Василиј II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 85.187.111.235) и ја поврати преработката 3800823 на Dandarmkd
с Правописна исправка, replaced: Римско царство → Римско Царство (16) using AWB
Ред 23:
|mother =[[Теофано]]
}}
'''Василиј II''' ({{lang-el|Βασίλειος Β}}, 958г. - 15 декември 1025), — [[Римски цар|римски император]] од [[Македонска династија|Македонската династија]] кој владеел од 10 јануари 976г. до 15 декември 1025г. Тој во негово време бил познат како '''Василиј Порфирогенит''' и '''Василиј Помладиот''', да се разликува од неговиот претходник-предок [[Василиј I Македонецот|Василиј I]].
 
Раните години од неговото долго владење преовладувале со граѓанската војна против моќните генерали од [[Анадолија|анадолската]] аристократија. Откако ги потчинил, Василиј ја надгледувал стабилизицијата и проширувањето на источната граница на [[Римско царствоЦарство|Римската империја]], како и потчинувањето на [[Самоилово царство|Самоиловата држава]]. Поради ова, тој бил наречен од подоцнежните автори „Бугароубиецот“. До неговата смрт, Империјата се претегала од јужна [[Италија]] до [[Кавказ]]от и од [[Дунав]] до границите на [[Палестина]], најголемото територијално проширување по освојувањата на Арабјаните, четири векови порано.
 
Василиј II бил најлутиот непријател на [[Самоил]]. Во [[1014]] година, во [[битката кај Беласица]], тој ја победил војската на [[Самоил]] и ослепил 14-15 илјади заробени војници, кои потекнувале од сите области кои ги владеел Цар [[Самоил]], почнувајки од [[Далмација]] - [[Јадранското Море]] до [[Егејското Море]].
 
==Ран живот==
Ред 37:
 
===Конечно преземање на власт===
Иако императорските права на легитимните претставници на [[Македонска династија|Македонската династија]], како на времето на [[Никифор II Фока|Никифор Фока]] така и во времето на [[Јован I Цимискиј|Јован Цимискиј]] формално останале нечепнати, сепак постепено се повеќе се заборавало дека престолот всушност им припаѓал на "во пурпур родените" императори Василиј II и [[Константин VIII]]. Се сметало за природно власта да се наоѓа во рацете на некој војсководец од кругот на [[Римско царствоЦарство|римското]] благородништво. Така и по смртта на Јован Цимискиј во [[976]]г., како претендент на упразнетата намесничка позиција, се јавил неговиот шура Варда Склир. Се чинело дека Македонската династија, слично како старите [[Меровинзи]], ќе стане жртва на силните [[мајордом]]и или, слично на [[Абасидски калифат|багдадските]] калифи, ќе игра само декоративна улога во сенката на надмоќните [[султан]]и. Меѓутоа, благодарение на необичната енергија на младиот император Василиј II, ваквата судбина ја избегнал.<ref name="ReferenceA">Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 357.</ref>
 
Во тоа време синови на Роман II веќе не биле малолетни: Василиј имал осумнаесет, а Константин шестнаесет години. Со помошта на паракимоменот Василиј, нивниот вујко, тие ја презеле власта. Но, фактички со државата управувал само Василиј II, бидејќи Константин, вистинскиот син на [[Роман II]], бил лесноверен младич кој се свртел кон уживање.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 357.<name="ReferenceA"/ref>
 
==Внатрешна политика==
===Први години===
Василиј II, напротив, се покажал како човек со [[Железо|железна]] енергија и со извонредни активности: меѓу сите потомци на Василиј II, тој бил единствениот вистински владетел и навистина голем државник. Меѓутоа, во почетокот и нему му недостигало доволно искуство за вршење на владетелската положба. Сметан од детството само кукла која на дворските свечености која се појавува покрај моќните узурпатори, тој изгледал беспомошно кога одеднаш се нашол во вртлогот на бурните настани. Дури тешките искуства кои го снашле по преземањето на власта направиле од него зрел човек и го очеличиле неговиот карактер. Сите државни работи во почетокот ги водел евнухот Василиј. Според тоа и обидот за узурпација на Варда Склир бил насочен повеќе против него отколку против младите легитимни императори кои никој не ги сфаќал сериозно.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 357-358.</ref>
 
===Прва граѓанска војна===
Варда Склир, претставникот на едно од најугледните магнатски семејства, во времето на својот зет [[Јован I Цимискиј|Јован Цимискиј]], како доместик на Исток, заземал највисока заповедничка позиција во [[Римско царствоЦарство|римската]] војска. Во [[лето]]то [[976]]г. неговите трупи го прогласиле за император. Бидејќи извојувал повеќе победи над императорите војсководци, Варда Склир постепено ја довел под своја власт цела [[Мала Азија]]. Во почетокот на [[978]]г. по заземањето на [[Никеја]], тој и се приближил на [[Константинопол|Престолнината]]. Во овој критичен миг паракимоменот Василиј му се обратил на Варда Фока, внукот на царот [[Никифор II Фока|Никифор Фока]], смел војсководец, кој своевремено самиот се обидел да го узурпира престолот на Јован Цимискиј. Како што него тогаш, во служба на Цимискиј, го совладал Варда Склир, така требало сега тој, во служба на новиот император, да го отстрани Склир. И навистина Варда Фока го победил својот стар соперник, но помалку како слуга на легитимниот цар, а повеќе како претставник на моќното семејство Фока. Не впуштајќи се во борба кај Цариград, тој тргнал за [[Кесареја]], упориштето на Фока, и со тоа го принудил узурпаторот да се повлече во внатрешноста на Мала Азија. Првите битки ги добил Склир, но во [[мај]] [[979]]г. Фока во Панкалејската рамница, близу до Аморион, најпрвин го победил својот соперник во двобој, а потоа целосно ја победил неговата војска. Склир побегнал на дворот на [[Абасидски калифат|калифот]] и со тоа завршила оваа прва граѓанска војна кој траела три месеци и која претставувала само почеток на уште потешки заплети.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 358-359.</ref>
 
===Отстранувањето на паракимоменот Василиј===
Ред 54:
 
===Востанието на Комитопулите===
Првиот самостоен потфат на Василиј II бил неговиот поход на [[Балкан]]от, во [[986]]г. Смртта на [[Јован I Цимискиј|Јован Цимискиј]] ги ослободила непријателите на [[Римско царствоЦарство|Римската империја]] од силниот притисок, а граѓанската војна, до која дошло потоа, им пружила можност да стапат во акција. Особено далекусежни последици имало слабеењето на римската централна власт на Балканот. Во [[Македонија]] во 976г. избувнало востание под водство на четворицата "[[комитопули]]" - синови на комес-војводата [[Комес Никола|Никола]]. Востанието зело големи размери. Претворајќи се во борба за ослободување од римската власт, тоа ги преминало пределите на Македонија и постепено го зафатило најголемиот дел од Балканскиот Полуостров. Известен за акцијата на Комитопулите, симнатиот [[Прво бугарско царство|бугарски]] цар [[Борис II|Борис]] со својот брат Роман побегнал од [[Константинопол]], но настрадал при преминот на границата. Роман се спасил, но тој не можел да ја носи круна, бидејќи Римјаните/Ромеите го скопиле. Водството за борба, а потоа и императорската круна му припаднале на најмладиот комитопул, на смелиот и енергичен [[Цар Самоил|Самоил]]. Двајцата постари негови браќа [[Давид (комитопул)|Давид]] и [[Мојсеј (комитопул)|Мојсеј]], загинале во борбите, а третиот [[Арон (комитопул)|Арон]] подоцна бил убиен од Самоил.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 360-361.</ref>
 
===Втора граѓанска војна===
Охрабрени од неуспехот на императорот против [[Цар Самоил|Самоил]], [[Римско царствоЦарство|римските]] благородници-великодостојници одново се дигнале против него. Варда Склир во почетокот на [[987]]г. се вратил во римската држава и повторно се прогласил за император. Варда Фока кој поради врските со паракимоменот Василиј бил отстранет од позицијата, одново бил поставен за врховен заповедник во [[Азија]], за уште еднаш да стапи во акција против својот соименик. Наместо тоа и тој се побунил против Василиј II, и на [[15 август]] [[987]]г. се прогласил за император. Неговото одметнување било особено опасно, бидејќи било подготвено на состанок на вишите римски офицери и на претставниците на [[Мала Азија|малоазиските]] магнатски семејства. Зад Варда Фока стоеле воените команданти, озлобени од самоволниот млад император, и највлијателните малоазиски магнати-велепоседници. Во почетокот, Фока се спогодил со својот бивш соперник: договорено било да го поделат Царството и Фока да го добие [[Европа|европскиот]] дел од Империјата, а Склир азиските покраини. Меѓутоа, по краткотрајна соработка, Варда Фока, свесен за својата надмоќ, го отстранил Склир, го ставил под стража и станал единствен претендент на императорскиот престол. Целата Мала Азија брзо дошла во негова власт и на почетокот на [[988]]г., тој веќе бил на дофат на [[Константинопол]]. Еден дел од неговата војска зазел позиција кај [[Хрисополе]], а вториот кај [[Абидос]]. Против римската престолнина се подготвувал едновремено напад од копно и од море.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 363-364.</ref>
 
===Помош од кнезот Владимир===
Положбата на легитимниот император била извонредно тешка. Во својата држава тој никаде немал поцврста поткрепа. Сите влијателни елементи се свртеле против него. Само помош од надвор можела да го спаси од сигурна пропаст. Василиј II тоа навреме го сфатил и побарал помош од [[Киевска Русија|киевскиот]] кнез [[Владимир (Киевска Русија)|Владимир]]. Во [[пролет]]та [[988]] година стигнале во [[Римско царствоЦарство|Империјата]] 6,000 [[Киевски Руси|руски]] војници и оваа позната варего-руска “дружинаја“ ја спасила ситуацијата во последен миг. Под лично водство на императорот, Русите кај [[Хрисополе]] целосно ги прегазиле бунтовниците, а одлуката паднала кај [[Абидос]], во битката во која самиот Варда Фока загинал ([[април]] [[989]]г.). Бунтовничкото движење доживеал крах. Варда Склир, кој уште еднаш се обидел да стапи во акција, морал да се согласи на спогодба и да му се потчини на императорот. Рускиот одред и натаму останал во служба на римскиот император и во императорската војска одиграл значајна улога.<ref name="ReferenceB">Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 364.</ref>
 
===Противник на велепоседништвото===
Ред 70:
 
===Тематско уредување на Балканот===
Со покорувањето на [[Самоилово царство|Самоиловото царство]], [[Римско царствоЦарство|Римската империја]] одново завладеала со целиот [[Балкан|Балкански Полуостров]], првпат по [[Словени|словенското]] преселување. Станувајќи составен дел на Римската империја, територијата на бившото Самоилово царство, како и секоја римска територија, било поделено на [[Тема (управна единица)|теми]]. Нејзиниот централен дел ја образувал големата тематска единица кој била наречена тема [[Бугарија (тема)|Бугарија]]. Средиштето на оваа голема тема, која добила ранг на [[катепанат]], а потоа и ранг на дукат, било во [[Скопје]]. Во [[Бугарија|бугарските]] територии меѓу [[Стара Планина]] и [[Дунав]] била формирана темата [[Паристрион (тема)|Паристрион]] или Пардунавон со центар со [[Силистра|Силистрија]]. Се чини дека и пограничната област на Дунав и [[Сава]] биле претворени во тема со седиште во [[Сремска Митровица|Сирмиум]]. [[Јадранско Море|Јадранскиот]] брег со [[Задар]] на север и [[Дубровник]] на југ ја сочинувал, како и порано темата [[Далмација (тема)|Далмација]]. Напротив, [[Дукља]], [[Захумје]], [[Рашка]] и [[Босна (регион)|Босна]] не биле организирани како теми, туку како и [[Хрватска]], останале под власта на домашните кнезови и според тоа не претставувале провинции, туку вазалски држави на римската држава. Областа јужно од [[Скадар]], како и порано, и припаѓала на темата [[Драч (тема)|Драч]], која како главно упориште на Империјата на Јадранот, добила ранг на дукат, како што добила и [[Солун (тема)|Солунската тема]], главното римско упориште на [[Егејско Море|Егејското Море]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 374-377.</ref>
 
===Тематско уредување на Истокот и Италија===
На Истокот на ново освоените територии биле формирани темите [[Антиохија (тема)|Антиохија]], [[Телух (тема)|Телух]], Приеуфратски градови (подоцна [[Едеса (тема)|Едеса]]), [[Мелитина (тема)|Мелитина]], и покрај неа старата тема [[Месопотамија (тема)|Месопотамија]], темата [[Тарон (тема)|Тарон]] и понатаму на исток, пак неодамна освоените и присоединети области [[Васпуркан (тема)|Васпуркан]], [[Иберија (тема)|Иберија]] и [[Теодосиопол (тема)|Теодосиопол]]. Додека старите [[Мала Азија|малоазиски]] теми губеле значење, новите провинции како погранични области добиле голема важност и имале ранг на дукат, како Антиохија, подоцна и Месопотамија, или ранг на катепанат, како Едеса и ерменско-ибериските теми.<ref name="ReferenceC">Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 378.</ref>
 
Пред својата смрт неуморниот император ги свртел своите погледи кон Запад. Позицијата на [[Римско царствоЦарство|Римската империја]] во јужна [[Италија]], која во времето на [[Отон I (Свето римско царство)|Отон I]] се чинела загрозена од [[Свето римско царство|германските]] надоаѓања, се зацврстила по несреќното војување на [[Отон II (Свето римско царство)|Отон II]] со Арабјаните. Под [[Отон III (Свето римско царство)|Отон III]], синот на римската принцеза [[Теофано]], зајакнало римското/ромејското влијание во Германската империја. Заради поефикасна одбрана, целиот римски посед во Италија бил организиран како катепанат, и храбриот [[катепан]] Василиј Војоан отпочнал успешно војување со околните сили.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 378.<name="ReferenceC"/ref>
 
===Статус на охридската црква===
Ред 84:
===Кревање на моќта на Самоил===
{{Main|Самоилово царство}}
[[Цар Самоил|Самоил]] создал големо царство чие средиште најпрво било во [[Преспа]], а потоа во [[Охрид]]. Постепено ја обединил под своја власт цела [[Македонија]] освен [[Солун]], ги приклучил во својата држава старите [[Бугарија|бугарски]] територии меѓу [[Дунав]] и [[Стара Планина]], [[Тесалија]], [[Епир]], дел од [[Албанија]] со [[Драч]], а најпосле и [[Рашка|српските]] територии, како и [[Дукља]] и дел од [[Босна]] и [[Хрватска]]. Идеолошки, Самоиловото царство било поврзано со старото [[Прво бугарско царство|Бугарско царство]], такашто и самите негови творци и [[Ромеи|Римјаните/Ромеите]] го нарекувале бугарско. Бидејќи традициите на царството и на патријаршијата, освен во [[Римско царствоЦарство|Римската држава]], постоеле само уште во Бугарија. Самоил ги прифатил тие традициии го презел наследството на [[Симеон I|Симеоновото]] и царството на [[Петар I|Петар]], кое паднало под ударите на Римјаните. Всушност неговото царство значително се разликувало од царствата на Симеон и на Петар. И според составот и според карактерот тоа било ново царство. Неговото тежиште се поместило кон југозапад и Македонија го чинела неговото јадро.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 361.</ref>
 
Бидејќи нападите на Солун и на [[Сер]] останале безуспешни, Самоил повеќепати упаѓал во Тесалија и кон крајот на [[985]]г. или на почетокот на [[986]]г. по долга опсада ја освоил [[Лариса]]. Паѓањето на главниот град на Тесалија го побудило императорот Василиј II да преземе противофанзива. Првиот негов судир со Самоило не бил среќен. Низ т.н. [[Трајанова порта]] тој продрел во областа [[Сердика]], но не успеал да го освои градот. Дури поминал и полошо. Царската војска при враќањето била нападната и целосно била разбиена ([[август]], 986г.). По оваа победа Самоил можел непречено да ја шири својата власт на сите страни, зошто во Римската империја избувнала нова [[граѓанска војна]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 363.</ref>
 
Во [[пролет]]та [[991]]г. Василиј II го напуштил [[Константинопол]] и неколку години водел воени операции против Самоил.<ref name="ReferenceD">Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 369.</ref> Самоил го искористил заминувањето на императорот на Исток против [[Фатимидски калифат|Фатимидите]], упаднал во [[Грција (регион)|Грција]] и прорел се до [[Пелопонез]]. Меѓутоа, на враќање го изненадил римскиот војсководец Никифор Уран и му нанел тежок пораз. Самиот Самоил бил тешко ранет и одвај се спасил од смрт ([[997]]г.). И покрај овој пораз Самоиловото напредување продолжило. Се чини наскоро потоа успеал успеал да го заземе [[Драч]] и кон своето царство да ги присоедини [[Рашка]] и [[Дукља|Зета]]. Сојузот со Рим не му помогнал на [[Јован Владимир]]: неговата земја била припоена, а тој самиот бил однесен во заточеништво.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 370.</ref>
 
===Брачни врски со Киевска Русија и нејзина христијанизација===
Како награда за спасовната помош против Варда Фока, која му ја пружил, Василиј II на рускиот кнез [[Владимир (Киевска Русија)|Владимир]] му ја ветил својата сестра Ана, под услов тој и неговиот народ да се покрстат. Почеста која со тоа му се укажувала на [[Киевска Русија|рускиот]] кнез била единствена. Ниедна [[Римско царствоЦарство|римска]] принцеза "родена во пурпур" дотогаш не се омажила за странски владетел. Првпат на рускиот владетел му било понудено да стапи во роднински врски со легитимната императорска династија, а тоа до толкава мера било во спротивност со римските традиции што Римјаните, бидејќи опасноста поминала, се обиделе да се откажат од даденото ветување. За да ги натера на исполнување на ветувањето Владимир го нападнал римскиот дел на [[Крим]] и го зазел [[Херсон]] ([[989]]г.). Дури тогаш Ана била испратена во [[Киев]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 364.<name="ReferenceB"/ref>
 
[[Христијанизација]]та на киевската држава, кој означува и почеток на нова ера во Русија, била од големо значење и за Римската империја. Римската сфера ма влијание огромно се приширила, најголемата [[Словени|словенска]] држава се ставила под духовно водство на [[Вселенска патријаршија|Константинопол]]. Младата руска црква и била потчинета на Вселенската патријаршија и во почетокот со неа управувале [[Ромеи|ромејски]] митрополити, делегирани од римската држава. Културниот живот на Русија од тогаш со векови се развивал под силно римско влијание.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 365.</ref>
 
===Односи зо Зета===
Се чини дека за борбата против моќниот цар [[Цар Самоил|Самоил]], Василиј II барал подршка од владетелите на другите [[балкан]]ски земји и дека стапил во врска со кнезот на [[Дукља|Зета]] - [[Јован Владимир]]. Околу [[992]]г. му дошло претставништво, најверојатно од Зета. Пратениците патувале по море и патем паднале во рацете на [[Арапи|арабиски]] [[Пиратство|гусари]]. Кога најпосле стигнале во [[Римско царствоЦарство|Римската империја]], императорот го затекнале на боиштето. Уште во [[пролет]]та [[991]]г. Василиј II го напуштил [[Константинопол]] и неколку години водел воени операции против Самоил.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 369.<name="ReferenceD"/ref>
 
===Војната со Фатимидите===
Заплетите на Исток го присилиле да го прекине војувањето во [[Македонија]]. [[Арапи|Арабјаните]] од [[Фатимидски калифат|Фатимидскиот калифат]] во [[Египет]], во тоа време најсилниот противник на [[Римско царствоЦарство|Римската империја]] на Исток, продреле во [[Сирија]] и на императорскиот командант на [[Антиохија]] му нанеле тежок пораз на Оронт ([[994]]г.) Потоа бил опседнат [[Алепо]] и се чинело дека и самата Антиохија била загрозена. Рим од почетокот на својата историја била осудена истовремено да води борба на два фронта. Кога се обидувала да ја избегне оваа судбина тоа жестоко и се одмаздувало. За Василиј II [[балкан]]ското прашање имало исто толку исто првенствено значење како што во свое време за [[Никифор II Фока|Никифор Фока]] имало сириското. Но тој не ја повторил грешката што ја сторил неговиот голем очув, кој заради борба на Исток ги запоставил задачите на Балканскиот Полуостров. Во [[995]]г. Василиј лично се појавил пред ѕидините на Алепо, го избркал изненадениот непријател и ги зазел Рафанеја и Емеса. Во [[999]]г. кога командантот на Антиохија доживеал нов пораз, императорот дошол во Сирија уште еднаш да ја спаси ситуацијата. Потоа тргнал во [[Кавказ|кавкаските]] покраини за да ги среди приликите во [[Ерменија]] и [[Иберија (Кавказ)|Иберија]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 369-370.</ref>
 
===Освојување на Самоиловата држава===
Дури по враќањето на Василиј II од [[Азија]], во [[1001]]г. започнала големата [[Римско царствоЦарство|римска]] офанзива на [[Балкан]]от. Оваа офанзива императорот ја водел лично, според добро осмислен план. Најпрвин продрел во областа [[Сердика]] и ги зазел околните тврдини. Со тоа бил пресечен патот кон [[Бугарија|бугарските]] територии околу [[Дунав]] и римските команданти ги запоседнале старите бугарски престолнини [[Плиска]] и [[Велики Преслав|Голем Преслав]], како и [[Мал Преслав]]. Потоа Василиј II се свртел кон [[Македонија]]. [[Бер]] му се предал, [[Сервија]] била заземена на јуриш, а со тоа бил отворен патот за северна [[Грција (регион)|Грција]]. Василиј брзо воспоставил византиска власт во [[Тесалија]], потоа се вратил во Македонија и по жестока борба го освоил цврсто утврдениот [[Воден]]. Потоа неочекувано го нападнал [[Видин]] на Дунав и по тешка осуммесечна опсада успеал да ја заземе оваа значајна тврдина, не осврнувајќи се на тоа што [[Цар Самоил|Самоил]] во меѓувреме го освоил и го ограбил [[Едрене]]. Од Видин, Василиј повторно поитал на југ. На [[Вардар]], близу до [[Скопје]], тој извојвал голема победа над самоиловата војска, после што [[Скопје]] му ги отвори портите (1004г.).<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 370-371.</ref>
 
Со освојувањето на Скопје од една, и на Воден од друга страна, тој како во клешти ја зафатил централната власт на [[Самоилово царство|Самоиловото царство]]. По четиригодишно неуморно војување, кое му донесло низа големи победи, римскиот цар држел половина од непријателската територија. Дури тогаш решил да ги прекине операциите и преку [[Пловдив]] да се врати на зимување во [[Константинопол]]. Како што кажува Михаил Псел, „тој (Василиј II) ги водел војните поинаку одошто тоа го правеле повеќето императори кои оделе во поход во средината на пролетта, а се враќаат кон крајот на [[лето]]то: тој се враќал откако ќе ја постигне целта заради која тргнал во војна“.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 371.</ref>
 
Во [[1005]]г. [[Драч]] со издајство му бил предаден на римскиот император. Меѓутоа, уништувачкиот удар на Самоиловото царство, Василиј II му го нанел дури во [[јули]] [[1014]]г. во [[Битката на Беласица|битката на Беласица]]. Самоиловата војска била опколена по клисурите на [[Беласица]]. Самиот цар се спасил и успеал да дојде до [[Прилеп]], но голем дел од неговите војници изгинале, а уште поголемиот попаднал во заробеништво. Својата победа Василиј Бугароубиецот ја прославилна грозоморен начин. На заробениците, кои наводно биле 14,000 им биле ископани очите, само на секој стоти му било оставано по едно око, за да можат тие полуослепени да ги одведат своите ослепени другари кај царот во Прилеп. Кога Самоил ја видел стравотната поворка, доживеал мозочен удар, по два дена храбриот цар умрел на [[6 октомври]] 1014г.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 371-372.</ref>
 
Внатрешните неспогоди му ја олесниле работата на освојувачот. Самоиловиот син и наследник [[Гаврило Радомир]] паднал веќе во [[1015]]г. Него и неговата жена ги убил неговиот братучед [[Јован Владислав]], синот Аронов. Истата судбина го снашла и неговиот зет, зетскиот [[Јован Владимир]], кого Јован Владислав на измама го фатил и го убил. Војувањето било сведено на ликвидирање на одделни точки на отпор, бидејќи војводите на царот јуначки се уште му пркоселе на победителот. Најпосле, во [[февруари]] [[1018]]г., при опсадата на Драч, загинал и самиот Јован Владислав. Војната завршила со свеченото влегување на Василиј II во [[Охрид]]. На портата од Самоиловата престолнина тој примил изјава на покорност од царицата Марија, владиславата вдовица, и од другите преживеани членови на царската куќа. Неговата цела постигната: Царство на Самоил, со кое тој бил во непријателство и војувал повеќе од три децении, најпосле било срушено. Обиколувајќи ја покорената земја Василиј II насекаде ја обновувал римската власт и по градовите поставувал свои команданти. На крајот ја посетил и [[Атина]]. Во [[Партенон]], одамна претворен во [[црква]] на [[Богородица Марија|Богородица]], било одржано благодарствување, со што на впечатлив начин било одбележано победоносното завршување на војната која ја издигнала Римската империја до ненасетувана височина.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 372-373.</ref>
 
===Воено делување на Кавказот===
Во последните години на својот живот тој успеал значително да ја пришири [[Римско царствоЦарство|римската]] власт спрема [[Кавказ|кавкаското]] подрачје. По смртта на [[Ерменија|ерменскиот]] крал [[Гагик I]] ([[990]]-[[1020]]), за чие време државата на [[Династија на Багратидите|Багратидите]] го доживеала својот најголем полет, во Ерменија избувнале немири. Тоа му пружило можност на римскиот император да се замеша во ерменските прилики што тој и го сторил со успех. Васпурканската област и [[Иберија (Кавказ)|Иберија]] биле присоединети кон Римската империја, додека областа Анија му останала на кралот [[Јован Смбат]], син и наследник на Гагик I, како доживотна сопственост, со тоа што по неговата смрт да и припадне на Рим.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 377-378.</ref>
 
==Смрт==
Василиј II подготвувал голема експедиција против Арабјаните на [[Сицилија]]. Но на [[15 декември]] [[1025]] година тој умрел. Оставил империја која се протегала од [[Ерменија|ерменските]] планини до [[јадранско Море|Јадран]] и од [[Еуфрат]] до [[Дунав]]. На нејзиното подрачје се наоѓале многу [[Јужни Словени|јужнословенски]] земји, а и [[Киевска Русија]] била вклучена во сферата на нејзиното влијание.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 378-379.</ref> Смртта на Василиј II претставува пресвртница во [[Римско царствоЦарство|римската]] историја. Почнува времето на епигони кога Империјата, спрема надворешниот свет, живее од славата на претходната епоха, а во својот внатрешен развиток потпаѓа под силите на [[Феудализам|феудалната]] дезинтрегација.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 385.</ref>
 
== „Хроника“ на Јован Скилица ==
[[Јован Скилица]] бил [[Римско царствоЦарство|римски/ромејски]] автор кој во својата „Хроника“ од [[XI век]] го опишува навлегувањето на Василиј II во териториите кои ги владеел цар [[Цар Самоил|Самуил]]:
 
{{Цитат|...Царот Василиј Бугароубиец, кој сакал да му се одмазди на Самоил за стореното, ги собрал римските војски и решил сам да навлезе во [[Бугарија]]. Тој навлегол во Бугарија преку [[Родопи]]те и реката Хеброс ([[Марица]]). Го оставил во тил магистар Лав Мелисин и му заповедал да ги пази прооодите, а самиот тој, откако ги минал теснините и планините, крај Триадица, наречена порано Сердика ([[Софија]]), стигнал до едно село, наречено Стопонион ([[Ихтиман]]), тука направил логор и започнал да размислува како да ја раководи опсадата на Сердика...}}
Ред 136:
{{s-end}}
 
{{Шаблон:Византиски владетели}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Македонска династија]]
[[Категорија:Родени во 958 година]]