Македонија на Македонците: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф)
с Јазична исправка, replaced: Отоманската империја → Отоманското Царство using AWB
Ред 1:
[[Податотека:Македонија на Македонците.jpg|мини|200п|десно|Македонија за Македонците'']]
'''Македонија на Македонците''' е идеал на македонските патриоти и револуционери во борбата против [[ОтоманскатаОтоманското империјаЦарство]] за слобода, човекови права и создавање на самостојна македонска држава<ref><small>''Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003''</small></ref>. Со текот на времето овие зборови станале неразделен дел од македонското националноослободително движење и неразделен дел од неговиот идеал и стремеж. Мотото има неколку варијанти: ''Македонија за Македонија'', ''Македонија на Македонците'' и ''Македонија за Македонците''. Особено овие зборови ќе имаат одглас во меѓународната јавност по говорот на англискиот политичар и тогашен премиер [[Вилијам Гладстон]] во однос на [[Македонското прашање]] и неговото решавање <ref name="DZBMN"><small>''Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981''</small></ref>.
 
== Појава ==
Ред 7:
Ова мото првпат се сретнува во протоколното решение на [[Привремена влада на Македонија - Единство|Привремената влада на Македонија - Единство]] од [[21 мај]] [[1880]] година в кое меѓу другото се истакнува:
 
{{Цитатник|''... Оваа решение да им биде врачено на конзулските преставници на големите сили - потписнички на Берлинскиот договор со молба големите сели да се застапат пред Високата порта за применување на членот 23 од Берлинскиот договор. Во случај Високата порта да не стори ништо, Привремената влада на Македонија ќе го повика македонскиот народ на оружје со паролата: Македонија на Македонците, за воспоставување на древната Македонија'' <ref name="OR"><small>''Треба да се истакне дека решението се наоѓа во Arhiva Ministerul Afaceriol Straine Bucuresti Fondul Konstantinopol. Consulat Salonic. 31. VII/12. VIII, 1880, p. 28 - 33, во Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981, мотото се сретнува како Македонија за Македонија додека пак во Практикумот по историја на државите... на д-р [[Владимир Картов]] стои Македонија за Македонците... види Практикум по историја на државите и правата на народите во Југославија, Скопје, 1894''</small> </ref><ref><small>''Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980''</small></ref>}}
 
Со развојот на македонското национално движење се појавуваат нови македонски асоцијации, а меѓу нив е [[Силогос Македонија на Македонците|Силогосот Македонија на Македонците]], во својот проглас од [[15 април]] [[1891]] година се истакнува:
 
{{Цитатник|... ''Зар вие уште ќе им помогнете за да ме закопаат в гроб, а со мене и славното име македонско? Ако тоа го нејќете, ако напротив сакате да ги залечите моите рани, а вие како вистински Македонци решете: на знамето што денес го вијат да се напише: Македонија на Македонците, па тогаш истерајте ги од својата предедовска земја сите интриганти што денес распируваат меѓу вас расцеп на народносните страсти што вас, моите деца и еднокрвни браќа, ве кинат на разни туѓи народности. Признавајќи го ова мое знаме како единствено ваше знаме, викнете: Да живее неразделниот македонски народ'' <ref><small>''Љ. Лапе, Одбрани текстови... том два.''</small></ref>}}
 
== Македонско прашање ==
Ред 23:
Во 90-тите години на [[19 век]] во [[Македонија]] со појавува [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]] со што се дал нов импулс на македонското националноослободително движење. Оваа организација целосно го прифатила мотото ''Македонија на Македонците''.
 
Во [[1905]] година [[Дамјан Груев]] во [[Софија]] имал средба со Лермонтов. Притоа Д. Груев истакнал дека организацијата дејствува самостојно издигајќија девизата'' Македонија на Македонците'' <ref name="dbm"><small>''Документи за борбата на македонскиот народ. . . т. 1, 325''</small></ref>, и дека организацијата не сака за ништо судбината на [[Македонија]] да ја потчини на интересите на кнежеството. Главна цел на организацијата е автономија на [[Македонија]] а не нејзино присоединување кон [[Бугарија]] <ref><small>''Симон Дракул, Македонија меѓу автономијата и дележот, четврти том, 57.''</small></ref>.
 
Во текот на [[Илинденското востание]] во странскиот печат биле објавени, меѓу другото и интервјуа со истакнати македонски дејци, преку кој светот добил јасна слика за целите на македонската борба. Таква статија е и онаа на ''Daily News'' објавена на [[12 август]] [[1903]] година во која се истакнува:
 
{{Цитатник|''И, што е тоа неповолно за македонската кауза, мислам на онаа што лошо се сфаќа и што прилично нашироко преовладува во западна Европа? Македонија за Македонците, не Велика Бугарија, е нашиот идеал - рече попот-борец Тома Николов, чиешто раскажување јас го преставив во едно писмо од Блискиот Исток пред неколку недели. Така, гледате дека ние веѓе направивме извесен почеток со привремена влада на Македонија. Нашиот идеал е Македонија за Македонците и за него ние ќе се бориме. Јас се надевам дека Вие ќе и го кажете ова на Вашата англиска јавност. Востанието е македонско, вистинските ефикасни боречки чети се македонски. Четите не доаѓаат од Бугарија. Тие доаѓаат од македонскиот народ. Тие ќе продолжат да доаѓаат сè дотогаш додека македонскиот народ ќе го поднесува лошото владеење на Турците'' <ref name="JM"><small>''J.M., Macedonian Rising - Daily News (London) 12 август, 1903, p12''</small></ref>}}
 
Во [[август]] [[1903]] година со дозвола на [[Задгранично претставништво|Задграничното претставништво]] на територијата на [[Серски револуционерен округ|Серскиот револуционерен округ]] почнале да навлегуваат врховистички чети. Бројот на овие чети изнесувал околу 500 - 600 души на чело со [[Иван Цончев]], [[Атанас Јанков]] како и врховистичките војводи [[Јурдан Стојанов]] и [[Љубомир Стоенчев]].
 
Овие чети требало да и помогнат на [[ТМОРО]] во текот на [[Илинденското востание]] и Цончев за да навлезе во [[Македонија]] ги прифатил условите на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]] но тој неможел да се ослободи од своите разбирања:
 
{{Цитатник|''Целта е оваа: Македонија со своите партизански дејствија да ја исцрпи Турција, а потоа слободна Бугарија да удри со својата свежа, добро организирна армија'' <ref name="PM"><small>''Пандевски Манол, Македонското ослободително дело во XIX и XX век, т. 1, Скопје, 1987''</small></ref>}}
 
Затоа во [[Сер]]ско, [[Јане Сандански]] при средбата со врховистите истакнал:
 
{{Цитатник|''... Ние сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна, Македонија на Македонците... вие ја сакате слободата на Македонија... како средство, како етапа за идно завојување и присоединување, а кај нас слободата, автономијата на Македонија е легална во основа како цел. Ете каде е големата разлика меѓу Нас - внатрешните и Вас - врховистите'' <ref name="GIB"><small>''Г. Ив. Белевъ, На гости у Сандански, Из живота на четить, Ил. Илинденъ, V/6 (46), София, 1933, 5-6.''</small></ref> }}
 
Францускиот публицист, книжевник и новинар Гастон Рутие, есента 1903 година, веднаш по Илинденското востание ја посетил Македонија.
Своите впечатоци од Македонија ги објавил во 1904 година во книгата:“La qusetion masédoine – on doit au peuple vérité“. Освен Македонија, Гастон Рутие ја посетил и Бугарија, каде собирал информации за македонското прашање. Меѓу другите, таму се сретнал со Иван Шишманов - бугарски министер за образование. Притоа во разговорот со него во врска со македонското прашање И. Шишманов истакнал:
 
{{Цитатник| ''По десет години, ако Македонија стане автономна, таму нема да постојата ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци, ќе постојат само Македонци. Тие ќе имаат многу заеднички политички интереси, особено економски, што треба да ги созадаат со својта неуморна работа, ако сакаат да бидаат независни од државите што се понапредни од нив... Значи, Македонија ќе биде независна и Македонците ќе останат Македонци. Ако Европа го мисли спротивното, таа греши; ако Бугарите сметаат на бугаризација на Македонија, тоа се илузии'' <ref><small>''Ванчо ЃОРЃИЕВ НЕОФИЦИЈАЛНИ СТАВОВИ ОД ОФИЦИЈАЛНИ БУГАРСКИ ЛИЧНОСТИ И ИНСТИТУЦИИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ ОД КРАЈОТ НА 19 И ПОЧЕТОКОТ НА 20 ВЕК''</small></ref>}}
 
На крај Гастон Рутие заклучува: ''„докторот Шишманов ја зборуваше вистината“'' и дека ''„Македонија на Македонците е најдобра варијанта за да се избегне поделбта на оваа област, толку посакувана, а да не се предизвика сомневање кај големите слили“''