Македонски Власи: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: југо-западна → југозападна using AWB
Ред 15:
|related-c= [[Власи]]
}}
'''Македонски Власи''' — уставно признаено малцинство во [[Република Македонија]]. Нивната бројност е 9.695 лица, односно 0,48% од вкупното население на [[Македонија]].
 
== Потекло ==
 
[[Власи]]те се народ од романско потекло кои говорат на посебен јазик. Во [[Македонија]] и на [[Балканот]] се познати под повеќе имиња, како ''Аромани'', ''Цинцари'', ''Куцовласи'', на [[романски јазик]] сите Власи од јужниот дел на [[Балканскиот Полуостров]] се нарекуваат: ''Machedoni'' (Македони) <ref>Mircea și Luiza Seche, ''Dicționar de sinonime'', Editura Litera Internațional, 2002, definiția [http://dexonline.ro/search.php?cuv=arom%C3%A2n „aromân”]</ref> и др.
 
За нивното потекло постојат повеќе теории кои укажуваат дека тие се потомци на староседелското население на [[Балканскиот Полуостров]] кое се повлекло во планинските предели при доселувањето на [[Словени]]те и другите народи.
 
Од повеќето теории најпознати се оние според кои се смета дека Власите се потомци на [[Римјани]]те, [[Византија|Византијци]]те (Ромеите) поради нивниот јазик, а според некои се смета дека биле потомци на [[Антички Македонци|Античките Македонци]].
Ред 28:
Присутноста на Власите на територијата на [[Македонија]] се забележува уште во Средновековието, а познат е фактот дека братот на [[цар Самуил]], Арон бил убиен од Власи - скитници во околината на [[Лерин]]. Нивната присутност била повремена само како сточари и трговци и не биле трајно население.
 
Првите трајни населувања на Власи во [[Македонија]] се случуваат на почетокот на [[19 век]], односно околу [[1830]]-[[1832]] година кога нивниот најразвиен и најголем град [[Москополе]] во јужна [[Албанија]] бил разурнат од албанските качачки банди поддржани од [[Али Паша Јанински]].
 
Со честите продори и грабежи на албанските качачки банди на влашките градови и села во јужна [[Албанија]], на планината [[Грамос]], во [[Епир]] и [[Тесалија]] голем број на Власи се населуваат во [[Македонија]], претежно во западните делови во [[Крушево]] (кое до 1830 било мало село во Прилепската каза населено исклучиво со [[Македонци]]), [[Битола]] и околните планински села, западниот и јужниот дел на [[Егејска Македонија]].
 
Постојаниот терор на Власите од нивните предели во јужна Албанија и особено во Тесалија принудува голем број на Власи - сточари да се населат во планинските предели во долината на реката [[Брегалница]] во [[Штип|Штипско]]ско, [[Кочани|Кочанско]] и [[Овче Поле]].
 
Овие Власи кои живеат во источна [[Македонија]] се познати и под името ''[[Каракачани]]''. Номадските Власи од источна Македонија се познати и под името ''Црни Власи'', за разлика од Власите во западна Македонија кои се познати под името ''чаршиски'' или ''Бели Власи''<ref>Трифуноски, Јован. „Кочанска котлина“. Скопје, 1970. стр.152</ref>.
Ред 38:
== Области и населени места ==
[[Податотека:Застапеност на Власите во Македонија - 2002.svg|мини|десно|300п|Процентуална застапеност на Власите во Македонија според пописот од 2002 г.]]
Власите во [[Македонија]] се претежно населени во градовите, а во минатото живееле и во повеќе планински села во југо-западнајугозападна и источна Македонија, кои денес во најголем дел се раселени. Најголем број на Власи денес живее во градовите [[Крушево]], [[Штип]], [[Битола]] и [[Скопје]]. Во помал број ги има и во [[Кочани]] и [[Велес]]. По области Власите се застапени по сливот на реката [[Брегалница]]: [[Овче Поле]], [[Штипско]], [[Кочанско]] со планините [[Осогово]] и [[Плачковица]], како и градот [[Крушево]] и неколку села во [[Битолско]] на планинските предели северо-источно од [[Битола]].
 
Статистички Власите во Македонија се најзастапени во општините: [[Општина Крушево|Крушево]] со 10,53%, [[Општина Штип|Штип]] со 4,6%, [[Општина Битола|Битола]] со 1,33% и градот [[Скопје]] со 0,50%.
Ред 44:
== Култура и општествен живот ==
 
Македонските Власи имаат високо развиена култура и културен идентитет. Познати се влашките носии и килими (особено до с. [[Делисинци]], [[Овче Поле|Овчеполско]]) кои се дел од богата македонска етнолошка ризница.
 
Начинот на живот како сточари и богати трговци, оставил препознатливи културни белези во идентитетот на Власите. Власите-Каракачани од источна Македонија, кои биле сточари, се препознатливи по тоа што нивните жени носат тетовирани крстови на нивните чела и кај рачните зглобови.
 
Надалеку се познати богатите цркви во битолските влашки села [[Маловиште]] и [[Старо Змирново]], како и во градот [[Крушево]].
 
Во [[Македонија]] Власите имаат 2 свои политички партии и еден пратеник во Собранието на РМ. Во [[Општина Крушево]] влашкиот јазик е официјален покрај македонскиот, иако Власите се помалку од 20% од населението.
 
На вториот канал на националната телевизија се емитува програма на влашки јазик, а постои и Унија за култура и издаваштво на Власите.