Историја на книжевноста: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф)
с Стилска исправка, replaced: Античка Грција → Стара Грција using AWB
Ред 1:
{{Ист-лит}}
{{Литература}}
'''Историја на книжевноста''' или '''историја на литературата''' го проследува развитокот на литературата и литературните процеси во контекст на цивилизацискиот развој на човештвото.<ref>Група автори: „Македонски јазик и литература“, Просветно дело, 2006, стр. 122</ref> Настојува да прибере што повеќе податоци за литературните состојби на определен период, има научноистражувачки карактер, во постојана потрага е на нови текстови од архивската граѓа, кои би придонеле за расветлувањето на дадениот период. Оваа наука настојува да ги протолкува сложените врски и односи на литературата и општеството. Може да биде фкусирана на различни подрачја: ''историја на оддела (национална) литература'', ''споредбена (компаративна) литература'' и ''општа (светска) историја на литературата''.
 
==Најстарите литератури на светот==
[[Податотека:Kurukshetra.jpg|thumb|200px|left|Илустрација на ракописот [[Махабхарата]] - битката на Курукшетра]]
Денес немаме друг начин да дојдеме до најстарите култури освен преку археолошките ископини и пишаните споменици кои се зачувале до денес. Долго време за најстари литератури се сметаа египетската, индиската и хебрејската. Но, кон крајот на [[19 век]] се открија ископините на [[Сумерското Царство]], кои покажаа развиена цивилизација, а на глинените плочи покрај другите написи до нас дојде [[Епот за Гилгамеш]]. Овој еп се смета за најстариот пишан литературен текст воопшто, потекнува од пред околу 3 до 4 илјади години
пред новата ера.
 
=== Асиро-вавилонска литература ===
Ред 40:
==Антика==
:''Главна статија: [[Античка книжевност]]''
Антика е термин кој го означува периодот на европската политичка и културна историја во кој водечка улога имале стара [[АнтичкаСтара Грција|Грција]] и [[Антички Рим|Рим]]. Антиката го опфаќа периодот од околу [[15]] векови, од [[1000]] година п.н.е. до 500. н.е., помеѓу падот на Западното Римско Царство ([[476]]) и затворањето на паганските филозофски училишта во источното, [[Јустинијан I|Јустинијан]]ово царство.
 
===Старогрчка литература===
:''Главна статија: [[Грчка книжевност]]''
[[Податотека:Iliad VIII 245-253 in cod F205, Milan, Biblioteca Ambrosiana, late 5c or early 6c.jpg|thumb|[[Илијада]], Книга VIII, 245-53, грчки ракопис, кон крајот на 5-ти и почетокот на 6 век по Христа.]]
Старогрчката литература е најстарата запишана литература на територијата на денешна [[Европа]]. Таа се создавала врз основата на [[старогрчката митологија]]. Литературните почетоци се врзуваат за еолските и јонските градови во Азија, каде што се развила поезија во која се опевале подвизите на легендарните јунаци. Од таа богата книжевност останати се две ремек-дела [[Илијада]] и [[Одисеја]], а името на човекот кој ги испеал - [[Хомер]]. Од 8 век п.н.е. потекнува спевот „''Теогонија (Раѓање на Боговите)''“, кој го испеал [[Хесиод]]. Додека Хомер се смета за татко на јуначкиот еп, Хесиод пеел митолошко-поучен еп, кој зборува за настанувањето на светот.
 
Меѓу 7 век п.н.е. и 5 век п.н.е. културата и уметничкиот живот биле многу богати. Во големите светилишта [[Делфи]] и [[Олимп]] се одржувале светите игри, религиозни фестивали на кои се натпреварувале спортисти, но и поети. Книжевните дела на поединци биле високо вреднувани. Најстар вид лирска песна била [[елегија]]та, која на почеток воопшто не била тажна песна, туку морализаторска, која поучува. Елегии пишувале [[Калин од Ефес]], [[Тиреј од Спарта]], како и [[Солон]], атинскиот законодавец. Меѓу најпознатите лирски автори се: поетесата [[Сафо]], [[Анакреонт]] кој ја опевал животната радост, љубовта и гозбите, [[Пиндар]], автор на обемно дело од кое останале зачувани само [[Епиникии]]те, и други.
 
Театарската уметност се развила во три драмски облика: [[трагедија]], [[комедија]] и [[сатирска игра]]. Публиката која ја следела претставата се поистоветувала со главниот јунак и со неговата способност да се жртвува себеси заради некое општо добро. На тој начин, гледачот се подготвувал за херојски дела. Првите претстави се играле во самите храмови, а подоцна се граделе камени [[амфитеатар|амфитеатри]], кои ја зголемувале звучноста на сцената. Во Македонија такви амфитеатри има во ископините на [[Стоби]], во [[Хераклеја]] и во [[Охрид]].
Ред 62:
[[Image:Lesnovo-Parenesis.jpg|thumb|200px|Фрагмент од Лесновскиот паренезис]]
Средновековната книжевност е создадена во духот на актуелните општествени сознанија со доминантен акцент на црковната христијанска идеологија. Средновековните романи и раскази биле омилен жанр, покрај христијанските и библиските содржини.
Средновековната литература е составена од богат систем на жанрови и родови. Скоро сите жанрови биле преземени од византиската литература.<ref>Група автори: „Македонски јазик и литература“, Просветно дело, 2006, стр. 266</ref> Основната структура се градела врз библиските текстови. Расказите и романите биле преводи или преработки на тогаш најпознатите светски дела, со белези на рицарски морал. Првите оригинални раскази настанале во периодот од [[9 век]] до [[12 век]]. Меѓу романите, најстар и најпознат е „Романот за Александар Македонски“, кој потекнува од [[2 век]] или [[3 век]], напишан од [[Псевдо-Калистен]] од Александрија. Овој роман е поставен на фантастична основа, со интересно испреплетени легендарни приказни за [[Александар Македонски]], како и историски податоци за него.
 
===Средновековна словенска писменост===
:''Главна статија: [[Средновековна македонска книжевност]] и [[Средновековни книжевни школи]]''
Средновековниот период во [[Македонија]] се карактеризира со дејноста на две книжевни школи: [[Охридска книжевна школа|Охридската]] и [[Кратовска книжевна школа|Лесновскa]]. Ракописите од Охридската и од Лесновската школа се совпаѓаат едни со други според повеќе правописни и јазични особености, и ја претставуваат македонската варијанта на [[црковнословенски јазик|црковнословенскиот јазик]].
 
===Средновековна англиска книжевност===
Ред 80:
 
{{Нормативна контрола}}
 
{{DEFAULTSORT:History Of Literature}}
[[Категорија:Историја на книжевноста| ]]