Кралски список од Торино: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
clean up, replaced: Листа на → Список на using AWB
Ред 1:
'''Кралскиот список од Торино''', исто така познат како '''Кралскиот канон''' '''од''' '''Торино''', е [[Древен Египет|древен египетски]] [[папирус]] кој се смета дека е од времето на владеењето на фараонот [[Рамзес II]], сега во Музејот Егицио (Египетскиот музеј) <ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.museoegizio.it/|title=Museo Egizio homepage|accessdate=20 December 2010}}</ref> во [[Торино]]. Папирусот е најширокиот список на кралеви составен од античките Египќани што денес го имаме, и е основа за одредување на [[Хронологија|хронологијатахронологија]]та пред владеењето на Рамзес II.
[[Податотека:TurinPapyrus1904.png|центар|мини|800x800пкс| 1904 верзија на обид да се состават делови од кралскиот список од Торино ]]
 
== Создавање и употреба ==
Се верува дека папирусот е од времето на владеењето на [[Рамзес II]], за време на средината на [[Ново Кралство|Новото Кралство]] или [[Деветнаесетта египетска династија|Деветнаесеттата династија]]. Почетокот и крајот на списокот сега се изгубени, не постои вовед, и списокот не продолжува по Деветнаесеттата династија. Така, списокот може да бил создаден во било кое време, од владеењето на Рамзес II до крајот на [[Дваесетта египетска династија|Дваесеттата династија]].
 
Папирус ги наведува имињата на владетелите, должината на владеењето во години, месеци и денови за некои кралеви. Во некои случаи тие се групирани заедно по семејството, што одговара приближно на династиите од книгата Мането. Списокот ги вклучува имињата на ефемерните владетели или оние кои владееле со мали територии кои можат да бидат неспоменати во други извори.
 
Се верува дека списокот содржи и кралеви од [[Петнаесетта египетска династија|Петнаесеттата династија]], [[Хикси|Хиксите]]те кои владееле со [[Долен Египет|Долниот Египет]] и делтата на [[Нил|реката Нил]]. Владетелите од племето Хикси немаат [[Картуш|картушикартуш]]и, а се додавал [[Египетски хиероглифи|хиероглифски]] знак за да се покаже дека се странци, иако обично не се наведени во другите кралски списоци.
 
Папирусот првично бил даночен список, но на задната страна бил напишан список на владетелите на [[Египет]] - вклучувајќи ги митските кралеви, како што се боговите, полу-боговите и духовите, како и луѓето кралеви. Бидејќи се користел задниот дел од еден постар папирус, може да укаже дека списокот не бил од голема формална важност за оној што го пишувал, иако како примарна функција на списокот се смета дека е административна помош. Како таков, папирусот е помалку веројатен да биде пристрасен против одредени владетели, и се верува дека ги вклучува сите кралеви на Египет познати на оние што ги запишале, до Деветнаесеттата или Дваесеттата династија.
 
== Откривање и реконструкција ==
Папирус бил пронајден од страна на италијанскиот патник Бернардино Дровети во 1820 година во [[Луксор]], Египет, а во 1824 година бил откупен од египетскиот музеј во Торино, Италија, и бил означен како папирус број 1874. Кога кутијата во која бил транспортиран во Италија била распакувана, списокот се распаднал на мали фрагменти. [[Жан Франсоа Шамполион]], кој го испитувал, можел да препознае само некои од поголемите фрагменти кои содржат кралски имиња, и создал цртеж на она што тој можел да го дешифрира. Реконструкцијата на списокот била направена за подобро да се разбере и да помогне во истражувањето.
 
Саксонскиот истражувач Густав Сејфарт (1796-1885) ги преиспитал фрагментите, некои само еден квадратен сантиметар, и направил поцелосна реконструкција на папирусот базирана само на папирусните влакна, бидејќи тој сè уште не можел да го одреди значењето на хиератичките карактери. Следната работа на фрагментите била направена од минхенскиот египтолог Јенс Петер Лаут, кој во голема мера ја потврдил реконструкцијата на Сејфарт.
 
Во 1997 година, истакнатиот египтолог Ким Рихолт објавил ново и подобро толкување на списокот во својата книга „Политичката ситуација во Египет за време на Вториот преоден период од 1800-1550 п.н.е.“ После повторно проучување на папирусот, се очекува дополнување на верзијата од Рихолт. Египтологот Доналд Редфорд, исто така, го проучувал папирусот и забележал дека иако многу од имињата на списокот одговараат на имиња од споменици и други документи, постојат некои несогласувања и не одговараат сите имиња, со што ја ставил под знак прашалник веродостојноста на документот за хронологијата пред Рамзес II.
 
И покрај обидите за реконструкција, околу 50% од папирусот останува изгубен. Овој папирус како што е во моментов конституиран е долг 1,7 метри и широк 0,41 метри, искршен на повеќе од 160 фрагменти. Во 2009 година, претходно необјавени фрагменти биле откриени во просторијата за складирање на Египетскиот музеј во Торино, во добра состојба.<ref>[http://www.lastampa.it/_web/cmstp/tmplrubriche/arte/grubrica.asp?ID_blog=62&ID_articolo=1164&ID_sezione=117&sezione=News] wayback machine: [https://web.archive.org/web/20120223080309/http://www.lastampa.it/_web/cmstp/tmplrubriche/arte/grubrica.asp?ID_blog=62&ID_articolo=1164&ID_sezione=117&sezione=News] (in Italian)</ref> Се очекува ново издание на папирусот.
 
Зборот [[хуџефа]], пронајден двапати на папирусот, денес е познато дека бил користен од страна на кралските книжници од [[Рамзес II|ерата на Рамзес II]], односно времето на Деветнаесеттата династија на [[Древен Египет|древниот Египет,]] кога книжниците составувале кралски списоци како што се [[Табла од Сакара|кралскиот список од Сакара]] и кралскиот канон од Торино, а името на починатиот [[фараон]] било нечитливо, оштетено или целосно избришано.
 
== Поврзано ==
 
*
* [[Список на фараони|Листа на фараони]]
* [[Камен од Палермо|Каменот од Палермо]]
 
== Наводи ==
Ред 47:
 
* [https://web.archive.org/web/20111130062107/http://www.ancient-egypt.org//index.html Опис и превод] на кралскиот список.
* [http://pharaoh.se/turin-papyrus-king-list Хиероглифи со превод,] вклучувајќи го новото поставување на Рајхол на фрагментите.
 
[[Категорија:Папируси]]
[[Категорија:Староегипетска книжевност]]