Куќите во Д’мбени биле од приземје и кат, два ката, а некои имале и по три ката. Претежно биле градени од камен, а покриени со керамиди кои биле произведени во селото или од во селата Четирок и Грабеш. Сите имале фасади, а над вратите и прозорците најчесто имале разни бордури од гипс: грбови во семејни монограми и дати на градбата. Внатре, собите, имале патос од штици. Скоро сите, од внатрешната страна, имале вградени плакари кои служеле за чување на постелнината и друго. Секој куќа имала двор, соѕидан со повисоки ѕидови и широка порта за влегување. Во дворот имало помошни простории како авур за чување на крупен добиток, фурна за печење леб, котар за свињите, летна кујна и друго.
 
Распоредот на просториите, главно, бил функционален во зависност од активноста на семејството. Една просторија во приземјето, најчесто, служела за чување на прехранбени производи. Таа се викала керал. Втората просторија била кујна или секојдневна соба, додека другите служеле за спиење, а редовно имало и по една соба за прием на гости. Подот од собите бил послан со черги или килими изработени од жените во селото. Во спалните соби имало дрвени или железни кревети послани со волнена постелнина, а прозорците имале пердиња изработени од жените или донесени од печалба. Затоплувањето на просториите се вршело со ѕидни огништа (постар вид на камин) во кои се ставале дрва, а за осветлување користеле газиени ламби.<ref>Лазо Поп-Јаневски: ''Костурското село Д’мбени''. АУРОРА - Скопје, 1996. стр. 18-19</ref>
 
=== Носија ===
Ред 141:
Носијата во Д’мбени до [[Илинденско востание|Илинденското востание]], претежно, била од домашна изработка. Со развојот на печалбарството настанале и измени во народната носија. Всушност се променил и начинот на живеење.<ref name="Д’мбени23.">Лазо Поп-Јаневски: ''Костурското село Д’мбени''. АУРОРА - Скопје, 1996. стр. 13</ref>
 
*''мажите'' носеле: волнени чорапи, ѓурдни, шалвари, бели ткаени кошули и плетени капи или качкети,<ref name="Д’мбени23.">< /ref>
*''жените'' носеле: рачно плетени волнени чорапи, волнени ткаени фустани до под колена со староградски крој, шајзи кои биле украсени по рабовите со разнобојни гајтани, на градите биле украсени со полка од кадифе, ткаени скутници во разни бои, црна или бела шамија<ref name="Д’мбени23.">< /ref>
 
== Прослави и обичаи ==
{{Главна|Прослави и обичаи во Д’мбени}}
Најмасовно во Д’мбени се празнувале празниците [[Божиќ]] (Крачун) и [[Велигден]], потоа славите и имендените. Тогаш се прекинувале секојдневните работи за да се посетат роднините и пријателите. На овие празници и слави доаѓале до израз облеката, уредноста и гозбата.<ref>Лазо Поп-Јаневски: ''Костурското село Д’мбени''. АУРОРА - Скопје, 1996. стр. 24</ref>
 
== Личности ==
Ред 175:
== Надворешни врски ==
* [http://www.dambeni.com/ Страница за Д’мбени]
 
 
{{Костур}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Д’мбени