Малиот Радоица: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Содржина: дополнување
с Јазична исправка, replaced: Османлиска Империја → Османлиско Царство using AWB
Ред 6:
Навистина, утредента затворениците му соопштуваат на Беќир-ага за [[смрт]]та на Радоица и тој им наредува на слугите да го закопаат. Меѓутоа, неговата жена му вели дека Радоица само се преправа и затоа, таа им наредува на слугите да му запалат [[оган]] на [[гради]]те, но Радоица ја издржува болката и не се помрднува. Жената на Беќир-ага и понатаму не верува во смртта на Радоица и наредува да му стават отровна [[змија]], но тој повторно ја издржува болката. Третиот пат, таа наредува да му заковаат 20 шајки под [[нокти]]те, но Радоица и понатаму се преправа дека е мртов. Најпосле, жената на Беќир-ага наредува да повикаат девојки кои ќе играат [[оро]] околу него. Кога Радоица ја здогледува преубавата Хајкуна како игра над него, тој не издржува, па намигнува со левото [[око]] и се насмевнува, но тоа го забележува Хајкуна, која за да го заштити, го покрива со шамијата. Потоа, таа го замолува својот татко, Беќир-ага да не го мачи повеќе Радоица, туку да го закопа, но жената на Беќир-ага го убедува да го фрлат во [[море]]то.
 
Сепак, Радоица е добар пливач и успева да исплива на брегот, а потоа со забите ги вади шајките од ноктите. Вечерта, тој доаѓа до куќата на Беќир-ага, кој во тоа време вечера со жена си, кажувајќи ѝ дека девет години не можел мирно да спие од ајдукот Радоица. Исто така, агата вели дека утредента ќе ги обеси дваесетте заробеници. Тогаш, во собата влегува Радоица и со голи [[раце]] му ја откинува [[глава]]та на Беќир-ага, а на неговата жена ѝ ги забива шајките под ноктите. Потоа, Радоица ја повикува Хајкуна, која му ги дава клучевите од затворот и тој ги ослободува [[ајдуци]]те на кои им го дели богатството од Беќир-ага, а тој со Хајкуна бега во [[Србија]]. Таму, најпрвин ја покрстува Хајкуна, која го менува името во Анѓелија, а потоа двајцата се венчаваат.<ref>''Junačke narodne pesme'', Rad, Beograd, 1959, стр. 111-115.</ref> <ref>''Хајдуци''. Београд: Народна књига, 1965, стр. 62-68.</ref>
 
==Осврт кон песната==
Содржината на песната е потполно неисториска - покрај тоа што се споменуваат ликови кои се непознати во [[историја]]та, во неа се споменува [[Задар]] како османлиски [[град]], иако тој никогаш не бил освоен од [[ОсманлискаОсманлиско ИмперијаЦарство|Османлиите]]. Сепак, од уметничка гледна точка, песната е убава и интересна и содржи [[хумор]]истични елементи.<ref>''Хајдуци''. Београд: Народна књига, 1965, стр. 149-150.</ref>
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
[[Категорија: Српски ајдучки песни]]